Видео

Ова не е начин

За жал во снимањето беше повредено едно Ферари, поточно 458 Италија, 4,5 литарски мотор, 570 коњски сили, над 230 илјади долари. Поента - да се докаже дека бандажите (на Forgiato) не може да се скршат.

Шекил моментите од кариерата на Шекил

Во НБА влегува во 1992-ра, како прв пик на драфтот на Орландо Меџик. Од тогаш само расте (додуша повеќе физички и како шоу-мен, отколку по бројот на прстени) за да се пензионира како еден од најголемите играчи во историјата на НБА. Ова се некое негови, одбрани моменти.

Видео кое не е за деца

Во видеото нема секс, нема насилство, нема погани зборови. Па сепак...

Силно светнала ноќ

Буричкајќи по ДНК, луѓево создаваат растенија што светат ноќе. Благородна мисија која би заштедила енергија и на убаво би ни го сменила ноќниот пејсаж. Сè додека не решат техниката да ја применат и кај луѓе. Ноќе, некаде кај МТВ, ви текнува?

Најжестокиот мадафакер кој сте го виделе

Му се случува гаф кога се снима со пиштол и се прави најјак. Ама потоа (одново и одново) пробува да го поправи имиџот. Не нè прашувајте дали он тоа озбилно. Појма немаме. Би сакале да веруваме дека е заебанција, ама, не сме сигурни.

Класична музика што гори душа

Не дека е некоја вонредно потресна симфонија и не дека вам нешто би ви горело од музикава. Пожарот е кај оркестарот што пробува да ја отсвири "Tango Jalousie" после изедено пеколно љута чили пиперка. Минута и четириесет се на чисто, после тоа (грлом у јагоде) ја лапаат пиперката.

Еден поинаков спот

Ау, ама ова добро функционира! Музички видео спот во кој оживуваат омотите на старите плочи. Пробајте тоа да го направите со песните кои ви се на клауд. Музиката е на Рој Кафри а ова интересното на Ванја Хеиман, 1986-та, Израел.

И маж прошета низ Њујорк

Видеото со девојката доби одговор во машка верзија, во кое Фани ор Дај "експериментираат за да видат што се случува ако маж белец прошета на улиците на Њујорк."

10-те најбрзи нокаути од Тајсон

Речиси сите десет му се од времето пред скандалите, и во сите десет изгледа страшно незапирливо. Сето ова многу боли.

Ебола те родители!

Па има ли нешто посимпатично од тоа кога родители посакуваат да се пошегуваат со сопственото дете? Да речеме, дека има ебола.

Омекнувач на душа

Триесет години е надвор по улици и нема ништо друга освен една своја авторска песна која сака да ја сподели со вас. Ех, а кога Жељко Самарџиќ ви викаше "Не суди по амбалажи", го правевте сељак дека е.

Трилер од други луѓе

Слушнете како звучи хитот на Мајкл Џексон кога би бил отпеан во стилот на Том Веитс, Стиви, Вондер, Рик Естли у ште 17 други музичари. Македонскиот предизвик би бил многу поинтересен.

Цел Њујорк сељачишта

Девојка, опуштено денски облечена, шета низ Менхетен. Пред неа оди еден друг лик со ранец кој ја снима прошетката и сите дофрлувања, свиркања и разговори што ќе и се случат по пат. Вака изгледа патешествието.

Како работи руски ортопед?

Видеово на почеток прилично ќе ве шокира, но дајте му шанса до крај, да видите за каков махер се работи. Оној Dog Whisperer од National Geographic е кутар аматер за него.

Канаѓани во напад на расизам

По претстрелката во Отава, белец сред бел ден вербално напаѓа еден муслиман по основа дека е муслиман, дека е облечен како муслиман и дека изгледа како муслиман. Ништо страшно, не се закрвени, само сакаат да видат како ќе реагира околината. Спојлер: реагира канадски.

Медиуми: САД vs. Канада

Комплетно иста тема: убиство на војник во Отава, и пукање во Парламентот на Канада, и како таа звучеше во долниот, а како во горниот дел од Северна Америка.

Тајната на долгиот брак

Мажот може да и каже на жената сè што му лежи на душа, со тон каков што тој замислува дека треба да го има, и ич да не му ја мисли како ќе му реагира. Сè додека тоа го прави во вистинскиот момент - кога таа си ја фенира косата.

Кога мама не е дома

Веројатно најсовршено крстеното видео на ЈуТјуб. Инаку луѓето кои чекаат мама да не е дома се сопругот и синот. Па после се случува ова:

Бред Пит тебе те пљука

Немаат врска Трачери со ова, само ни се виде згоден насловот на нивната песна за Џемс Бонд. Зак Галифианакис (своевремено рече дека азбуката ја научил пишувајќи си го презимето), Бред Пит (тој), и Луи СиКеј чисто заради ометање. Додека ваму се водат битки за Хихирику, таму има хумор.

Враќањето на редарот

Првата седница на канадскиот парламент и првото појавување на Кевин Викерс по пукањето. Ова е дочекот што го доби.

Родителски хорор во една минута

Совет до родителите: не ѕиркајте под креветот на своето дете доколку не сте подготвени да се соочите со она што таму можете да го најдете. Брррр....

Диетата на најсилните од 20.000 калории на ден

Роберт Обертс има 180 кила, и еден од највисоко позиционираните Американци на Стронгмен натпреварите. Јаде ко говедо, ама и вежба ко говедо. Дневно внесува околу 20.000 калории, а во супер-маркет купува како да снабдува детско одмаралиште, со деца кои 3 пати на ден јадат месо. Сметката за неделен шопинг само во супер-маркет му е околу 450 долари. Обожува спанаќ.

Математика за дрва по математика

Пред години и години (кога ние бевме млади) моливите со таблица за множење беа врвното достигнување во светот на криминално решавање тестови / писмени по математика. Ова што го имаат денес прави ние да изгледаме како да сме живееле во турско, ама на почетокот. Ви преставуваме апликација за решавање задачи од книга.