Видео

Чоколадна фатаморгана

За многумина чоколадото само по себе предизвикува халуцинации ама ова е многу нивоа напред. Почекајте да се запали стробо светлото и ќе видите како повеќето од нас го замислуваат рајот.

Скриена камера, од душманските

Уште во првата секунда додека те гледа девојка ти, го активираш Армагедон протоколот, во глава ги разлистуваш сите можни ФБ пораки, ДМ на Твитер и мејлови, додека без гледање од телефон ја бришеш цела Вибер и ВотсАп комуникација, СМС-и и именик.

Ако нејќе рибата надвор....

....тогаш може рибарот внатре! Решение за сите оние кои чмаат гледајќи во тапата и се прашуваат, добро, се случува ли нешто долу?

Брчко - Бановиќ 2.0

Сирот Алија Сиротановиќ, да може да го види ова. Во негово време требаше да се има "срце, руке и лопата". Денес е доволно да се набави оваа грдосија.

Доме, слатки доме

Во центарот на Каракас, Венецуела постои еден 45 катен облакодер, недовршен и напуштен. Но, пред 8 години, луѓе почнуваат да се доселуваат во него. Фотографот Иван Бан na ТЕД покажува на какви сè неочекувани места луѓе прават свои домови.

За прислушувањето

Целиот систем за надзор и следење во САД е регулиран преку Патриотскиот закон, кој на властите им ги дава сите овластувања и можности што им требаат за да следат што ќе им текне. Во јуни годинава им истекува рокот на одредбите од законот и ќе треба да се гласа за нивно продолжување. Во април годинава Џон Оливер прави анализа на темата, по пат не заборава да му посвети внимание ниту на Едвард Сноуден.

Ќеиф кој брзо се топи

Со помош на инверзно 3Д принтање, досадните коцки мраз кончено стануваат занимливи. Машинчето го бруси мразот според саканата форма а конечното полирање го прави пијачката.

Изгорена трева

Сали и Џек се млада двојка. Еден ден во својот двор откриваат чуден феномен кој прави дупликати од живите организми. Сали почнува да ги користи предностите на откриеното чудо, а на Џек уште од почетокот му е шубе. 11 минути.

10-те најдобри потези на Џордан

6-ти натпревар од НБА финалето 1998-ма. Чикаго води 3 - 2 во во натпревари, и гостува во Јута. Триесетина секунди до крај, Јута ја има топката, нов напад и еден поен разлика, личи како да ќе извадат и 7-ми натпревар. И тогаш, Џордан.

БМВ со катастрофално утнат 1 април

Во најлошата, историски глупа, неподносливо непромислена прво априлска шега, која комлетно го има утнато значењето на денот, БМВ Нов Зеланд му вети на првиот човек што ќе дојде кај нив во претставништво и ќе го побара Том, дека бесплатно ќе му даде скроз ново БМВ. Нашето мрчење од почетокот на текстот е што стварно им дадоа скроз ново БМВ.

Како наседнуваат малите боксери

Тоа што трикот е стар, не значи дека сите го научиле. 

Кој сака да биде човекот кого го сонуваат сите?

Што би правеле ако еден ден се пробудите и сфатите дека целиот свет (целиот!) ноќта ве сонувала баш вас? А ве сонувала - лошо. 18 минути, зезнато филмче.

Па што, да не не боли толку?

Ова е видео во кое на голем, возрасен маж му ставаат инекција во газот. Најбитно што треба да знаете кога гледате видео во кое на голем, возрасен маж му ставаат инекција во газот е - да намалите звучници.

Само поразот нè дели од победата

Како ретко кога болно соочување со минливоста на победите во животот. Налет вака ако е до крај.

Нешто од Мич

На 30-ти март 2005-та, на 37 години почина најсмешниот човек на светот - Мич Хедберг. Следниот ден, неговиот колега Даг Стенхоуп на својот блог напиша: "Не знам како умре Мич. Знам како живееше Мич и тоа живееше брилијантно и според сопствени правила. Бројот на години до неговото име е само податок. Содржината на тие години е инспирација."

Тревор Ноа, човекот кој ќе го замени Џон Стујарт

Има 31 година, и кон крајот на годинава кога Стујарт ќе реши дека е доста, станува новиот водител на Дејли Шоу. Ноа е роден во Јужна Африка, работи како стенд-ап комичар, и имаше неколку настапи како дописник на Дејли Шоу.

Бугарски ИСИС

Идеолошката разлика е очигледна, и покрај тоа видеото од обезглавувањето е подеднакво вознемирувачко како да е од вистинскиот ИСИС.

Лекција до излудените либерали

"За луѓе кои се толку горди на својата љубов кон различностите, либералите изгледа дека не може да толерираат ништо во своите редови", вели Бил Мар и таквите ги прашува: "Што е поентата да напаѓате луѓе кои се 95% од ваша?"

Маж рекол, маж одрекол

Како ретко кога времињава на површина извадија луѓе што се спремни да стојат зад она што го кажале во јавност. Како и секогаш, не баш.

Викенд музика за сечиј (не)вкус

Две домашни, две странски изданија. Ферски.

Индиски акциони

Ако џандарите вака изгледаат во Боливуд, едвај чекаме да видиме на што ќе им личат Авенџерс. Чак Норис + Клинт Иствуд + Чарлс Бронсон + Матрикс, е до таму се.

Ѕидот доаѓа од блиску

Имаше едно видео со луѓе што го сечат дрвото на кое се качени. Нешто слично, само со ѕид, токмак и акмак.

По пат одам, за пат пцујам

Ако некогаш си помислил "немаш ти толку пцовки, колку што патот до дома има дупки," човеков е тука да те разубеди.

Бесмртноста е да се убиеш

Смртноста и свеста за неа е една од најужасните придружнички на човечкиот живот а истовремено е она што ја дава смислата на нашите постапки и животни содржини. Што ќе се случи ако некому навистина му биде подарена бесмртност? Како што вели старата мудрост: внимавајте што посакувате, да не ви се оствари. Добрата вест е дека можете да сметате на многу секс. Лошите вести - во видеото.