Видео

Преживување на работ од шахтата

Човеков со голи раце и без заштитна опрема чисти улични шахти и одводи од куќите, и без разлика колку е нечовечка и понижувачка работата во земја со над милијарда луѓе тој не може секој ден да најде ангажман, делумно и затоа што неговиот занает (во идентични услови) во земјата го работат уште 1,3 милиони луѓе.

Џармуш и Иги Поп за Стуџис

Цели 8 години Џим Џармуш и Иги Поп работеле на документарецот Gimme Danger, посветен на бендот Стуџис. За редовната музичка публика на коњопоите на Дежа Ву, Иги Поп е оној босиот, што значи останува Џармуш да е другиот.

Економија, сендвич со пилешко и пилешко

Минатата година еден лик на интернет (успешно) се обидува да направи седнвич со пилешко од нула. На крај за целиот овој подвиг му требаат 6 месеци и 1500 долари (сè правеше од нула, од одгледување правење брашно за лебот за сендвичот до сушење на морска вода за да добие сол). Истиот овој сендвич инаку се продава за околу 2 долари (стотина денари). Бонус, британска репортажа од 70-те, за генерацијата Американци што никогаш нема да го осетат вкусот на вистинско пилешко.

Човекот и соколот

Во онаа поговорка "И волкот сит и овците на број" мора да постои и некоја жртва која ни ја кријат.

Џон Оливер: Како стигнавме до тука

Човекот што пред неколку години од позиција на водител на Дејли шоу, на најавите на Трамп дека ќе се кандидира за претседател од денешна перспектива наивно му порача „те молам, дај те молам кандидирај се“, во средата сабајле заедно со остатокот од Америка се разбуди со претседател Трамп. Бонус, совршено добар клип на Сатрдеј Најт Лајв за разочарувањето и заблудата на белците либерали (плус Дејв Шапел и Крис Рок) на вечерта на гласањето, околу сопствената земја и сонародници.

Трамп и либералниот гнев што остана заробен меѓу либералите

„Либералите беа бесни на Трамп и го искажаа својот бес во сајбер-просторот. Тоа немаше никаков ефект бидејќи алгоритмите се погрижија тие да им се обраќаат само на луѓето што и онака се согласуваа со нив“, порачува Адам Куртис во својот документарец за Бибиси, Хипернормализација. Филмот е излезен во октомври, кога сè уште никому не му се верува дека Трамп воопшто е републикански кандидат за претседател на САД.

Како беше снимана игуаната вс. змиите

Клучно за снимката е што е направена на остров кој толку нема контакт со човечка цивилизација, што животните се уште немаат научено да се плашат од луѓето, па човек може да ги снима сред работа. Втора клучна работа е бебе игуана кое мора да мине преку змијско гнездо за да дојде до своите родители.

Ноќните програми, еден ден по победата на Трамп

Веројатно единствена група на луѓе на кои им беше подеднакво тешко како и на Хилари да ја признаат победата на Трамп, беа водителите на ноќни шоуа низ САД. Сепак тие се помирија со тоа што се случи, кој колку може. Конан, Колбер, Би, Ноа...

Облеко моја, дојди да те хакнам

Освен онаа финта со патентот, другиве  - многу досетливи! - бајпасирања на проблеми поврзани со облеката, досега не ни затребале. Ама па, прав маж никогаш не знае кога ќе посака сам да си го закопча вечерниот фустан.

Избегај им и после гледај ги од високо

Вие меѓу отровните коментатори по социјалните мрежи, Вие излезени во градот полн со локални јебачи и спонзоруши, Вие меѓу партиските ловци по приврзеници или непријатели.... Кој филм и да си го направите во глава, наравоучението е исто (види наслов). Би Би Си, претплатата да ти се позлати.

Латиносите против Трамп

"M.A.M.O.N. (Monitor Against Mexicans Over Nationwide)" e филмче со куп визуелни ефекти кое се заебава со лудите најави за протерување мигранти и градење ѕид кон Мексико. Десперадос моментот со куферот - најјак. На бел Трамп со црн хумор, многу добро направено. 

Животе, не ме еби вака

Многу добро одбрани животни ситуации кога најбаналната ситница може да те фрли во очај и чувство дека судбината не е на твоја страна.

Со CNN во ѕид

Беше извонредно поучно да се следи како CNN суптилно ја тера водата накај Хилари (што е сепак медиум 2.0 во однос на овдешната бруталност и крвопијство). Нивен репортер наидува на постара женичка и знаејќи колку различно стојат Хилари и Трамп кај жените, милозвучно ја прашува: "Нели сте возбудени што ќе ја имаме првата жена за претседател на САД?"

Добра си ма!

Една слатка буцмаста девојка која ќе ви покаже дека не ви треба фризер за да си ги средите шишките.

Адоуб направи „Фотошоп за аудио“

За тоа што допрва нема да можеш да разубедиш човек во вистинитоста на некоја аудиоснимка треба да му кажеш фала на Адоуб и нивниот нов проект Воко. Што е Воко? Софтвер што дозволува да му напишеш текст, а он со помош на магија (и неколку семплови од тебе) ќе го раскаже пишаниот текст со твој глас.

Најневеројатната документарна снимка во историјата на документарците

Кога го најавија вториот серијал од Планета Земја, општото расположение беше: нема нешто подобро да состават од кецот, ама барем ќе има нови снимки со тој квалитет (кој и онака е нечовечки висок). Наспроти вака неамбициозните очекувања, двојката од Планета Земја изгледа е следното ниво во документарците за природата.

Мултилевел маркетинг кај Џон Оливер

Кај народот познати како „Јеховини сведоци за пари“, или „А за тоа ме бараше другарка ми од средно“, или „Барем да знам на кои роднини да не им се јавувам“. Во бизнисот познати како „индустрија што во САД заработува 36,12 милијарди долари годишно“. А сега, сè што не сакавте да знаете околу бизнисот.

Магнус и баскетот

Ако фрлите баскет од многу високо, тој ќе паѓа нормално, по вертикала. Но, ако го фрлите со вртенка, ќе отиде џенем, заради тн Магнусов ефект. И јес да Магнус е роден во 1807-ма година, ама па немојте сега во Фб коментари да нè прашувате од кај му на Магнус баскет во тоа време.

Апел за тридневна работна недела

На младите светот им останува. Особено после среда.

Порно дијалог на денот

Кога си порно глумец ама важно ти е сценариото да има логика.

Азрањено пушење

Песната се вика "Лијепе жене пролазе крoз Зеницу" и е нов мешап на Апостол кој толку ќе ве поремети што нема да бидете сигурни кога кој дел и од која песна оди.

Микро-имитации

Формулата е: таа и таа славна личност, во таа и таа ситуација. Дана Карви тоа го прави 17 пати.