Видео

Предновогодишен обид за неплачење

- Немој да плачеш, немој да плачеш, немој да плачеш...
(Ама она плаче бе)
- Немој да плачеш, немој да плачеш, немој да плачеш, немој да плачеш...
(Ама има и мало лабрадорче во видеото)
- Немој да... Батали.

Вести од убави места

Централните вести на телевизија од Австралија пред Божиќ имаа да им пренесат важни вести на жителите на Дарвин, и брзопотезно да им скратат многу непотребни препирања на родителите со децата.

Мешај ни, дебела жено холандска

Ако првите асоцијации на Холандија ви се Робен, Штулиќ, Силвија Кристел, Ана Франк, Доуцен Крос, Ван Гог, Ван Бастен или Ван Хален, дозволете да ви уфрлиме двајца ликови кои доживотно ќе ви ја пореметат сликата за убавата земја на лалињата во која живеат фини луѓе што возат точаци. Уте, уте, уте, скуте.... Џизс.

Еве ви одговори 2

Маршон Линч го имавме пред некој ден, со неговото прво интервју откако го казнија со 100.000 долари затоа што одбил да даде изјава за медиумите. Деновиве пак требаше да зборува после натпревар. Фала на прашање.

Пјонгјанг фанк ти ќе бидеш

Замисли место во кое под палката на сеприсутниот фанк владетел, цела држава е присилена сите свои локални и национални празници и успеси да ги прославува со фанк музика. За дополнителена реалност, замисли да постои држава која по иста основа наместо фанк пушта друга музика.

Парадоксот на Терминатор

Ако сакате да уживате во филмовите во кои се патува низ времето, не треба многу да чешате глава со сите наративни парадокси од ваквото поигрување. Просто, нема тука лесно решение. Подобро е на филмот да сте дојдени главно за тепачки. Фина заебанција на оваа тема: 

Питачење, левел: Кинез

Бездомников во партали е парализиран од половина надолу, не може да стои а не па да оди, и се движи само со ползење по земја, тротоар, улица... барем додека му заврши работно време.

Сестри, пак

30 годишен маж оди наоколу и ги снима разговорите меѓу мајка му и тетка му. По ова наоѓа уште еден 30 годишен маж (брат му) и заедно со него ги имитираат двете сестри. Сега муабетот е за Бил Мареј.

Трикот на Ал Јанковиќ

Вилман (еден магионичар со смисла за хумор) му го покажал најглупиот трик што овој во живот го видел па сака да го сподели.

Одјавувањето на Колбер

По 10 сезони како водител на сопствено шоу на Комеди Централ, Колбер од април ја продолжува кариерата како следниот водител на Лејт Шоу (на Летерман). 18 декември беше последното изадение на Колбер репорт.

Митологија и историја на Господарот на прстените

Пред да биде Господарот на прстените, пред да биде Хобитот, пред да биде што било, постои Еру Илуватар, богот и создателот на целиот Универзум на Толкин. Видеово ќе се обиде да ви ги објасни основните работи од Силмарилион (колекцијата на дела на Толкин во кој се објаснува потеклото и се што се случува во неговите книги), кој кого создал, кој како настанал и слично.

Порно сцена на денот

Дека ќе победи љубовта и храброста. Дека витези се уште постојат. И дека женскиот лик нема време за многу тејкови бидејќи тоа маската брзо се суши.

Што канџата?

Едно е да се бунтуваш против властите и секој можен авторитет, друго е да не правиш разлика меѓу цена на казна за паркирање и колку ќе те чини поправкна на БМВ Икс 5-ка.

Беше еднаш во Сараево

Новинарка на Ал Џезира прави документарец за Топ листа надреалиста и што и како се случило со групата. Сака пак во Сараево да ги спои Ѓуро, Неле и Зенит. Она што успева е само да разговара со секој од нив оделно, секој да каже што има.

Трејлерот за прес - конференцијата на Путин

Автентично видео (не од фанови или заради сатира) кое е стокмено и се емитува на државната телевизија Русија 1. Прес-конференцијата е закажана за 18-ти декември.

Човек на човека му е гневна девојка

Права девојка не ти раскинува за тоа што си ја наместил, него ти го собира неколку месеци и те чека кога ќе бидеш најранлив да те изрезили пред цел народ. И да е наместено, греота е.

Држете се храбро, еве ги Темпера!

Моментално најсилната тупаница на скопската рок сцена, Темпера, имаат нова ствар. Се вика Коњаници и е преработка на Падот на Византија. Ќе чуете, пуцачина! Музичката артилерија на Архангел (Гино, Џоле, Мите) плус Тања на фронтот и ете ви еден добар, стегнат пичвајз!

Зошто неизбежно ќе завршиш во брак со погрешен човек

Прво, во сериозна заблуда си околу самиот себе. Второ, сигурно не знаеш и нема да ги поставиш вистинските прашања на идниот партнер. Останатите причини изгледајте ги во видеото.

Чешмовача, walk with me

Во близина на домот на овој дечко во Северна Дакота се врши фракинг, една исклучително контрадикторна техника на вадење енергенси од земјата која дебело ја пореметува крвната слика на почвата (ѕирнете го Promised Land со Мет Дејмон).

Десантот на Колбер

Американскиот претседател се појави како водител / гостин во едно од последните изданија во историјата на Колбер репорт, и читаше што сеир му подготвиле на негова сметка. Без бунење. Последната епизода на шоуто е закажана за 18-ти декември.

Комедијата во Лиам Нисон

Маестрално парче комедија со Лиам во кое седиш и ќутиш и не му враќаш на Лиам Нисон, без разлика што си Рики Џервејс и он е дојден кај тебе во канцеларија за да те праша за совет околу комедија. Не му враќаш.

Значи тоа се тие журки

Видео анатомија на една вратоломна журка, особено вратоломна за оној во белото.

Дома е онаму каде што те влече

Имаме прекрасен и дирљив видео доказ за оваа дефиниција. Ќе видите едно младо момче. На прагот на својот дом. Додека е надвор, го лулаат страшни ветришта во разни правци. Но, стоички ги издржува тие налети затоа што некаде длабоко во својот жироскоп.... знае.... дека дома.... е онаму каде што го влече.