Видео

Секогаш постои (поглупа) алтернатива

Пишавме пред некое време дека "ни од третите нема фајде" (види: Алепо? Се мачка на леб?) а Џон Оливер тоа фино им го разработи на американските гласачи кои се соочени со непривлечната понуда: Хилари или Трамп. Им објаснува дека наместо "да го изберат помалото од двете" тие всушност треба да го изберат "најмалото од четирите зла".

Кралот на крукчињата

Овој е толку напред во правење крукчиња од дим што следна фаза би му било да прави триаголници.

Мама лама

Еден ден ќе порасне детево и можеби ќе наиде на стари снимки, кога мајка му била млада, нежна и сочна. Го плукна бе!

Најважното видео што ќе го изгледате денес

Рамо до рамо со глобалните мистерии Атлантида, летот МХ370, како може да ја викаат пастрмајлија ако нема пастрма, Бермудски триаголник, опстојува една нејаснотија која само благодарејќи на вашите силни живци до сега не ве извадила од кожа - за што е тоа едно екстра дупче за врвки на вашата патика?

Не сите сакаат да снимаат видеа за излегување на гласање

Ок, за сите не можеме да збориме, за Азиз Ансари можеме.

Малку наука во наша полза

Ѕирнете го видеото, нè мрзи да го објаснуваме.

Во чест на Лаза

Деновиве беше годишнина од смртта на Лаза Ристовски, еден редок и извонреден клавијатурист (беше во Смак и Бијело дугме). На неговиот албум „Мерџ“ од 1982 има еден инструментал („Домина“), нешто што го имате чуено дури и ако мислите дека го немате. А Апостол го живнал.

Пиксар за возрасни

За да покажат дека анимациите не се само за деца, двајца од Пиксар го направија ова кратко, озбилно и доста мрачно филмче за големи луѓе.

Приказната за 15-годишниот бодибилдер

Заедничко за тинејџеров и дел од останатите бодибилдери е што зема стероиди. Различното кај него е што овие останативе што во животот земале стероиди изричито му кажуваат да не зема стероиди на 15 години, и дека не знае што му прави на сопствениот организам.

Дали е поважно да си искрен или учтив?

Кога ќе видиш и двата типа на луѓе се исти, само што вторите пазат тоа што имаат да ги го кажат да не ти го плеснат во фаца.

Човекот кој во грло крие гитара

Акапела изведба на една од најпознатите песни од 70-тите, Хотел Калифорнија. Шесторката има бубњар (посветен и одличен), ги имаат препознатливите терци на Иглс, но почекајте да му дојде ред на дечкото со траката на чело, оној кој изгледа како им упаднал од некој кунг-фу филм. 

Проблемот што мислиш дека другиот секогаш е морон

Има еднo глатко игнорирање на луѓето со различно мислење, па наместо да гледаш да го објасниш својот став, тебе ти е поважно да бидеш во право. Барем така вика Џим Гафиган, па после има уште нешто да дополни.

Наши не научија, тој ќе научи

Дечкото е полиглот и ова чисто за да го запознаете, да нè потсетите да видиме како му оди. Си дава задача следните два јазика да му бидат македонски и унгарски. На нашиов ќе одвои три месеци, за унгарскиот година дена. Баш да видиме. Ок, струмичани секогаш можат да го заебаваат додека не успее да каже: ИЗДЕЗОДОРАНСИРАЛИСЕ? (превод за вас другите смртници: "Дали стави дезодоранс?")

Кој бира, мастурбира

Ок, има и пофини начини да се долови наравооучението на ова видео, ама па, нема поефикасен.

Штипка во 10 потези

Како онаа владина реклама за креативност (во жицата да се види спојувалка) така и стариов во парче дрво гледа штипка. А не дека ние не гледаме баш ништо во тоа дрвце. Само треба да седнеме на кафанска маса што се клати, одма ќе ни текне за што да го употребиме. 

Купено!

Со должна почит кон сите проблеми и предизвици на нашето одење на Марс, ние сепак би почнале со епските заебанции кои не чекаат на пократките релации. На пример, што со главата кога заспиваш во автобус или авион? На страна ќе се искривиш, нанапред ќе се укочиш а ако тимбата ја ставиш во лер па слободно се клацка, некој одма ќе те сними и ќе те фукне на Јутјуб. Кажете драгичка. 

Гана има џип, Гана има тенк

Лика го даде Никола Тесла, Словенија го даде Херман Поточник (види го мокументарецот "Houston, we have a problem") а Гана го даде Апостол. Апостол Доктор Квадво Сафо Кантанка, генијалниот инжинерски ум кој со локални материјали и уште полокални заварувачи на својата земја ѝ возврати со првиот џип со погон на 4 тркала и првиот тенк. Тенк!  

Хаксли за техно - диктаторите

Ако сакаш својата моќ да ја задржиш неограничено, треба да ја добиеш согласноста на владеаните.

Татко е за страдање

Од мајки се учи како треба, од татковци - како не треба. Некогаш страдаат тие, некогаш оние на кои им се паднале. Битно, страдањето е општо.

Кога муабетат две Мисици

Си биле две мисици. Едната од Филипини, другата од Австрија. Оваа од Филипини пробува да започне пристоен муабет со колешката, давајќи ѝ до знаење дека не е до толку без информации за нејзината земја.

Најбрзиот рапер против најбрзата дактилографка

Тој има 60 секунди на Гинис да му докаже дека е најбрзиот рапер на светот. А таа веќе е влезена во книгата како најбрза и му фаќа стенограм. И после му чита што кажал. Не му чита многу.

Кога Горбачов сними реклама за Пица Хат

Во историјата тој е човекот кој го сруши Берлинскиот ѕид, стави крај на Советскиот сојуз и воведе демократија во половина свет. Ама од историја не се живее.

Некој само што победи во интернет

Појака порака од Бенд еид, Лајв еид, Ју рок мисија, Битлси и Ју ту заедно.

На работа, на ганџа

Работен ден во фарма за канабис на затворено. Не, не дуваат по цел ден, него ја имаат средено на ниво на аптека и сè изгледа толку бајковито што мислиш дека можеш да ја помирисаш марихуаната.