Видео

Ручекот низ нос

Не фигуративно како што твоите ти кажуваат на секое карање на маса во недела, туку вистински. Само затоа што бебево многу е бебе, целата сцена не е така одвратна како што може да биде. Да беше возрасен, ќе требаше до крај на живот да слуша дека треба да престане со пиење / дрогирање.

Фреди на суво

Од 'We Are The Champions' изолиран само вокалот на Фреди. За да не мислите дека ова што го прави е некако лесно, потсетување на обидот на Канје да го отпее Фреди.

Како да ги одржиш новогодишните ветувања

Многу лесно, исто како и сите други ветувања, прво ќе научиш да уживаш во својот неуспех, а потоа ќе ревидираш се што си ветил. Џон Оливер со поконкретни упатства околу ова.

Господарот на филмскиот ќотек

Брад Алан е кореограф на филмски акциони сцени, поточно смислува илјадници начини како некој што поефективно и што пофилмски ќе биде убиен. Еве што има смислено до сега.

Како Јутјуб ќе нè избрише сите нас

Дечкото ставил видео на Јутјуб. Па го симнал видеото од Јутјуб и повторно го качил. И така 1.000 пати. Сторијата не е шокантна заради тоа што сè мора да издржат серверите на платформата туку заради тоа што ќе остане од човештвото ако Јутјуб биде негова единствена архива. Помислете 10-те божји заповеди, наместо на камен, да беа аплодирани на Јутјуб.  

Ова некогаш ќе пукне

Иако никогаш не е топ опасност во светот, отсекогаш сме мислеле дека планетава ќе отиде у курац баш од овие: Индија и Пакистан, смртно раскарани околу Кашмир и остало, а и двете земји се нуклеарни сили. За среќа, нивниот ривалитет засега е само ултрасмешен. Погледнете како си ги мерат кога е време за смена на војниците од двете страни на границата. Секоја вечер се случува ова!

Кучето кое ни прости што сме стока

Едно куче од шелтер, измалтретирано и полно со недоверба кон луѓето, за првпат се среќава со добрина од двоножно животно.

Сајнфелд и Обама џаболебарат

Името на шоуто е "Комичари одат по кафе," по интервенцијата на стражарот од Белата куќа шоуто стана "Комичари што не одат никаде со Претседателот".

Посветено на луѓето кои живеат со некој што учи да свири

Девојката се снимала на секои неколку недели до каде е стигната со нејзиното свирење виолина. Од нула до две и нешто години. Во видео тоа изгледа фино. Ама помислете на оние околу неа. Тие 2,3 години некој требало да ги издржи.

Откриена е тајната на пицата

Баталете ја руската салата, кифлиците и останатите канони на новогодишната трпеза. Оваа Нова година ќе бидеме на пица! Зошто? Затоа што конечно имаме откриено еден клучен дел од рецептот за пица со три вида сирења. Па како не ни текна досега??

Балет од болка

Балетаните се борци во тајландски бокс. Тоа што ние го гледаме како ќотек, они го гледаат малку поуметнички.

Невременска 2015-та

Истите луѓе што ја правеа Новинарска 2015-та, посветија посебно внимание на луѓето што читаат временска прогноза. Ова им е компилацијата.

Рускиот монах со X фактор

На руската верзија за бирање таленти за пеење (Звезде Грандушка, Звезде Пинкушка), убедливо победил Отец Фотиј, 10 години јеромонах на руската православна црква. Победата била толку убедлива (76 проценти од гласовите на публиката), што луѓе мислат дека тој бил пратен од црквата како ПР потег за подобрување на нејзиниот човечки имиџ. А гласот на калуѓерот - божествен. Арсо наш не пее вака ама па затоа подобри песни знае од Фотиј.

Роки, да бидеме реални

Легендарната сцена од тренингот на Роки, со онаа легендарна песна. Е, тоа само без легендарната песна. Отприлика што слушале оние што снимале. 

Арсен Дедиќ и Здравко Чолиќ: Загрли ме

Фина и денес веќе антологиска сцена од 1977 година. Арсен и Чола ја увежбуваат "Загрли ме" ( Не може ти вијетар ништа...). Првиот на клавир, вториот на гитара, а песната се раѓа....

Бонд кој веќе го нема

Новиот Бонд би можел да биде црнец или трансџендер, би можеле да го видите како пие смути наместо вотка-мартини, да носи еко-френдли пижами наместо Том Форд фрак или да јавне тротинет наместо Астон Мартин. Во нов филм со Џемс Бонд само ова веќе никогаш нема да можете да го видите.

Домаќинка на ЛСД

Ексепримент од 50-тите години, ги снимаат доживувањата на една сосема обична жена под дејство на халуциногениот ЛСД. Дисконектирана од реалноста, се чувстува прекрасно, сè околу неа е колоритно и живо и убаво, жал ѝ е за оние што не можат да го видат она што таа го гледа. Накратко, како наша денешна домаќинка откако ќе изгледа серија вести по нашиве ТВ Трипови. 

Никогаш повеќе не си сакал да купиш шајбна

Самата тема на видеово е фабрички незанимлива за секое човечко суштество, меѓутоа ја надградиле со добар текст, прави кадри кои се прецизно монтирани и одлична употреба на графика. Крајниот резултат е една сосема непозната желба да земеш и да ја смениш секоја можна шајбна во животот.

Народот против зимата

Иако музиката на оваа видео компилација од зимски бељи е малку нервозна, туѓата мака секогаш умеела ефикасно да нè смири.

Колку Индијчиња собира во кола?

Додека вие се возите сами или по двајца, овој во колата пренесе цело ОУ.

Додека Принц цимоли јако

Една фина репрезентативна екипа која ја изведува "While my guitar gently weeps" на Битлси. Тука се Том Пети, Стив Винвуд, Принц.... особено Принц.

Овој нас нè прави мајмуни. Поштено!

Бидете искрени пред себе. Ве затвораат во ќелија со решетки во која нема ништо освен еден чаршаф. Ако не сте апла депре за да помислите да се обесите, ќе легнете на ладниот под и ќе се покриете со чаршафчето. Така? Така. Па стварно, тоа е максимумот кој може интелигентен човек да го извлече од таа ситуација, нели? А сега - тој.

Правниот епилог на виралните љубови

Веројатно сте налетале на оваа романтична видео сторија, кога дечкото запре цел автопат за да ја запроси својата девојка. Ах, каков потег, каква љубов, каква... правна држава.

Политички дијалог на врвот

Ситуација слична на она од предвоените времиња на екс Југославија, кога на објект на хрваска пошта некој имаше напишано "Ова е Србија!", на што некој му објасни: "Ова е пошта, будало!" Израелски доселеник сака да симне палестинско знаме од територијата на неговата држава, со тоа што таа територија случајно е нечиј домашен кров. И онда напупен меѓу бодликави жици започнува дебата со домаќинот.