Видео

Како Ајпад каже

Го имате ритамот во вас ама немате просторни услови за да распалите по вистински бубњеви? Дечково има Ајпад и тоа му е сосема доволно да ве остави без зборови.

Сакавте одговори, еве ви одговори

Маршон Линч е американски фудбалер на Сиетл Сихокс кого НФЛ го казни со 100.000 долари затоа што одбил да даде изјава за медиумите, што е една од професионалните обврски на тамошните рагбисти. Ова е неговото прво интервју откако му беше изречена казната.

Животот без топ-шоп

Топ-шоп и сличните формати се потпираат на реклами со едноставна структура која содржи два дела. Во првиот дел (црно-бел и ужасен) ви прикажуваат каков ви е животот без нивниот производ а во вториот дел (шарен и среќен) каков ќе биде откако ќе го завртите бројот и ќе ја направите нарачката. Е па, овие првиве делови, собрани на едно место, кога со сила се прават глупи и несреќни.

Величественоста на Џеки Чен

Едни прават комедија, други прават акција, Џеки Чен 40 години го има усовршено комбинирањето на двете.

Космички чергари

Wanderers е кратко филмче за тоа како би можелe да изгледаат моментите кога човекот ќе почне да се населува во својот планетарен комшилук. Нема приказна, само фини сцени кои патем, се дигитални реплики на автентични простори во Сончевиот систем. Текстот и гласот се на Карл Саган. По пат одам, за пат прашам....

Битлси во Советскиот Сојуз

Германскиот родоначалник на тн "среќна музика" Џејмс Ласт, на Дњепар во Киев, 1972 година. Натурална, безгрижна наива; жени бутаат на екс, мажи со фасцинантен дезен на купаќа. Песната е "Here somes the sun", спотот е "Here comes the pig."

Ќе ја познаете ли Македонија?

Штотоуку извадено од архивите, кратко документарно парче за Македонија од 1972 година, кое се врти околу легендардниот парен теснопругаш и животот на неговиот кондуктер.

АдВик 10-те најдобри видео реклами за годинава

Дрога5 е единствената агенција што има две видеа на списоков, едно видео воопшто не е правено од агенција, а 4 од 10-те најдобри се од надвор до САД. Сите 10 одлични за гледање.

Вечера за Денот на благодарноста

Целава работа многу брзо ексалираше, и најмногу греота за мајката што спремала сè ова (и греота што фрлија толку храна). Најдобро пројде тој што снима, а според тоа што нема да изеде ќотек се гледа дека е постар брат.

Видео за лечење страв од високо

Регуларна автобуска линија на Хималаи од точка А до точка Б. Патот (по сите основи на здрав разум) е едносмерен, ама не е досаден и има спектакуларен поглед. Или ќе се изнауживате во возењето или цел пат мижење.

Зошто на некои секогаш им студи?

Проблемот со овие не е толку тоа што секогаш им е ладно, затоа што тоа е нивен проблем. Проблемот на сите други е теророт што овие го вршат по основа на студ, па заради нив не можеш да ја ставиш климата на ладно, да проветриш или да отвориш врата, прозор, малиот прозор (барем на кипање?)... п.с. А, да облечеше тренерка?

Руска Мама миа

Што друго да прават Швеѓани во случај на руска воена инвазија, освен да се свртат кон античкиот шведски борбен крик - Мама миа. Барем Русите така замислуваат.

Готвење за деца

Перфектен рецепт за јадење за вашето дете што успева секој пат. Секој. Пат. Гаранција, сите родители што некогаш го зготвиле.

Star Wars VII - The Force Awakens

Прв тизер трејлер од следниот дел на Војна на Ѕвездите, прв филм од целиот серијал што не е режиран од Џорџ Лукас (сега е Џеј Џеј Абрамс). Премиерата е закажана за декември 2015.

Животе, не се поднесуваш

Официјално: "Сите ве сакам и сè е прекрасно." Неофицијално: "Не знам како можете сами себе да се поднесете." Дечково би требало да е од One Direction.

Од вас слабите, ние дебелите на ред не може да дојдеме

Едно време беше едноставно - дебел си, ти се јаде, готвиш и јадеш, не правиш никаква галама околу тоа, ниту го доживуваш како некој посебен успех. За кратко време, го повторуваш истото.

Деца, кичмите

Во маалски баскет ова може да ти го направи само некој помал од тебе (бидејќи твоја генерација се исти балвани ко тебе). Мада и овој што може, не смее да ти го направи, за да не треба интимно да го запознаваш со твоите лакти или пак да треба да кружи околу цело маало секој пат кога ќе те види.

Разликата меѓу треба и му помогнав

На романски вести има прилог за еден сиромашен старец и руинираната куќарка во која живее. Како што е редот за ова се крева огромна галама на социјални мрежи. По ова следува неочекуван (и ретко виден) пресврт - луѓето од Фејсбук и Твитер стварно прават нешто во врска со проблемот на човекот, без да влезат во непрекинлив циклус на кенкање.

Лангзам лангзам аба џудо

Фина забавена презентација на потези во џудото. Толку се добри што ти е страв и да помислиш колку се спремни кога ќе забрзаат.

Полицаец во земјата на чудата

- Колку пати имате престрелки?
- 5 пати... годишно... во цела Финска...
- А тука во градов (Васа)?
- Имавме... пред 10 или 20 години...
Разговорот е меѓу фински полицајци и полициски капетан од Лос Анџелес. Пред него, низ нордискиот казнен систем прошета поранешниот управник на Атика.

Одисеја низ готвач

Во 2008-ма Ален Хемберг оди на вечера во ресторанот Алинеа во Чикаго. Во 2009-та го фаќа говачот со сите рецепти од ресторанот и 5 години секој ден (или кога ќе може) прави по едно јадење. Конечно го заврши целиот, до последен рецепт.

Карма по глава на морон

Некогаш кармата делува чисто превентивно, па ја испорачува својата пратка пред воопшто да направиш нешто. Нешто како Малцински извештај, ама за карма.

Деновите од животот на Фреди

Песната оригинално е напишана од Роџер Тејлор за неговите деца, и како тоа што е родител го натерало да го преиспита сопствениот живот. Меѓутоа целиот контекст се менува кога Фреди објавува дека има СИДА.

Махери за ушушкување

It's been a hard day's night, and I'd been working like a dog.... А кога ќе ти заврши еден таков кучешки ден, земаш ќебе и ќе се мушнуваш под него. Најљудски.