Видео

Што куќа се купува за 2 милиони долари во Калифорнија

Се работи за една од најскапите локации, Пало Алто, а за парите отприлика добиваш нешто поголема од оние картонските бараки во Козле и Тафталиџе. Во случај да ве бендиса а немате веднаш 2 милиони евра да ги платите, куќата можете да ја земете на 30 годишен кредит со месечна рата од околу 13.500 долари.

14 години од една финансиска трагедија

Мај 2010, биткоинот е уште во зародиш, а еден крипто-ентузијаст во желба да покаже дека концептот функционира решава да нарача пица и истата да ја плати со биткоин. Нарачува 2 пици кои по тогашен курс вредат 10.000 биткоини. По денешен курс 10.000 биткоини се 630 милиони евра.

Американци на другата страна на депортацијата

Мексико одлучи да почне да депортира Американци од земјата не само затоа што се неподносливи туку затоа што се насобрале толку многу што го поскапуваат животот за локалците, а и се неподносливи.

Тролање на Де Ниро

Легендарниот актер е познат и по својот анимозитет кон Доналд Трaмп. Вчера одржа прес на отворено, го прогласи Трамп за тиранин и предупреди дека ако Америка дозволи тој повторно да влезе во Белата куќа, никогаш нема да излезе од таму. Трамписти му спакуваа дипфејк видео од настанот.

Уште на Пол Њумен му беше јасно

Империите и нивните постапки отсекогаш биле лицемерни, само, кој кога ќе го сфати тоа. Легендарниот холивудски актер потсетува на два истоветни момента, кога Израел срушил патнички авион и кога истото тоа го направиле оние од СССР. Американската реакција била комплетно различна. Зошто? Затоа што на империите им треба непријател. Како инаку ќе се изнудат пари за оружје? 

Џефри Сакс: Војната беше испровоцирана

Несреќата започна кога Вашингтон реши да ја придобие Украина за да добие 2.100 километри граници со Русија каде ќе може да носи војници на НАТО, оружје, бази... потсетува Џефри Сакс, еден од топ трите најбарани говорници на светот (можно е скоро да го видиме и на конференција во Македонија). „Самите си поставивме стапица буткајќи ја Украина сè подлабоко во овој безнадежен хаос во кој сега се наоѓа“.

Разбуденоста како кенкање кое не води никаде

„Животот станува многу оптоварен, а не сакаме да се движиме во таа насока,“ ќе им порача премиерот на Сингапур на сите непотребно превозбудените претставници на религијата на разбуденост, притоа многу внимателно дијагностицирајќи го проблемот и лекот за истото.

Каде за колку се добива државјанство

Дечкото дава преглед на држави во светот кои овозможуваат да купиш нивно државјанство. И кажува во која земја колку пари треба да дадеш или инвестираш. Кога се зборува за набавка на државјанство, глупо е да не се спомне и Македонија. И дечкото ја спомнува, само со скроз погрешна информација. Некој треба да му каже дека тоа кај нас се добива и со сметка од ЕСМ.

Рамштајн во Белград, рекапитулар

Викендов во Белград беа ѕверовите од Рамштајн, убедливо најголемата светска концертна атракција. Се довлекоа со 77 шлепери опрема, го монтираа чудовиштето од бина и на 60 и кусур илјади публика кои шлапаа во кал, со цистерни децибели и потрошени над илјада литри бензин, им ги запалија ушите и очите. Рамштајн не мора да ги сакате, ама мора да ги видите. Чекајте да чуете со која песна Србиве ги враќаа на бис.

Кинеско решение за мобилни на часови

За потемелно и поуверливо спроведување на забраната за користење и носење смартфони во училница Кинезите одлучија да употребат една десетици векови стара технологија - кофа со вода.

Сега и ЧетГПТ трошел многу

Уплавот од CO2 и фамозната енергетска ефикасност се два столба на стравот поврзан со климата. За првото ќе бидеме до крај коректни дури кога ќе престанеме да дишеме а за второво постојано се наоѓаат нови непријатели. Еве сега дознаваме дека еден ЧетГПТ муабет трошел енергија колку 17 Гугл пребарувања. Што значи дека енергетски најефикасно би било ако почнеме да бараме одговори од некој кој гледа на гравчиња. 

Солзи со бекграунд

Ако некој ви раскажува како е во неговиот/нејзиниот брак или врска, можете да завршите убедени дека СТВАРНО знаете што се случува таму. Додека не ја слушнете другата страна. Ова е таква приказна: расплакана самохрана се снима како сама си прави роденденска торта, само за да можат нејзините деца да се радуваат додека ѝ пеат хепи брдеј. Тоа проаѓа масовно на интернет. А потоа се јавува таткото.

Тајната на хармоничниот брак

Оваа среќна двојка ја открива формулата која нив им завршила голема работа да нема кавги, недоразбирања и натегања. Уште кога се земале, се договориле кој за какви одлуки ќе биде одговорен. Таа ќе ги носи сите мали одлуки, тој ќе ги носи сите големи одлуки. Заедно се 40 години и почекајте да ви го откријат епилогот од таквиот нивен договор.  

А ние први да го пробаме ова?

Стариот Ворен Бафет тврди дека може да го реши дефицитoт на државата за пет минути. И навистина идејата е генијална: усвојуваш закон кој вели дека во оној момент кога дефицитот во земјата ќе надмине 3% од БДП, актуелните пратеници и владата автоматски биваат дисквалификувани од учество на следните избори. Па да видиме кој ќе се прави галантен со наши пари!

Има луѓе кои уште веруваат

Трамп испаднал тежок сељак пред јапонскиот амбасадор... Путин признал дека има компромитирачки материјал за Трамп... Трамп држи мигрантски деца во кафези... Трамп не ставил слушалки за превод зашто не го интересирало што има да каже италијанскиот премиер... Сето ова е објавено во угледни меинстрим медиуми. И ништо од тоа не е точно или барем е јако изманипулирано.

мРНК пишман аџии

Научници, доктори,  влијателни медиумски лица, политичари... мала компилација од оние кои беа апостоли на задолжителното вакцинирање за подоцна, поради личен или сличен пример да се предомислат. Нормално, не беа сите тие дел од заговор, туку така ни беше кажано (а некој па и знаел, така ли е Фаучи?). Чисто за некој следен пат, да се намали со чаталење кога се верува дека се поседува конечната вистина.

Уште Бугарите во уставот и да пуштиме џигерици

Да беа ова снимки од 80-тите, ќе беше тоа еден сосема вообичаен викенд во Нови Пазар во кој е закажан концерт на Синан Сакиќ или Шемса и Јужни ветар. Ама, ова се снимки од оваа ера на ЧетГПТ, од Белгија, од европски фестивал на горди носители на фамозната „тарзанка/џегерица/ џигерица“. Тоа е една грдотија која боли, ама па од друга страна, ги заболе нив што другите мислат за нивната фризура.

Магнетна резонанца на вашето сурфање

Ако досега не бевте сигурни за својата приватност додека сте на интернет, гледајте што е на ред. Микрософт и нивната „Recall“ опција која функционира вака: компјутерот непрекинато прави скриншотови од сè што се случува на вашиот екран и потоа тие податоци ги обработува ВИ, за да ви даде сè што ќе побарате, дури и да не ви било напишано туку само видено. Да де, може и некој друг да побара. 

Пиење на полн и на празен стомак

Експериментот на девојката ги потврдува претпоставките, особено во поглед на спуштањето на промилите и трезнењето во кое разликата испаѓа дупла (ама и забавното трае дупло). Додуша, нејзиниот експеримент се сведува на само четири шота вотка. Ние познаваме луѓе кои пијат четири ракии пред да решат дали дента ќе се напијат нешто.

Доктор Никотин

Се сеќавате на оние збунувачки вести во пандемијата дека пушачите многу подобро се справуваат со ковид отколку другите? Доктор Брајан Ардис вели дека тоа е само мал дел од фантастичните медицински и здравствени придобивки од никотинот кој го содржи тутунот. И за превенција и за лекување. Алцхајмер, Паркинсон, аутизам, мозочни тумори, артритис...

Ете зошто Вашингтон се вознемири од Хаг

Сенаторот Линдзи Грем има многу  причини да се срами од своите ставови но познат е баш по тоа што не се срами, па затоа знае најдиректно и најсоголено да го каже она што другите американски политичари го виткаат во обланди. Така беше со задоволството што гинат Украинци ослабувајќи ја Русија, така е и сега, за хашкото барање за апсење на Нетанјаху: „Ако го дозволиме тоа, ние сме следни“.

Оглас со печатна грешка

Американец дал оглас во кој, покрај останатото, на крај наведува дека „Азијати не доаѓаат предвид.“ Бидејќи е тоа крајно необично и идиотски да биде напишано, новинарска екипа тргнува дас го најде расистот. Стварно така напиша? Стварно. Ама зошто? Затоа што се идиоти.... Пар секунди подоцна, се открива пресвртот.

Овој човек го советува Бајден за економија

Ако ова не е некоја ујдурма со вештачка интелигенција, тогаш видеото е многу, ух. И страшно и бурлескно истовремено. Човекот се вика Џеред Бернштајн и е прв човек на Советот на економски советници, главното тело кое го советува Џо Бајден за економски политики. И прашањето кое му се поставува е од тој домен. А одговорот? Ко Славјанка да си ја прашал за Шопенхауер.

Нафтата е испиена, санкциите стоо

Пред војната во Украина, уделот на руска нафта во Индија бил помал од 1%. Денес изнесува речиси 40&. А сега за другата страна на равенката која расветлува зошто Европа економски издишува: пред војната, Европа не купувала нафта од Индија, денес таа е најголемиот купец. Русија лајкс дис, Индија лајкс дис, а до кога од ЕУ ќе си пукаат во нога, не е јасно.