Видео

Зад барикадите во Киев

Вил Инглунд од Вашингтон пост веќе некое време известува од Киев. Ова е неговата денешна репортажа од случувањата во градот. Сцената од крајот на видеото посебно ќе ве извади од памет.

Халид Бешлиќ за Бруинен

Прво, Бруинен е река од книгата / филмовите Господар на прстените. Второ, Халид остана кај Миљацка, оваа ја пејат Лос Кретенос.

Па каже:

"Ја свих ових дана,
преко Рохана,
Орке и Варге прогоним..."

Сите тие визуелни ефекти

За 2013-та, Brainstorm Digital има работено на The Wolf of Wall Street, Boardwalk Empire, The Immigrant, Discovery Channel's Gold Fever, The Dilema, History Channel's The Men Who Built America, Frost/Nixon, и Going the Distance. Инаку работат на создавање визуелни ефекти.

Зошто белец не може да биде криминалец во Америка

Сред бел ден, на прометна улица бел дечко на очиглед на сите околу половина час се обидува да украде кола. Никој, ама ниту една жива душа што мина покрај него, не му обрати внимание. По ова на ред доаѓа црнецот. Тој има околу 2 минути.

За ова е направен интернетот

Видеото да се гледа во состојба на комплетен зен. Откако нема да ви се верува што сте виделе, изгледајте го пак, пак е одлично.

Бона Чао

Мирсолав Тадиќ го знаете како космички близнак на Влатко Стефановски. Мерима Кључо е една врвна музичарка, магистер по хармоника која живее во Лос Ангелес. Ова е нивната Бона Чао, во знак на поддршка на граѓаните на Босна и Херецеговина.

Лекции по безобѕирност од Френк Андервуд

Совети од најдобриот измислен политичар на Вашингтон, собрани од делови од првата и втората сезона (речиси без спојлери од втората... речиси).

Жените на карлингот

До сега меракот беше еден од главните фактори кога објавувавме некои од Олимпијките (по основа на успех објавуваат во Офсајд). Овој пат, главен фактор е - чист и длабок страв.

Металот од Вол Стрит

Ова што ќе го чуете се вика Meshuggah - шведски есктремен метал бенд. Видеото, со сосема друго аудио, во оригинал го имате видено во далеку попитома верзија.

Паметниот дечко од глупавиот Старбакс

Дечкото кој во Лос Ангелес отвори пародија на Старбакс, искорувајќи го законот кој вели дека за пародија не можат да те тужат, е еден од најинтересните ликови наоколу. Има шоу на Comedy Central во кое им помага на мали бизниси да направат пари..... со ектремни мерки. На пример:

Разликата меѓу природно и органско

"Документарец" за професијата - извитоперување на вистината. Конкретна тема - што се може да се обележи како природно (а да нема врска со природно).

Обични во Фотошоп

Земаат просечни жени од улица, ги носат во студио малку им средуваат шминка и фризури, и ги ставаат пред фотоапарат. Завршува фотографирањето и одат на Фотошоп.

Скратена верзија на отворањето на Сочи 2014.

Ако не го гледавте директниот пренос од церемонијата, еве ви многу пократка, поискрена и алтернативна верзија од настанот.

Еден час лезет

Чарли Роуз (човекот што е библија за секој што сака да прави интервјуа) карши себе го седнува Бил Мареј (човекот што е Бил Мареј). И сето ова трае задоволувачки долго.

Се мењаме?

Насловот на ова кратко филмче е "Опресираното мнозинство". Уште еден обичен ден во животот на еден маж, изложен на сексизам и сексуално насилство, во општество во кое доминираат жените....

Срцки на денот

Две 94 годишни и бескрајно шармантни пријателки одговараат на прашања од модерново доба. "Селфи е кога се сликаш сама и сликата ја ставаш на Фејсбук," ѝ објаснува едната. "Зошто би се сликала сама?," прашува другата. Игзектли дарлинг! Нормално, на Џастин БиВер не пројдоа најдобро.

Спрингстин во Перт

На почетокот на месецов, Брус Спрингстин свиреше во Перт, Австралија. Две работи треба да знаете за ова: a) Перт е родниот град на Бон Скот, починатиот пеач на AC/DC; б) Спрингстин го викаат Бос.

Zombeavers

Да се разбереме, не сте гледале филм додека не го изгледате ова (дури и Шаркнадо да го гледавте). Ова нешто стварно се снима.

Този лајк не е лајк

Еден дечко најрегуларно решава да го зголеми бројот на фанови на својата Фејсбук страна преку рекламите на Фејсбук. Дава Х пари, добива ХХ лајкови. Се е добро, ама проблем му е што најголемиот дел од овие нови фанови ништо не праат кај него на страна. Сфаќа дека Фејсбук има сериозен проблем со криминал на својата мрежа. Одлично објаснување за тоа како некој може да има стотици илјади фанови, а само неколку шерови.

Ферари до совршенство

Видеово трае 55 секунди, вие треба да обратите внимание на 2 до 3 секунди. Ферари, механичари, Формула 1 - најперфектно завршената работа што некогаш сте ја виделе.

14 минути за 4-та сезона на Игра на Тронови

Официјално видео, официјално објавено од ХБО, за потсетување на третата сезона и вовед и дел од она што ќе се случува во 4-та. Што имаат да кажат продуцентите, како се чувствуваат актерите и кои се некои од новите ликови што ќе ги видиме. За секој случај да кажеме, ако не сте ги гледале првите три сезони, немој да го гледате видеово, затоа што сè ќе ви расипе. 6-ти април е денот.

Битлси за странци

Пред 50 години Битлси го освоија светот. Во таа чест, четири нивни песни испеани на руски, француски, кинески и хинду. Кликајте, будјет так.

Олимпијката која не паѓаше така лесно

Уметничкото лизгање ни е на опашката на нашите олимписки интереси ама во тој спорт имаше една црнкиња со јаки нозе која што ја заслужува сета почит заради одважноста на авторитетите да им плесне шамар.

Зошто ме мразите, што сум ви згрешил?

Ново пакетче од шармантниот серијал на Џими Кимел, познати фаци читаат хејтерски твитови за нив. Бил Мареј се има ептен средено за снимање.