Видео

Несаглам

Хилари за време на кампањата ги нарече гласачите на Трамп `deplorables` (отприлика: несаглам). Рози Одонел, жената немесис на Трамп, деновиве излезе со шпекулација дека малиот (10 години) Барон Трамп можеби е аутистичен. Демек она се секира, демек би било супер за свесноста околу ова прашање. Нема она гајле што шпекулира околу здравјето на дете. Заради вакви работи, покрај другите утки, демократите изгубија.

Звукот на 2017

По основа на гласови од 170 луѓе што се дел од светската музичката индустрија (критичари, диџеи, водители), Би-би-си изработи плејлиста на музиката што ќе се слуша во 2017. П.С. наспроти здравата музичка логика, ниту една од песните не избрана преку конкурс за субвенции.

Екстерното на Лено

Легендарна анкета на Џеј Лено (за вакви работи кај нас цар беше Реџеп Пампур, бог да го прости), во кој се сумира капиталот од човечки ресурси формиран од образовниот и општествен систем. Кога ќе завршат сите реформи кај нас, може и ние вака ќе си знаеме.

Шпицот во Токио

Освен јапонската смиреност и упорност, ова видео открива и една модна пикантерија: мангупите носат шпиц кондури со црни шпицови за да не им се познае дека ги тискала врата од метро.

Трамп верува во љубов

По феноменалниот дует со Хилари (тоа тука) музичката кариера на Трамп продолжува со уште еден дует, овој пат со Најџел Фараж, и еден сингл за своја душа.

Како никогаш повторно да не залепиш велосипедист со врата од кола

Има нешто што по основа на географско потекло и пракса се вика "холандско посегање" и иако звучи како име на многу конкретен фетиш, всушност е потег кој ќе помогне околу еден од најголемите стравови на секој градски велосипедист - да не му отвориш врата од кола пред нос.

Војната за рафтот во твојот супермаркет

Бројките се американски, праксата не е исклучиво американска или и кај нас локално непозната.

Чистењето улици никогаш не било поинтересно

Може не е интересно за работа, ама за гледање е магично. Исто така многу објаснува и за тоа како низ светов им успева „сè да им е чисто ко вчера да е правено“.

Бил Бур за Black Friday

Ден кога Американците најмногу го растажуваат. Зошто луѓето си го прават тоа? Што не се помират со фактот дека не можат да имаат нешто по регуларна цена?

Сообраќајот во Л.А.

Треба да тркнеш до другиот крај на градот. Се простуваш со најблиските, им кажуваш каде е тестаментот, со себе земаш апарат за бричење, катетер, печена кокошка, два терабајта музика, пар книги од Балзак, туце порно списанија, две туциња марамчиња, ЦД бокс за аудио курс по мандарински, прибор за прва помош, прибор за втора помош, мобилна апаратура за помали хируршки интервенции врз себе, дополнителни количества маст за проширени вени и хемороиди.... И оп, едно време, си стигнал!

Фудбал на пијано

Не на пијано, на камен пијано! Иако минималниот услов е еден промил, овие спортски ентузијасти прописно се направија ќофте пред да фатат топка. А судиијата е со дрегер за дување, за да пресуди дали некој гол е постигнат со регуларно количество на алкохол во крвта. Една утакмица на овие ајвани со македонската репрезентација би била резултатски крајно неизвесна.

Човекот кој уште не знае кој победил за претседател

Изборната ноќа ја преспал и утрината сфатил дека ништо не му фали што не знае. И оттогаш одбива да дознае, избегнува секакви медиуми а кога е надвор, става слушалки и носи плочка со напис "Не ми кажувајте кој победил". "Многу е мирно во моето балонче на незнаење," вели зен мастерот.

На што човек попрво да мисли

Во автомобил си и на едната страна ти се шетаат лав и лавица. ОК, вртиш глава на другата страна.

Како не се најдоа Џорџ Лукас и Дејвид Линч

Се нашле тие двајца, ама, на салата. А со салата не започнало ниедно успешно сојузништво во историјата. 

Севдалинка со кауција

Една холандска театарска дружина, со неколку шишиња и пред себе и босански севдах во душа. Јутрос ми је ружа процветала, нек иде живот.

Има ли секс после децата?

Не престануваш да имаш секс затоа што си стар туку старееш затоа што престануваш со сексот. Прекрасните Данци смислиле програма за патување на егзотични дестиации со вграден бонус за размножување. Колку повеќе деца ќе направиш на патувањата, толку поголем бонус добиваш за следниот пат. Уште попрекрасни: Данците не ги занима со кого тоа ќе го правиш.

Да, не се нормални

Јапонски ѕвезди ги собираат во студио под објаснување дека ќе интервјуираат поранешен измамник како дел од документарец за криминал. Кратко време по започнување на интервјуто, соговорниците се убиени од снајперски оган.

Другата страна на твојата нервоза

Што па има ти да очекуваш кој било да биде фин со тебе или па да ти биде насмеан?

Малиот чија иднина е јасна

Некои цел живот ќе го бараат својот позив, на некои тоа им е јасно уште на 5 години. А наши деца ќе играат Мајнкрафт и кога ќе пораснат, ќе се чудат што други ги ќаруваат женските.

Нејт Силвер се пере пред народ

За тие што не го знаат, Нејт Силвер е страшно добар статистичар, кој спектакуларно многу утна годинава на претседателските избори, и ова не му е прв пат. Неговата одбрана е "јас ги земам бројките од анкетите, не ги правам анкетите". Прашањето од Ноа е, па што земаш глупи бројки.

Во станот на ерген

Да имаше жена, ова ќе беше проблем кој треба веднаш да го реши. Без жена, нема никаков проблем. Напротив, ете прилика да се удри на песна.

Дејвид Блејн вс. Дрејк, Шапел, Кари

После видеово, бабата во вас ќе си помисли "Дејвид сине, што не учеше школо да не треба вака да се мачиш?"

Блазе си му на оној кој рано ќе полуди

Едниот има 17 жени, другиот има една жена. Што мислите, кому му е смешно?

Рејв

Дечкиве зборат, ние гледаме. Тема: српска рејв супкултура. Ликови: тројца.