Нисан 350з Прочарџер на отворен автопат лабаво предизвикува на трка Порше 911 ГТ3. Двете машини се ставаат во погон и почнуваат да го корнат асфалтот, кога од никаде во игра влегува Чаир...
Бил Нај го објавува најновото истражување на научниците кое ја потрвдува способноста на Универзумот на комуницира со директно со тебе и да ти праќа пораки.
Во првите потези може нема да ја забележите вештината и чувството за стратегија кое го поседуваат двајцата играчи, меѓутоа веќе на трет потег се гледа дека се работи за вонсериски таленти.
Од денешна гледна точка, и без разлика колку сте навлечени на носталгија, редно е да си признаеме дека Југославија во споредба со Северна Кореја, била грев во организирање на масовниве кореографии. Како и да е, еве неколку.
Жан Клод Јункер подолго се занимава со политка, отколку што ние се занимаваме со држава. Имајќи го ова предвид, после 30 години во европска политка некако природно му доаѓа на човек да почне со џомба понашање.
Нејзиното дете имало голема работа да соопшти, да 'излезе од плакарот и да каже дека е геј. А таа е уморна и нема зрно енергија за вишок сентиментални фанфари. И е кул. И е многу кул! На светот му требаат повеќе вакви мајки.
Што кога телото веќе нема да биде она исто тело, кога платното веќе нема да биде затегнато како некогаш? Ќе се каете за брзоплетите потези од младоста или ќе победат значењето и спомените кои ги носите во таа тетоважа? Многу јаки ликови, многу добро филмче. 13 минути, вредат.
"Фала ви за сите убави зборови во изминативе денови, ама чувајте нешто и за мојот погреб," па потоа следува последната топ 10 листа, на која 10 ѕвезди му кажуваат на Летерман тоа што од секогаш сакале да му го кажат.
Работи што ги повторивме денес - Тајландски бокс и Крвави спорт (наслов од видеотека) се сосема различни филмови на Ван Дам, и братот загинува во првиот а не во вториот филм. Работи што ги научивме денес - Крвави спорт е одлична реклама за Ментос.
Ако некогаш сте помислиле дека во Космосов нема никава цел за постоење на ужаснава нумера, тоа е само затоа што никогаш не ви текнало да ја поврзете со видеово.
Ако досега не сте имале прилика да се навлечете на Турција, ненаметливата топлина и мудрост на тие луѓе, шаренилото од бои и звуци во коишто живеат, нивните манџи, сукани работи и благца, дозволете да ви помогне ова магично видео.
Иако е време во кое се накотија разни глодари и штакори (кои по колективното беснило мртви ладни ќе се вратат во своите глувчешки дупки), можеби сме сепак нефер кон овие суштества кои не ни станаа симпатични ни со помош на Том и Џери.
Ако веќе сте навлечени на трешот од домашните порталчиња и пичкарања по социјални мрежи, ќе ви биде нејасно што е во овој муабет толку скандалозно за јавноста (а дел од неа баш се скандализираше). Теми: расизам и педофилија. Луи не е свесен колку е генијално корисен.
Лили е од оние досадните, што одат по човек и не го оставаат да мрдне без нејзиниот поглед. Ама е идеална за оние кои сакаат нонстоп некој да ги следи за да имаат чувство дека се важни. Таквите плаќаат по 500 долари за да ја имаат Лили. Ќе ви се свиѓа.
Дојде време од часната старина Дејвид Летерман да се прости еден од неговите најдраги и најчести гости, Том Вејтс. Пред него и Џорџ Клуни за првпат ја изведе својата нова песна, "Take One Last Look". Ова е за тебе, Дејв....
Годината е 1993-та. Дејвид Летерман признава дека во 11,5 годишното постоење на "Late Night" постои еден човек кој не успеал да го донесе во емисија. Босот. Брус Спрингстин вечерта е таму. И забива вака.
Минатиот април, Малколм Јанг ја напушти AC/DC, групата која со брат му Ангус ја формираше во далечната 1973-та година. На само 61 година, гитаристот ги заборави она малку рифови од кои се сочинети хитовите кои не се забораваат. Докторите утврдија дека се работи за деменција.
Малата (гледајте ја како власт) лапала а знаела дека не смее. Ама знае и дека таткото (гледајте го како народ) нема да се лути ако за лапањето не останат трагови. Затоа, прави коалиција со мајка ѝ (гледајте ја како медиуми) да ја забушат работата. Класика.
Наш човек обожава да ја посматра ситуацијата озгора, за да ја сфати големата слика на она што се случува. Фино тоа, освен кога погледот од горе е единствениот поглед на својот живот. Како кај овие фудбалери кои не гледаат ништо пред себе ама затоа имаат монтирано опрема да се гледаат од птичја (гео-стратешка) перспектива. Судијата исто. Комплетно дезориентирано лудило.
Во игра која слободно може да се квалификува за некое следно продолжение на "Пила" се среќаваат две Јапонки и една бубашваба. Правилата на играта се многу порасипани отколку што може да замислите.