Оваа математичка финта ја најавуваат како нешто што ќе ви го стопи мозокот. Го имаат збирот на сите цели броеви. Сите, до бесконечност! А збирот е ем дропка ем во минус. И после филозофијата не чинела.
Гледате сцена од еден жесток судир на демонстрантите од Муслиманското братство против безбедносните сили во Египет. А сега да видите како е тоа снимено.
Случајно одбрани луѓе одат кај човек што чита мисли. Биваат комплетно шокирани од тоа какви сè детали тој може да извлече за нив и нивните животи. Кој каде и каква тетоважа има, кој колку пари потрошил на облека, каков е сескуалниот живот, кој мускул ги боли.... А вие уште повеќе ќе бидете шокирани откако ќе откриете во што е магијата.
Во Конго постои и одлично функционира супкултурата на Сапери (Society of Elegant Persons of the Congo), составена од обични луѓе, работници, мажи и жени, кои уживаат да бидат елегантни. Гинис (пивото) знае како да го искористи тоа.
Почнува со "Добродојдовте фанови на Робот рагби лигата," и го продолжува коментарот во ист стил како што Рик Соломон од Третиот камен од сонцето се чудеше на животот на Земјата.
На 69 годишна возраст, почина Роџер Лојд Пак, човекот кој играше еден од најјаките ликови во Only Fools and Horses, простодушниот, не баш најбистар но неодоливо симпатичен ѓубреџија Тригер.
Прашањето е како звучат вкусовите. Одговорот е спектакуларен. За да се направи видеото биле употребени неколку тони бибер, црвен пипер, кардамон, куркума, ѓумбир, кумин и слични додатоци. Инаку видеото е реклама за еден бренд за зачини и тревки.
Млад гангстер убива тотално недолжно момче. На првото судење се курчи, пцуе, им се смее во фаца на семејството на починатиот. На второто судење добива доживотна казна, БЕЗ можност за помилување. Еве ја неговата реакција.
Земајте хартија од тоа службените принтери и фаќајте се за работа: ја имаме шемата за правење на авиончето кое пред две години го сруши Гинисовиот рекорд.
Банзаи Пајплајн (Хаваи) е местото на кое сите светски сурфери сакаат барем еднаш да отидат на аџилак. Кој овде јавнал и преживеал бран, во локалниот сурферски круг автоматски здобива со статус на полу-бог. Снимено со ГоПро на дрон.
Се вика Макс Мартин, и веројатно немате чуено за него, ама тоа е затоа што човекот не се појавува никаде и не дава интервјуа (во 2009-та има дадено интервју во кое кажува дека тоа му е второ интервју во живот). Затоа, сигурно имате чуено тоа што го пишувал. П.С. не е овој на тамбот.
Кај нас би можеле да се издвојат посебни клипови од фразите: "положија свежо цвеќе" (оти без акцент на свежината не е комплет), "остварија средба" (пошто "се сретнаа" е многу обично), "никна нова зграда" (увек, увек им никнува), како и дописничките досетки од типот "градот под Марковите кули" и "Дојран забрзано се подготвува за престојната туристичка сезона".
Зачудувачки огромен број специјални ефекти користени во филмот Волкот од Вол Стрит. Како оди работава, еден ден ќе ни кажат дека и Тор не лета вистински со тоа чеканот.
Сите моменти што може да ве интересираат од годинешните Златни Глобуси собрани во видео од минута и пол. Видеото нема да биде многу информативно на тема што се случи вчера на Златните глобуси.
Данска компанија си даде фора да собере од луѓе 160.000 долари за да го спакува својот проект за безжичен HDMI (за поврзување на компјутерот со ТВ, проектор или друг дисплеј). Во моментов имаат уште цела една недела на Indiegogo а веќе имаат собрано речиси 700.000 долари.
Поента - имигрантите не ни го знаат јазикот, мрзливи се, крадат и ни ги зафаќаат нашите работни места. Контра поента - ако некој што не го зборува јазикот и е мрзлив може да ти го земе работното место, тогаш сериозно запрашај се колку вредиш. (Видеото има најмногу ефект за луѓето што го читаат офф.нет.мк надвор од МКД.)
Пол Потс е дечкото што многу, многу, многу, многу одамна (во 2007-ма) ве извади од памет со својот настап на Британскиот Талент. Сега снимен е филм за неговиот живот. Ова е трејлерот.
Приказната е дека девојкава имала оргазам кој траел неколку часа и заради тоа морала да оди на доктор. Видеото треба да го гледате заради дечко ѝ (кој најверојатно го предизвикал оргазмот) кој седи до неа додека оваа раскажува и се обидува да не биде горд на тоа што го направил. Плус, за да ја видите репризата на целиот настан.
Тука се, ќе го најдете речиси секој што го среќавате на фитнес. Единствена забелешка што ги немаат: типот "ќе вежбам во дрес од полиестер," типот "во старата теретана кревав повеќе" и типот "дезодоранс?"