Приказна за 6-годишниот напор да се организира меч меѓу 5-кратниот и непоразен светски шампион Флојд Мејведер и 8-кратниот светски шампион Мани Пакијао. Мејведер има 38 години, Пакијао има 36. Мечот е прогласен за "Борба на столетието" и ќе се одржи на 2-ри мај.
Шведски кунг фу филм. Шведски кунг фу филм инспириран од мајагери и полициските филмови од 80-тите години. Може ли полошо? И тоа како. Носечката нумера од филмот е во рацете и грлото на колективната ноќна мора од тоа време, Давид Хаселхоф. Песната се вика True Survivor. Ваистина воскресе.
Човеков не е за да работи како полицаец. И не затоа што некој може да му се прикраде од зад грб и скоро четири минути да го снима без овој ништо да посомнева, туку од многу почовечки причини. Снимано е во Националната библиотека на грузискиот парламент.
На нешто што се нарекува Југо-западен фестивал на косењето во Сомерсвил (да беше по македонска номенклатура ќе беше Косијада во Соверсвил) се одржува натпревар меѓу косач со старомодна коса против косач со оние моторните коси што ги користат кај нас на кеј и по паркови. Ова е дуелот.
Одиме до најблиската планета до нашава - Јапонија. Во тој свет исто така постои атмосфера за тв натпревари на талентирани пеачи, но предизвикот за нив е многу поинаков. Треба да отпеат што подобро можат додека - девојка ги шакетира.
Повторно одсвирена една од најубавите песни на Стоунси. Скроз акустична верзија која досега не е слушната и на која Кит Ричардс ги пресвирува и оригиналните делови на Мик Тејлор. Во мај излегува реиздание на култниот aлбум од 71-ва, Стики фингерс, а спотот на Wild Horses е визуелен омаж на оригиналниот омот на Енди Ворхол.
Вториот претседателски обид на Хилари Клинтон е најновата фаза во нејзината интересна политичка кариера. Во минута ипол, најважните фази на овој лик и дело.
До сега не објавено видео од последната емитувана епизода од шоуто, во која Кларксон пред камери ја кажува својата страна од приказната за инцидентот по кој е избркан од Топ Гиар (најверојатно заедно со него нема да се вратат ниту Џејмс Меј и Ричард Хамонд).
За многумина чоколадото само по себе предизвикува халуцинации ама ова е многу нивоа напред. Почекајте да се запали стробо светлото и ќе видите како повеќето од нас го замислуваат рајот.
Уште во првата секунда додека те гледа девојка ти, го активираш Армагедон протоколот, во глава ги разлистуваш сите можни ФБ пораки, ДМ на Твитер и мејлови, додека без гледање од телефон ја бришеш цела Вибер и ВотсАп комуникација, СМС-и и именик.
Во центарот на Каракас, Венецуела постои еден 45 катен облакодер, недовршен и напуштен. Но, пред 8 години, луѓе почнуваат да се доселуваат во него. Фотографот Иван Бан na ТЕД покажува на какви сè неочекувани места луѓе прават свои домови.
Целиот систем за надзор и следење во САД е регулиран преку Патриотскиот закон, кој на властите им ги дава сите овластувања и можности што им требаат за да следат што ќе им текне. Во јуни годинава им истекува рокот на одредбите од законот и ќе треба да се гласа за нивно продолжување. Во април годинава Џон Оливер прави анализа на темата, по пат не заборава да му посвети внимание ниту на Едвард Сноуден.
Со помош на инверзно 3Д принтање, досадните коцки мраз кончено стануваат занимливи. Машинчето го бруси мразот според саканата форма а конечното полирање го прави пијачката.
Сали и Џек се млада двојка. Еден ден во својот двор откриваат чуден феномен кој прави дупликати од живите организми. Сали почнува да ги користи предностите на откриеното чудо, а на Џек уште од почетокот му е шубе. 11 минути.
6-ти натпревар од НБА финалето 1998-ма. Чикаго води 3 - 2 во во натпревари, и гостува во Јута. Триесетина секунди до крај, Јута ја има топката, нов напад и еден поен разлика, личи како да ќе извадат и 7-ми натпревар. И тогаш, Џордан.