Видео

Изгледа палестинско знаме слободно се мафта само на Запад

Од сите места на светот каде што може да се очекува тргање на палестинското знаме, веројатно Ќабата е последното пред сама Газа и Западен брег. За појаснување, Ќаба е најважното место на исламот, за нас познато како црната коцка во центарот на Големата џамија во Мека.

Ќе ја прават ли големата?

НАТО не се откажува од проширување со Украина, Путин не се откажува од предупредување дека тоа ќе значи автоматско вовлекување на континентот во нуклеарна војна. А во таа војна ќе нема победници. Мал разговор со северноатлантски бот: - Ако самата Украина сака во НАТО, што има Путин да се меша во тоа? - Аха, како што ние самите сакавме да си го смениме името.

Мурга дрот за дрогите

Мурга е јасно - џандар. Од оние олдскул инспектори со кои нема заебанција, и теренаш и експерт. Од оние кои многу фалат, откако компетентните беа заменети со подобни парадери со службени возила. Легенда на сараевската НТШ сцена, опеан во песната „Мурга дрот“ на Забрањено пушење („он те прво понуди цигаром па те послије разбије“), има многу што да му каже на Сенад Хаџифејзовиќ од Фејс ТВ.

60 минути Шведска

Екипата на тв проектот „60 минути“ заминала за Шведска со намера да направи специјална емисија за диверзитетот овозможен од либералната мигрантска политика, за предизвиците со кои се соочуваат дојденците, нивното вклопување во општеството... Се разбира, наоѓаат и добронамерни, но штом полицијата заминала а и тие се подготвувале да се приберат, настанува нова ситуација. 

Каде згреши Голијат?

Брет Вајнстин кај Такер Карлсон: Оние што го претставуваат Голијат се извонредно моќни но Голијат направи ужасна грешка, особено за време на ковид пандемијата. Ги таргетираше компетентните, храбрите и одважните и ги исфрли од институциите. На тој начин, кај својот непријател создаде дрим-тим. Сите тие луѓе, луѓе кои знаат да размислуваат, се свесни дека се одбрани од истиот непријател.

Борис „милион долари“ Џонсон

Кога пукна веста за интервјуто со Путин, Борис Џонсон од побрза да го офира Такер со сè по список. Такер му понудил интервју на Борис, а за возврат поранешниот премиер му пратил профактура за интервјуто.

Вештачката интелигенција која не слушнала за белци

Иако Гугл го стопираше нивниот долгоочекуван ВИ Џеминаи да прави слики откако стана јасно дека генераторот има проблем со расите (види овде) а главниот човек на овој производ, Џек Кравчик, се утепа од извинувања за скандалозното избегнување да се покаже белец (дури и кога се бара слика од Папа или Викинг), не ќе да е тоа случајно, откако на Кравчик му извадија колку е забеган на темата.

Каде тера музиката?

Супер занимливи податоци и трендови од долгогодишни музички листи, извадени со помош на AI, за тоа кои жанрови (квантитативно) опаѓаат а кои растат, како стои популарноста на одредени инструменти, што станува со должината на песните... Интересни, но во крајна линија небитни работи за артисти (а и уживатели на музика), освен за оние што би сакале да се шлепаат на трендови. А тоа е увек шкарт порив.

Нема кој нема на американската граница

Познато е дека САД во мандатот на Бајден имаат невообичаена наклонетост кон примање нелегални мигранти (тие што сакаат легално уште треба да кмичат по шалтери и да ги имаат сите документи од турско до денес) и некоја основна географска логика налага дека тие мигранти се латиноси од јужна и средна Америка. Е, околу тоа, една репортажа.

Препорака за гледање од Илон Маск

„Војната за децата“ е документарец (2,2 часа) кој ја разоткрива тековната битка за контрола на следната генерација и нивните умови. „Овој филм го открива борбениот план што се користи за контрола на иднината. За да победите во оваа војна, треба да ја разберете тактиката на вашиот непријател“. наведуваат авторите. „Вреди да се види, особено родители,“ препорачува Маск.

Такер пазари по Москва

Откако се испоначуди од навистина фасцинантната метро станица Киевскаја (овде), дур е таму, Такер Карлсон реши да посети и руски супермаркет, нешто што Америка очекува да биде девастирано од санкциите. Не само што крцка со роба, и домашна и странска, туку и наполнетата количка, за која Такер и екипата проценуваат дека дома би платиле околу 400 долари, овде ги чинеше, ќе видите колку. 

Не, не е скеч

Политички коректна најава на видеото: „Адмирал Рејчел Левин, асистент секретар на американскиот департмент за здравство, ја зголемува свесноста за потребата да им се помогне на црнечките заедници да се справат со здравствените последици поврзани со климатските промени“. Људска најава на видеото: „Маж облечен како жена тврди дека климата е расист“.

Светлата на Сараево

Од пред некој ден јавно е публикуван повеќекратно наградуваниот филм „Светлата на Сараево“ на Срѓан Перкиќ, за бендот „Забрањено пушење“ и култната сараевска хала Скендерија. Приказна видена од аголот на Сејо Сексон, основачот на групата и главниот автор на нивните песни. Почнува со првите акорди на „Филџан вишка.“ Карамбол од емоции.

Спиете ли мирно, филмаџии?

Само една година после она невешто AI видео „Вил Смит јаде шпагети“, на кое апла од прва се гледаше дека е фејк, ситуацијата (да не кажеме реалноста пошто нема да сме сигурни дали да ставаме наводници на тој збор) е комплетно поинаква. СОРА е „текст во видео“ модел на OpenAI кого го учеле да го разбира и да го симулира реалниот свет во движење. Резултатите се застрашувачки.

Такер се шокираше од московското метро

Такер Карлсон, на своите Американци (на кои им е кажувано дека Русија е една голема пустелија која има само природен гас и нуклеарки), им ја покажува московската станица Киевскаја, изградена од Сталин пред 70 години. Нема стаорци и ѓубре, нема бездомници, наркомани, силувачи и лудаци спремни да те бутнат на шини, не мириса на урина... „Како таа Русија има нешто што е поубаво од што било кај нас?“   

Ова нема да заврши во скоро време

Ако се суди по дел од дебатите што периодов се водат на израелските телевизии конфликтот уште долго ќе трае, а полошо е што ќе стане само покрвав. Веројатно има и други дебати.

Кинески пари треба да се заработат

Исто како кај нас и за Кинеска нова години дедовци и баби им даваат пари на внуци. Различно од кај нас, во Кина внукот/внуката треба да покаже колку го сака дедото/бабата. Не, не со гушкање.

Предвременото ситење на една прогресивка

Да се потсетиме како политичката перјаница на американската кансел култура, раскошно глупата фејкерка Александрија Окасио Кортез се ситеше кога Фокс Њуз го набркаа Такер Карлсон. „Не можеше на подобар лик да му се случи тоа,“ вика пакосницата во тоа нејзино брзо-брзо-да-се-снимам видевце на Инстаграм, во кое тврди дека отказот за Такер е доказ дека „деплатформирањето функционира.“ Хехе. 

Борис ни Џонсон & Џонсон не го пере

Иако од неколку страни e потврдено и документирано дека Киев и Москва имале во рака употреблив нацрт договор за примирје на преговорите во Истанбул (ќе се спасеа десетици и стотици илјади животи на двете страни досега), ама дека Борис Џонсон ургентно дошол во Киев и ги натерал да не потпишуваат примирје, Џонсон реши да се јави после интервјуто на Путин и да каже дека тоа било лага. За среќа, уште има живи сведоци. 

Ви има ова логика?

1 посто од популацијата го контролира светот. 4 проценти од популацијата се нивни марионети. 90% од популацијата се заспани зомбија а 5% се обидуваат да ги разбудат зомбијата. Што се случува? Оние еден посто прават сè за оние 4 посто да ги спречат оние 5 посто да ги разбудат оние 90 посто. Хмм...

Што ќе ни е Такер кога го имаме CNN?

Егото на корпоративните западни медиуми доживеа мал инфаркт кога се разбра дека интервју со Путин обезбедил медиумскиот ренегат, Такер Карлсон. Не можат да мрчат пошто самите признаваат дека и тие барале интервју ама ете, „нам не ни дава, нему му дава.“ На пример, CNN. E, тие прават интервјуа, вилица да ти падне!

Денес е денот

Се чувствувате заглавени во еден од оние безбројни глупи денови во кои не гледате никаква радост или смисла на вашето постоење на оваа планета? Седите дома или на работа, безвезно скролате или вртите канали или мислите да пишете ливче за кладилница, ама сето тоа нема никаков вкус? Дозволете ѝ на оваа девојка да ве понесе фаст форвард, за да сфатите каков луксуз имате баш денеска. 

Шпанската полиција им го блокираше патот на шпанските земјоделци на трактори

Да повториме, полициската мерка за спречување на земјоделските протести во Шпанија беше со автомобили да се блокираат патиштата по кои земјоделците возат со трактори. Па после ќе им вадат вицови, па ќе им вадат.

Трактат за лажните победници

Попрво би се шетал со пластична кеса во која има 5.000 долари отколку со празна торба од Луи Витон вредна 5.000 долари. Така само ќе личи дека сте победиле, ама не сте победиле. Победил Луи Витон. Интересно е како богатите остануваат богати преправајќи се дека се сиромашни, а сиромашните остануваат сиромашни, преправајќи се дека се богати. Финансиска неписменост.