Видео

Господарите на уличната храна

Уште од старт дисквалификувајќи ја нашата држава од каква било конкуренција нa темава (геврек???), собравме неколку мајстори од по свет што имаат достигнато Мајкл Џордан ниво на вештина во својата работа, и Џеј Лено вештина во тинтрање муштерии.

Како се случи Добриот Вил Хантинг

Младите и многу надежни актери, Бен Афлек и Мет Дејмон, во средината на 90-те го имаат едно од најитересните сценарија што го посакува речиси секое студио во Холивуд. Го добива Харви Вајнстајн.

За внатрешните механизми на ток-шоуто

Како џомба во својот еснаф Сајнфелд разговара со Сет Мајерс како што разговара човек што е премачкан со секој можен неонски отсјај на ноќните програми.

Црна магија?

Една од поубавите работи што може да ти се случи после 15 години на интернет, е да изгледаш видео за некој производ и да се почувствуваш како Индијанец што прв пат гледа огледалце во рацете на Колумбо.

Модрици (секој со свои)

Она збори за љубов, он се тепа за фудбал, двајцата се дел од видеото за годинешниот натпревар во Калчо Сторико, оригиналната крвава верзија на фудбал, која се уште се игра во Фиренца секоја година во 3-та седмица од јуни.

Преплашеноста од политичката коректност

Моментално натпреварот е како да бидеш понавреден, а во исто време и почувствителен на што и да ти кажат или што и да се чувства околу тебе, без притоа задолжително да разбираш за што и како си навреден или се случува.

ИСИС од вашето маало

Извештаите и видеата ја покажуваат немилосрдната решителност на ИСИС да покори и заколе се што им е на дофат на рака. Сепак ништо од ова не ја добиваше и повеќе од заслужената грижа затоа што се случуваше таму некаде далеку, во песокот. Сега се појавија првите снимки од нивни подготовки во урбана средина која не е под нивна контрола. Веќе не е така сеедно.

Како се калеше стекот

Тоа што човекот го вика Франкенстек, во основа е големо парче говедско месо (по површина) на кое со лепак за месо, Transglutaminase, му се залепени помали парчиња месо (нешто како да споиш ражнич со вешалица и да го продаваш како бифтек). Идејата на видеото не е да се промовира лепакот, туку да се покаже една од опциите како се добиваат евтини порции стек.

Џон Оливер прозван за ФИФА

Прозван не по основа црна кампања, инсинуации или каков бил не фер-плеј во извештаите за организацијата, туку по основа на ветувањето што го даде во случај Блатер да поднесе оставка. Ова второво се случи, сега редот е на Оливер.

Победувањето во Втората светска војна

Едно од најмрачните видеа за Втората светска војна, базирано чисто на статистики и бројки, без да видите ниту капка крв. Крајна бројка за војната за цел свет - 70 милиони луѓе. Еве како е стигнато до таа бројка.

Сè е ремикс

Ремикс - комбинирање или монтирање постојни материјали за да се создаде нешто ново. Не се работи за крадење, се работи за влијание. Не се работи за музика, се работи за сè.

Плашење на стариот

Секогаш истата финта, секогаш истата реакција. Бар за еден од нив двајца, ова е совршен соживот.

Го викале Елоквентнио

Збирка од моменти во кои Џон Стујарт го покажува врвот на својата речитост, собрани од целиот негов мандат за време на владеење со Дејли шоу.

Политика

Едниот е премиер на Австралија, другиот е главен на опозицијата, а тој што е различен е новинар.
- Се боревме и успеавме да се вратиме со рејтинзи и сега сме на ниво со опозицијата.
- А како би ја опишал опозицијата?
- Како комплетен распад, со докажано минато на некомпетентност, и за тоа не се влада.
- Извини, чекај малку, се боревте за да бидете на исто ниво со некомпетентен распад?

Битката за аеродромскиот Прајд рок

Од очајот на откажаниот авионски лет, сред чекалиштето кое немилосрдно го забавува секој следен момент, се издига дуел на два тешкаши - екипата на бродвејската претстава Кралот Лав, наспроти екипата од бродвејската претстава Аладин. Па каже...

Загарот од твојот мобилен

Тоа што Сири и Гугл Нау сакаа да го постигнат, го постигнува видеово. "Видеово" затоа што ова е прво појавување на концептот, изгледа премногу добро за да е вистина и делумно од љубомора што не можеме да го пробаме. Апликацијата се вика Хаунд (Hound) и автор е компанијата зад СаундХаунд. Функционира исто како колегата од карши, што цел ден го дрвите со секакви прашања, а она па запнал да ви одговара.

Постара и поубава "Brown sugar"

Тоа што не можеа милошевиќевите лудаци со Дубровник (да го разурнат со бомбардирање за да го изградат постар и поубав), можат Стоунси со себе и своите хитови. Како загревање за реизданието на албумот Sticky Fingers, пуштија до сега необјавена верзија на Brown Sugar, снимена на роденденска журка кај Кит Ричардс во 1970-та година, со поразиграни пратечки вокали и  - Ерик Клептон на гитара.

Шепкачот на осила

Клучен прв чекор во отстранување на какво било осило е да се замае колонијата и осите да бидат што е можно помрзоволни. Потоа ја чистиш слој по слој. Единствен отпор има кога ќе дојде ред да ја собереш матицата. Важно е ништо од ова да не правиш сам, туку да најдеш луѓе што знаат што прават. Во конкретниов случај мајсторот е од село во Западен Бенгал.

Токио рика

Едни што го изгледаа клипот се фатија за тоа колку е добро снимено видеото, па уште подобро и монтирано. Другите го форсираа текстот, затоа што те тера да се вдлабочиш во видеото и му дава логика. Аргументот на третите беше - вие глуви сте? Инаку, комплетот е разгледница за многуте ликови на Токио.

Најкомплицираната граница во Еврoпа

Белгија во кој било дел од последниве 25 години да ги имаше нашите соседи и нашето место, до сега ќе беше распадната, прежалена и заборавена. За нејзина среќа, се наоѓа кај што се наоѓа, и има разбрани соседи како Холандија, Франција и Германија, па може да си дозволи да се однесува како Белгија.

Џон Оливер: ФИФА 2

Не работата "ви реков," ама Џон Оливер многу аргументирано ја збореше ФИФА и криминалите околу неа уште ланското лето. Ова е апдејтот по минатонеделното апсење на функционерите.

Адвокатот на Гркот

Германците имаат многу што да забележат на видеово (инаку Германско, на ЗДФ, за грчкото барање за репарации од Втората светска војна), ние имаме далеку повеќе што да забележиме кога Грци зборуваат за жртвата на деца протерани од својот дом. Ама и првото и второто не го олеснуваат страдањето што третите го минале.

Ова не е реклама за Најк

Еден од најинтензивните мотивациски говори на интернетов, во изведба на дечкото од сликата. Може да се аплицира за што и да ви треба куражење, а може да го искористите и кога некој од околината ви е кенкав околу нешто. Ем доволно е краток за да го изгледате.