Видео

Нисан се грижи за своите

Во септември 2013-та филмаџијата Лук Акер го прави "Дефиниција за луксузот" клипот, во кој ја огласува за продажба својата трагично руинирана Нисан Максима од 1996-та. Нисан решава да ја купи.

Да, а?

Четири - пет мажи чии жени им рекле дека вечерта сакаат да излезат, ете така, само другарки.

ЕУ, власт и опозиција, на средба околу мандатите

Снимката беше пуштена на интернет од непознат извор, а е направена од претставникот на ЕУ за време на состанокот со власта и опозицијата за кризата со пратеничките мандати. Видеото веројатно е снимено без знаење на двете домашни страни. Како што ќе видите разговорите се минати во прилично мирна атмосфера со јасни знаци на каење, меѓутоа веројатно нема да бидат последни. Според луѓето од ЕУ запознаени со целиот процес, не постои конкретна пречка, туку едноставно се чека да пројде време и двете страни да пораснат.

Нацисти против нацисти

Секоја година во ноември нацистите се собираат во Вунзидел и маршираат низ местото во сеќавање на Рудолф Хес (заменик фирер на Хитлер) кој до пред некоја година беше закопан таму. И годинава маршираа низ Вунзидел, ама овој пат локалците имаа подготвено сачекуша - за секој метар што ќе го пројдат нацистите, тие ќе донираат 10 евра на анти-нацистички организации. А маршот е долг.

Место во кое диетите не важат

Постои место на светов во кое човек со очигледен вишок килограми може да се чувствува лесна како пердув. Од сосема поинакви причини, Исак Њутн вака го замислувал рајот.

Џон Оливер се врати кај Џон Стујарт

Прво Стујарт си оди, па седна Оливер, па седнаа репортерите на Дејли Шоу што беа во Иран и го предизвикаа апсењето на новинарот Мазир Бахари, па по нив седна Мазир Бахари чие затворање го предизвика Џон Стујарт да го сними филмот Роузвотер. И.тн.

Што сакаш да јадеш?

Се што ќе видите тука се базира на доживеани настани:
- не знае што и се јаде
- а тоа е затоа што не сака баш да јаде, јаде
- ама тоа не и смета што и да одбереш ти, баш од тоа ќе и се јаде
(а ти не ја прашуваш што сака да јаде само затоа што ти стало до нејзе, него знаеш дека нема да дојаде до крај и ќе остане за тебе, уште колку таман да ти биде)
- и сега ти не само што остануваш без она таман, туку и твоето го нема
Затоа мора да се избориш и да ти каже - што сака да јаде.

Сон на секој воајер

Со ваков зум, ниедна комшика веќе не е предалеку.

Како се мете?

Мртов озбилен видео туториал за тоа како се изведува оваа операција. Треба ли да додадеме, во нејзината аналогна форма.

Со копја да не бодете

Ако некогаш вашите не ви дадат мотор да возите, кажете им дека ќе се запишете на ова. Спортот се вика дулиан, и ова е женска конкуренција

Каде се, што прават?

Интернетот го запозна Брендан Мекферлан пред неколку години кога беше пинцур. Малиот имаше многу блуз во малкуте години и ги одушеви сите а веднаш го прогласија за најдобро чуваната тајна на Тенеси. Денес е пораснат, 18 -тина години и уште пее.

10 часа шетање низ Рига како жена

Инспирирана од дискусијата околу девојката што шета низ Менхетн, девојчево решава 10 часа да се шета низ најмалку нордиската од сите нордиски престолнини - Рига.

Колите на Токио

Изгледа дека она што го гледавме за Токио во анимираниот Cars (двојката ) и во Fast & Furious (тројката), не беше претерување. Штом сонцето зајде, во градот излегуваат ѕверовите. 10 минути со бучните.

50 години против возење пијан

Откако пред 50 години во Британија почнува кампањата против возење под дејство на алкохол, бројот на смртни случаи паѓа од 1.640 на 230 годишно. Тоа си бара прослава.

Ова ни треба

Кога секоја од оние мирољубиви и политички коректни изјави на политичари, би биле преведени со комплетната нивна гневност. Ако заврши работа кај политичарите, целиот сектор го креваме на повисоко ниво за разрешување на поголеми недоумици на човештвото, како превод на женското "океј е," "не сум лута," "како сакаш ти," и слични вечни загонетки.

Филип Сејмур Хофман за среќата

Интимни и искрени размислувања на актерот за животот, среќата, неуспехот. Ставови (и нијанси во нив) кои стануваат морничави кога се знае како заврши човекот.

А ова е дечко ти кога мисли дека е сам дома

Ден после журка за Ноќта на вештерките, едниот цимер заборавил дека другиот е уште дома и фатил да чисти. Овој вториов фатил да снима.

Агушеви растуриле на Вомекс

Македонскиот принц на трубата Џамбо Агушев и неговиот спектакуларен оркестар го дигнале на нозе светиот храм на „ворлд" музиката Womex, пренесуваат од Пасворд. Свиреле пред публика сочинета од светски музички експерти, восхитени од македонскиот бенд. Неколку дена претходно, во Барселона се загреваа вака:

Ќе јадам, пари сум дал

За 100 долари земал купон за неограничено јадење тестенини и сега душата му ја вади на ресторанот, јадејќи им по два пати на ден. Досега кркнал 95 оброци. Мора да има некое македонско потекло. Ален Мартин Јуфката, херој од Северна Каролина.

Си немал астронаутот работа

По нивно, ова се вика "испитување на површинскиот отпор на водата во услови на микрогравитација". По наше, како во насловот.

ММЕ чиј е паркингот

Секој проблем човек може да го реши со разговор и разбирање, само и само ако не се работи за паркинг место. Ако е паркинг во прашање, тогаш треба да се помириш дека нема човечко решение и тоа е.

Смрт фашизму, слобода народу

Radio Dept. се еден инди бенд од Шведска, ова им е последниот сингл. Како стигнал овој слоган до нив не знаеме, ама па што, само фашизмот ли ќе се шири? Нека се шири и антифашизам. Тој секогаш звучел посекси.

Кришна, кришна, шамар, шамар

Кабади е традиционално индиско одмерување на силите. Тепачка која и не е баш тепачка. Би требало да се дефинира како шамарање, ама повеќе е некако шлапање. Со закуцување. Џабе објаснуваме. Петли да го гледаат ова, ќе се искинат од смеење.

Го знаете ли Аслани, дебелиот?

Ариан Аслани, од Квинс, Њујорк. Попознат како Екшн Бронсон и како таков сериозно популарен; рапови, миксови.... А на каналот Munchies има емисија, нешто како Бордејн. Шета по светот (се гледа во видеото) и јаде (се гледа по него). Интересен.