Видео

Ништо без пријатели

Ако немате партиска врска или роднинска или која и да е друга врски што пали денес, тогаш за своето вработување не е лошо да имате еден ваков пријател.

Владимир Путин, лидерот од малку зборови

Истиот човек што на пола поп сцена им ги извади зборовите и музиката, сега реши да му посвети малку внимание на Путин. Изгледа подобро од што и да е до сега.

Турско песок кафе

Кафеџилница сред Акаба, Акаба сред Јордан, Јордан сред пустина. По истата логика како што ти ладиш пиво во река.

6 часа Фотошоп во 90 секунди

Ова е дело на Елизабет Мос, девојката што работи како главен ретушер во Реар Диџитал Арт во Њујорк. Видеото се развива на ист начин како што се развива твојот вкус за девојки / дечковци после секое пиво.

Металика, мој (обратен) друг

Дечково ја свири Enter Sandman од Металика обратно а потоа го пушта видето обратно. Чудесии што нема да им текне..

Витни Хјустон е жива

Само што џанакот денес живее и работи во форма на дебелко кинеско момче. Репертоарот и е тој па тој ама пее уште подобро од некогаш.

Животни версус лубеница

Кога ќе видите како добродушниот нилски коњ смачкува цела лубеница како да е манчмелоу, ви станува јасна глобалната статистика зошто од нив гинат повеќе луѓе отколку од лавови или ајкули.

Мајчин контра протест

Балтиморски протести. Млад и бунтовен дечко, маскиран и спремен за лута пресметка со полицијата. Но, го наоѓа мајка му....

Разјарениот бик

Ете во што е разликата меѓу бик и вол. Да беше вол, ќе го убедеа дека внатре му е убаво.

Денови на угандскиот филм

Освен озлогласениот Кони (види овде) и прочуениот лек Угандин (задолжително види овде), Уганда има и филмска продукција во која посебно се истакнува компјутерската постпродукција. Пиксар да гледаат и да плачат.

Трејлер ко трејлер, ист

Барем кога се во прашање филмови во кои земски и вонземски суперхерои се трудат да го пролонгираат нашето постоење на планетава. Чекор 1: широк кадар од град.

Комшиите од горе

"Нивниот таван е нашата сцена," вели парот што ја буди сета своја креативност само затоа што некој живее под нив. Посветено на сите измачени комшии од долу.

Знаењето не е разбирање

Дечково го хакна својот велосипед (кога вртиш лево, тој оди десно) за да види дали ќе може да го хакне и својот мозок. Супер занимлива приказна.

Вози Мишко

Мишко конечно ќе може да вози со врзани очи. Концепт на инжинерите на Бош како ќе изгледа иднината на автоматизираното возење. Спојлер: не се гледа дали има пепељара.

Ликот на ѓубрето

Она што ние го правиме со "Богати и славни", во Хонг Конг го носат накај CSI: со закана дека може да биде лоцирано кој фрлил некое ѓубре со што ризикува да стане заштитно лице на кампањата за почист град.

Како дете да засака музеј?

Може да се однесе во Музејот на ВМРО (целото име на музејот би ни го исрцпеп сториџот на сајтот) и да зјапа во восочните фигури. А може и вака, ко во Л.А. и тамошниот музеј на уметност: 13 воза, 25 згради, 1.100 автомобили! Скулптура градена цели 4 години. Исто толку време може и да се посматра. 

Обама го викна Лутер

Лутер е гневниот преведувач со кој што ве запознавме пред некое време. Сега Обама го зема Лутер со себе на говорница за време на вечерата со дописниците.

Харисон, марш од куќава, Форд

Дејвид Блеј (магионичарот) на гости кај Харисон Форд (старо гунџало). Првиов ќе му прави магија на вториов. Вториов не верува во магија. Бирај карта.

Тагата во Кобеин

Досега неслушната преработка на "And I Love Her" од Битлси. Курт Кобеин, гитара и ништо друго. Стиховите "Bright are the stars that shine/ Dark is the sky," ... "A love like ours/ Will never die/ As long as I hold you near me." никогаш досега не можеле повеќе да ве сјебат.

Фризурите на 20-от век

Анимирана историја на фризерските стилови на 20-от век. Гибсонки, италијанки, пудлици, помпадурки, афро, мохиканки...па се до емо стилот. Фер е листата, ги има и џигериците.

Време за магија

Колку малку му треба на човек пријатно да се изненади и да помисли дека сведочи на вистинска магија.

Политичка коректност како поопасна форма на тоталитаризам

Традиционален тоталитарен татко: јас подобро знам од тебе што ти сакаш, и затоа во недела мора да одиш кај баба ти на гости.
Пост-модерен неавторитарен татко: не те присилувам да ја посетиш, и би сакал да дојдеш со нас само ако ти така одлучиш.
Жижек објаснува зошто второво е далеку полошо од првото, па продолжува за политичката коректност.

10 години од првото видео на ЈуТјуб

На видеото е Џавид Карим, еден од основачите на ЈуТјуб. Иначе е во зоолошка. И толку.

Гошинце, канадска верзија

Среде овие историски мигови за татковината, да се потсетиме дека и Америка имаше сличен проблем со агресија од Канада. Ако треба да кажеме дека видеото е пародија, тогаш изгледа малку доцниме.