Видео

Кругот е малечок, а омразата е во сите

Прво ќе научите многу британски зборови за омраза по најразлични основи, второ ќе научите зошто не треба да мразите.

За важноста да се игра со оган

Преку интернетот и безбројните мобилни апликации, допирот на младите со светот станува сè повеќе посредуван. Во Велс се досетиле како да ги спојат со реалноста и притоа да обноват едно загрозено однесување: играње со ризик. Бидејќи ризикот (вистинскиот, не оној кој се средува со: play new game) ги остри нивните способности. Звучи помпезно а ич не е. Како во нормално предградие на Скопје.

Кој сака во украинска војска?

По руски сајтови со огромно доза задоволство и сеир се врти оваа стара реклама во која се повикува на вклучување во украинската војска бидејќи е тоа шик и жени ќе те обожаваат. 

Oва е животот, и ништо не му можеш

Луи СиКеј на радио кај Стивен Мерчант, објаснува дека сите оние што се во публика на шоуто "Inside the actors studio" и им поставуват прашања на славните никогаш нема да станат актери, без разлика што и да направат: "Нема шанси дека ќе му поставиш прашање на Шон Пен и потоа ќе станеш ѕвезда." Видеово е дефиниција за животиште.

Танчерот

Видеово ќе го изгледате по две основи: да видите какви движења има Кристофер Вокен, и за да ја ислушате песната без никој да ве руга.

Инспирација на сезоната

Не е нов клипот, само време е да отворите сезона со вежбање. Видеово е крајно напукано и крајно инспиративно, би требало да помогне и за највисоките форми на мрза што ги влечете од зимава.

Рецепт по Вес Андерсон

За тие што го гледале Grand Budspest Hotel ова е омилениот рецепт на Густав. За останатите ова е рецепт за Courtesan au Chocolat во режија на Вес Андерсон.

Рецепт по Вес Андерсон

За тие што го гледале Grand Budapest Hotel ова е омилениот рецепт на Густав. За останатите ова е рецепт за Courtesan au Chocolat во режија на Вес Андерсон.

Реклами за мастики од јапонските

Реклами за мастики се најредовна работа што човек може да ја види на телевизија и генерално нивната поента е речиси универзална - убав здив + убава насмевка (и одобрено од тој и тој). Ај сега до Јапонија.

Како изгледа земјотрес во студио?

Лос Ангелес, 17-ти март, 2014-та. Земјотрес од 4,4 степени. Се вклучуваме во вести.

Џемс Бонд нема да се вози во овој Астон Мартин

Не во Југо, не во Застава, не во Лада. Дечкото најде толку глупави детали во Астон Мартин, што нема да ви се верува дека ова е брендот кој го вози британскиот агент со реден број 007. Најдобрата рецензија за автомобил која сте ја виделе во последно време.

Размислувајте надвор од хулахопот

Мислевме сме ги виделе сите можни фитни со хулахоп. Да се врти околу глужд од нога, околу колено, струк, мишка, врат, уво.... Да, ама секогаш тој се врти околу човек. Зошто човекот не би се вртел заедно со него? Источна мудрост, источна елеганција, Тајван.

Како настана Игра на тронови (серијата)

Двајцата продуценти на серијата, ја читаат книгата, се заљубуваат во неа, одат на ручек со Џорџ Р.Р. Мартин за да го измолат да им дозволи приказната да ја претворат во серија. Пред да одговори што било, Мартин им дава тест: Што мислите која му е мајка на Џон Сноу? (Може да има малку спојлери ако уште не сте почнале да ја гледате)

How it's made во рикверц

Муабетот прастар: Не е фора машина што може од вол да направи колбас, туку од колбас да направи вол (ок е, и вицот го знаеме). Регуларна емисија од типот How it's made, ама почнува од крајот.

Живот, за малку

Генерално глупо е во животот да се ослонуваш на среќа, ама па некогаш оди снајди се без неа. За разлика од среќа во бирање на парчето погача за Бадник или бирање на касата со касиерка во работно расположение, тука станува збор за живот или смрт вид на среќа. Луѓево потрошија среќата за едно 3 идни реинкарнации.

Неговите пет минути

Дома чуваат куче и мачка. На кучето не му даваат да се качува на кревет. И ставаат камера да видат што прави кога газдите не се дома.

Магијата на точењето

Фановите на еден градски хокеарски клуб во Ајдахо решија да ги тужат менаџерите на спортската сала во која се играат натпреварите. Тема на тужбата е пивото што го купуваат таму. Доказ им видеото кое ќе го видите. Имајте го на ум кога одите по концерти и други дешавки каде што се точи во пластични чаши.

Ново од старото на Грејс Џонс

Island Records планира да ре-издаде неколку де-лукс варијанти на култниот поп-фанк албум на Грејс Џонс од 1981-ва година, NIghtclubbing. Ај тоа туку нашле и пар песни од тоа време. Нејасно ни е зошто преработката на "Me! I Disconnect From You" од Гери Њуман не се нашла на оригиналниот албум. Грејс Џонс во најдобро расположение!

Водич за идиоти (за разбирање на паметните луѓе)

Во изборни години, богатите луѓе најмуваат паметни луѓе за да дознаат што мислат идиотите, за да можат богатите поефикасно да ги лажат идиотите.

Галичка глава до Пенџаб стигнала

Ги мразиме најавите од типот 'нема да ви се верува', ама, нема да ви се верува. Само пазете го вие него колку долго кљуца по тоа оревите како по пинг-понг топчиња! Па во јастук од гускини пердуви да маваше, ќе се онесвестеше. 

Си грмат под земја

Замислете вашиот град или село да има метро, и на дисплеј ви е најавено дека превоз нема да ви стигне во следните 9 и пол минути. Еве како се крати времето.

Додека ние заглавивме на турски серии

Најдраматичните 4 минути во историјата на шпанските серии. Во споредба со оваа, саат време животни драми на Хурем ти е како да го гледаш Барака. Се' е на шпански, ама тоа не значи дека е помалку драматично.

Изгубениот Кеш

"Ѕифт црна коса, драматично лице, ја свири гитарата како да пука со оружје, дури и името му е иконично" вели за својот идол режисерот Џон Хилкот кој го потпишува видео спотот за песната "She Used To Love Me a Lot" од престојниот "изгубен "албум "Out Among the Stars" od 1980-та година.

Пица проблеми од Првиот свет

Историски гледано сегашниот период од човековата цивилизација веројатно ќе биде сметан за добата кога човештвото стана една огромна збирштина на морони на кои сè нешто не им е по ќеиф. Клипот е составен од видео инсерти на кои се накалемени автентични коментари од Фејсбук страната на Доминос пица - Австралија.