Видео

Обама на "Between Two Ferns"

По сите правила на здравиот разум, оваа емисија никогаш не требало да се случи. Ги знаете двајцата, не знаете дека вакво нешто е можно.

Лапање со непознати

Кога така ќе го наречеш, звучи крајно простачки. Но, во проектот на Татиа Пилиева резултатот е сосема поинаков. Првиот бакнеж на 20 луѓе кои воопшто не се познаваат....

За 28 години стануваме малцинство!

Според официјалните статистички показатели, белците во САД ќе станат малцинство во 2048-ма година. Време е секирациите да почнат. Не.

Л.А. Сирија

Двајца комплетни жбитаци, нафурани на гангстерски стил од родниот крај, бијат слободарска битка против озлогласените сили на режимот на Асад. Е, да, е баш вакви ќе му донесаат раат на народот.

Од главата си плаќаме

По правило јапонските реклами човек не може да ги предвиди. Оваа реклама е доследна на правилото. Инаку е за кредитни картички, а коментарот на крај е: "Зависи од тоа како ја користите главата; зависи од тоа како ја користите картичката."

7 годишната Били Холидеј

"Gloomy Sunday" треба да звучи онака како што Били Холидеј нè навикна. Со глас потопен во виски, изрезбан од чад од цигари и напукнат од триста бељи човечки. На ист начин, само без ништо од ова, 7 годишната Ангелина Астар, на норвешкиот "Имам талент".

Ведро, до умерено комплицирано

Сосема вообичаена временска прогноза и разгледување на можните сценарија за тоа каде какво ќе биде времето. Ама, ќе видите и сами, немате чувство дека го следите синопсисот за следната сезона на Игра на троновите? 

Сакаме ли ваква автобуска?

Кај нас не е ладно колку во Канада а и тешко дека ќе се најдат доволно раце за да направи електрично коло. Не за друго, секогаш ќе сака некој цигара да запали. Но, потегот и поентата на рекламата, одлични.

Кој ги сака луѓето кои никој не ги сака?

Да ја снимаа рекламава кај нас ќе ги имаше оние момците што проверуваат дали си платил за зонско, курирот од суд што носи покани и таксист.

True Detective со свои зборови

Стигнавме до моментот во True Detective кога не е срамота да признаеш дека немаш поим што значи пола од дијалогот на Раст Кол и Марти Харт, без разлика што само заради тоа си ставил превод на серијата. Еве како изгледа муабетот меѓу двајцата:

Драмата зад добивање Оскар

Како изгледа доделувањето Оскар од страната што не ја гледаме - од репортажното возило на телевизијата што го прави преносот. Тоа што нам ни изгледа добро завршена работа, во основа е перфектна организација и совршено уиграна екипа.

Фалонови леви сили

Цело ова време Start me up на Стонси да ти имала сублиминална порака за убавината на живот во Југославија. И Џими Фалон само што го открива ова.

Купер си ја знае маната

Таа се вика Дејзи, тој се вика Купер. И секогаш кога има сладолед, Дејзи добива прва. Со причина.

Пол Макартни дава часови по свирење

Макартни е извонреден инструменталист чија главна предност отсекогаш била што знае да го прави тоа едноставно. Имаме пар видео лекции, за бас, за акустична гитара и за сè заедно.

Речник на True Detective

Единственото оправдување ако не ја гледате серијата True Detective може да ви биде ако чекате прво да ја спукаат цела, за да ја гледате во еден здив. Најдобрата серија која моментално се врти има една префинета дејвид-линчовска мистериозност, ама - со смисла. За да не помислите дека Раст Кол и колегата само блебетаат, еден толковен речник на поими кои можат да го олеснат гледањето.

На спортот не му е гајле

"Идеолошки" е сличен на спотот на Проктер и Гембл за мајките на Параолимпијците, само што овој наместо мајки ги има луѓето што ќе се појават на Параолимпијадата во Сочи. Поентата е: "Параолимпијците не одат на Игрите затоа што сакаат да покажаат нешто во врска со својот хендикеп, тие одат затоа што сакаат да освојат медал. И ова често се заборава кога се овие Игри во прашање."

Како Дубиоза снимија спот за ич пари?

Дубиоза Колектив успеале да снимат "скап" спот за песната "Транзиција" за кој не потрошиле ни денар. Идејата за овој проект ја нашле во праксата на политичарите и властодршците во својата земја. 

 

Почина Пако де Лусија

На 66 години, од срцев удар, додека на плажа во Мексико си играл со децата. Имаше магични прсти кои знаеа во жиците на неговата фламенко гитара да ја разбудат Андалузија и сета нејзина страст и тага и љубов. 

Сега ќе ви пуштиме една германска реклама

Ја изгледавме неколку пати. Уште не знаеме што да мислиме за неа.

200 години од Осмата на Бетовен

Деновиве се навршија точно 200 години откако Лудвиг Ван Бетовен ја напиша Осмата симфонија, едно од неговите најпотценети дела, меѓу другото затоа што претходи на неговиот завршен симфониски удар со Деветтата. Осмицава некои ја сметаат за брилијантна сатира, за гонзо подигрување со стандардите, за панк-рок во класиката. Кога ќе имате 25 минути за на само со Бетовен, бујрум.

Punk is dead

Панкерка со изглед како од учебник за панкери, со родители на кои не им е јасно како ова воопшто се случило и околина регуларно преплашена кога таа ќе се појави, завршува на едно од оние шоуа за трансформација. Магија.

Нема да те гризнам

Се вика Леон Луис а песната Candy Licker. Што е работата со него? Дечкото нема жив заб во тоа устата и решава таа своја мана да ја претвори во предност.

Нишанете добро

Ни го пратија клипот и не ни открија што е во него погрешно. И ние си зјапавме и по некое време сфативме. И сега ние не ви кажуваме што е погрешно. Така оди тоа.

Пипкање во кола

Дури и кај најновите модели на автомобили кои држат до својот фенси дизајн, централната команда табла е нерешива енигма и индрустријата никако да направи нешто едноставно и интуитивно а тоа да не личи гротескно како шалтабла од стар Стар трек. Ние би се кладеле дека ова му е мајката.