Видео

Шоферски нерви на денот

Погледнете го овој возач на Хезболах како трпеливо ја чека вистинската секунда за да го помрдне возилото напред и да ја избегне ракетата упатена кон него. А вие не можете на време да тргнете кога ќе се запали зелено на семафор!

Свеж воздух во конзерва

Канаѓани ова им го продаваат на Кинези и таму е наводно вистински хит. А кој е напатен како скопјани, тетовци или битолчани ако не пекинжани?

На точак во Берлин, теорија вс. реалност

Може е време да му помогнеме на Германецот да се организира за да си ги реши проблемите.

Колку луѓе има убиено Тарантино?

Да ги пребројуваш мртвите во филмовите на Тарантино е една амбициозна пописна операција. Видео есеистот Кевин Б Ли не го мрзело па седнал и поминал низ сите тие негови филмски масакри. Да не ви ја расипуваме конечната бројка ама, бааги е. 

Нема да верувате како ова видео ќе направи да се чувствувате

Науката зад "clickbait" и глупите наслови што ве вадат од такт.

Алтернативна синхронизација на Ѕвездени војни

Алтернативна во смисла нема везе со филмот, ама изгледа комплетно автентично ако им читаш од уста. Нема спојлери, сите клипови се од "добрата" трилогија.

Човек је мој друг

Додека овој си игра со лавовите, пазете го тигарот како го пази човекот.

Мајка Тереза: Пеколниот ангел

Светоста на Мајка Тереза е претпоставка која е прифатена од многумина кои дури и не се верници, објаснува Хиченс, кој потоа трга од почетокот на целиот мит што се создава на Западот околу неа, па потоа дава едно поинакво гледиште за една малку поинаква Мајка Тереза.

Нова пратка твитови

Џулија Луи-Драјфус, Шон Пен, Лив Тајлер, Елизабет Бенкс, Даниел Редклиф, Кирстен Данст, Џејсон Шварцман, Мајкл Би Џордан, Ки и Пил, Џулијана Маргулис, Колин Фарел, Џордана Брустер, Курт Расел, Виола Дејвис, Метју Пери, Лејк Бел, Сара Полсон.

Во живот треба да знаеш дека е готово...

Посебно ако сите животни одлуки довеле до тоа да бидеш ММА борач... уште повеќе ако сите животни одлуки потоа довеле до тоа да бидеш лош ММА борач.

Послушајте дрва заговорнички

Една од главните теории на заговор околу 11-ти септември, која цели на тоа дека нападот е организиран од власта, ЦИА, Евреите, масоните или кој и да им е на дневен ред, е дека авионското гориво не може да ги стопи челичните столбови од кои беа направени кулите Близначки. Човеков има металуршка работилница, не од хоби, туку затоа што цел живот го работи тоа. Не му е гајле за никаква теорија, ниту нечии побуди, гајле му е "за ретардураната металуршка логика" што се користи како аргумент.

Сè што треба да знаете за подемот на ИСИС во 6 минути

Како и секој добар американски хорор, и овој започнува со - Советскиот сојуз во 70-те... Кратко и јасно видео за создавањето на ИСИС, како се ширеше, како ќе биде поразен, ама никогаш нема да биде уништен.

Две македонски тв дебати околу марихуаната

Денес излезе веста дека под најитна постапка (најкасно до март следната година) ќе се носи закон за легализација на одгледувањето и користењето марихуана во медицински цели. Во рок од неполни 15 дена, на две македонски телевизии имаше по една дебатна емисија на потполно истава тема. Потсетување на двете емисии и што беше кажано.

Славни последни зборови

Некогаш кармата како да не може да дочека да дојде на ред.

Решавање љубовни проблеми со магија, поволно на 3 рати

Не е проблем што женава ангажира гатачка по препорака од интернет форум, ниту тоа што верува дека таа со праќање пасоси од Куранот на арапски ќе и го врати бившиот, веројатно не е ни тоа што ја заклале за 150 евра. Проблем е што кога некој ќе ти каже дека магичниот лист што ти го пратил треба да го чуваш 40 дена под перница, па да го закопаш, и дека тоа далечински ќе му ги прочисти емоциите на саканиот и ќе го натера да ти се врати, на тебе целата работа ти станува матна кога текстот што ти го пратиле не ти е доволно арапски, па се сомневаш дека нема да фати кај тебе. Проблем е и тоа што секој што решавал магии во Србија, кај да е ќе се симне и во Македонија (или барем ќе гостува).

Големиот Фејсбук грабеж (на видео прегледи)

Како што Фејсбук одлучи да тргне во поход по видео содржини и сите можни алгоритми да ги наштелува во корист на видеата објавени кај нив (си го мерат со Јутјуб), така луѓето што прават видеа од ден на ден стануваат се погневни гледајќи како на очиглед на Фејсбук луѓе им ги крадат видеата и заработуваат (поточно со Фејсбук делат) пари од нивен труд. Во ноември Фејсбук објави дека имаат 8 милијарди видео прегледи на ден. Ништо не е така како што вели Фејсбук.

Џони Вокер за браќата

Клип кој ќе ве натера да го засакате родениот брат, или барем на кратко да помислите на него. Реклама за Џони Вокер која е чисто студентски проект на двајца студенти од Филмската академија Баден-Вуртемберг, без никакво знаење или консултација од Џони Вокер. Живели брат!

Зошто мислиш дека суплементите се здрави?

За витамините од кутија и некои многу, ама многу, лоши муабети за витаминот Ц, баш сега сред сезона.

Руски игри без граници

Несакајќи, најдобриот експеримент што Митбастерс никогаш не го направија: огнофрлач вс. пожарникарско црево.

Монтажа за филмот од 2015-та

Најдобрите 25 филмови во избор на Дејвид Ехрилх од Ролинг Стоун магазин (што не значи дека изборот е на Ролинг стоун магазинот). Ова му е 4-та година по ред како го прави ова.

Како да возиш точак (во Амстердам)?

Една од сериозните заблуди околу желбата сите да возиме точаци, е дека кога ќе ги поразиме возачите на коли / мотори и ќе добиеме наша лента, ќе можеме што сакаме да правиме на точак и ќе живееме во една прекрасна хипи комуна на две тркала во која во сообраќајот ќе се шири само љубов. Секој што развил тикови кога пробал на точак да го разгледува Амстердам или Копенхаген, ќе ви каже дека тоа не е ни приближно така анархично и лесно. Холанѓанецов ќе ве запознае со основните велосипедски правила за Амстердам.

Кога камерите ќе стивнат

И БиСиСи, и Руперт Мердок, и тој колегата во студио, ма сите... Џонатан Пај со обраќање до сите овие, за најголемиот страв на секој репортер, за пропаста на БиБиСи и британското општество и сè по ред.

Уште едно наравоучение од Интерстелар

Парадоксите на филмот веќе ги наброивме во статијата: "Објаснување за крајот на Интерстелар, што ќе ве натера пак да го гледате Интерстелар". А видеото кое следи објаснува зошто за следното гледање треба да купите две карти. 

И хипстерите се луѓе

Кај треба да се вози со автобус, па уште и вас да ве слуша. Не е јасно што е спорот со хармоникашите, тоа што се "цигани," тоа што свират хармоника или што ги доживува како да се облекуваат похипстерски од него?