Видео

Џандарски работи

Да стигнеш кола што ја бркаш и да ја застанеш, и не е најтешкиот дел. Проблемот е да го направиш ова без да треба цела твоја предница да ја носиш на мајстор. Решение, нешто налик ласо за гуми.

Таму крави, овде волови

Лежат по улица, дозволуваат да газат преку нив и - среќни се. Македонија до Индија!

Да видите која лепенка е Гери Џонсон

Пишувавме и за него и за неговите, ама да го видите на една трибина за марихуана (како брат Љубе кога залегнуваше). Гери Џонсон беше гувернер на Ново Мексико и сега е лидер на третиот пат  во трката за американски претседател. Уживаше поддршка и до 9% од гласачкото тело што значи дека 10-тина милиони Американци би сакале баш тој да ја води оваа светска супер сила. 

Кога Боуви реши да му попушти на мајорот Том

Дејвид Боуви знаеше што значи Spаce Oddity за неговата кариера ама веројатно баш заради општоста и консензуалноста околу таа песна, одбиваше да ја свири. Како што е Creep за Рејдиохед, како што Рамбо ја нејќе Заставник Џемо, како што би му било на Џони ако му ја побараат Лепе жене, како што е Ајс, ајс, бејбе за Ванила Ајс, ама па, пустиот нема друга. Елем, муабетот ни беше дека Боуви не ја свиреше Spаce Oddity. Отстапка направи на својот 50-ти роденден.

Планот за пресушување на Средоземно Море

Во 1920-тите германски архитект предлага делумно сушење на Медитеранот. Според него, потребно е нивото на водата да се намали за околу 100 - 200 метри, што доволно ќе ја повлече водата за Европа и Африка да можат да се поврзат на неколку места, и да се отвори нова површина за живеење / градење. По неговата пресметка, за ова да се постигне, треба да се направи брана кај Гибралтар, и уште две помошни. Еден од проблемите е што во тоа време нема доволно бетон во светот за да се изгради браната. А има и други проблеми.

Како да разликуваш добра од лоша анкета

Лоша анкета ти е како да пробуваш каква е чорбата, ама си земал само една лажица од горе. Добра е ако прво си ја промешал цела чорба, убаво до доле, па дури потоа си извадил една лажица.

Разлика меѓу дизајнер и клиент

И разликата меѓу дизајнер и обичен корисник, и разликата меѓу очекувањата и реалноста, и разликата меѓу уметност и дизјан, и кои се работи дизајнер треба да ги одбие. Посебно ова последново.

Кој е за искрена медитација?

Препуштете им се на инструкциите и релаксирачката атмосфера на видеото. Откако ќе се ослободите од баластот во себе, од вас треба да излезе едно просветлено: Fuck That!

Мексико, си го јадел

Краш тест на два Нисана, еден против друг. Едниот е најевтиниот модел што се продава во Мексико (Тсуру), другиот е најевтиниот модел што се продава во САД (Верса). Види наслов.

Неколку минути драма за 27,8 милиони долари

Земете го кое било финале во фудбал, помножете го со трите најнапнати натпревари во ракомет на македонска репрезентација, и нема да бидете ни приближно до драмата во оваа рака покер. Комплет сценарио, позитивен лик, негативен лик, споредни улоги, тензија...

Две видеа за дебели

Заради комплексноста на проблемот иако двете видеа се крајно спротивставени, и двете се точни. Симплифицирање на стероиди: 1. Не е срамота да бидеш дебел, 2. Не ти се другите криви што си дебел и ако ти е проблем, не е тоа нешто што не можеш да го смениш.

Проклетството да го добиеш тоа што ќе го побараш

Или по ново кажано: Спиеш ли мирно Џоне Оливере? Снимката е од летото 2013, кога Оливер го менуваше Стујарт како водител на Дејли Шоу.

Како се доцни на работа?

Прописно долг список на сите можни настапи, ролји и оправдувања кога доцните на работното место.

Вашите 6 секунди

Хемингвеј на времето добива кладба дека може да напише текст пократок од 10 зборови што ќе расплаче човек, му успева во 6 зборови (за тоа тука). Сега Јутјуб организира натпревар за маркетинг агенции, да направат реклама со траење од 6 секунди. Клиент е туристичкиот борд на Сингапур, а натпреварот, од брифинг до крајното видео, трае 7 часа.

Приказната за краутрокот

Одлична Би Би Си приказна за германскиот звук роден кон крајот на 60-тите, поспрдно наречен Краутрок. Нејќеле да звучат германски (заради багажот на Германија од тазе војната), а нејќеле да звучат ни англиски. Па им останало музички да ја дефинираат вселената.

Руски лајфхак на денот

Нема зошто да не веруваме дека ова успева. Проблемот што ова видео го решава е: како да ставиш кока-кола, пепси или сличен кола пијалок без да ти се прави пена. Иако цело видео е на руски, сè ќе разберете. Ретко воодушевувачко решение.

Кога ти си ѓубре, а она е пасив-агресив

Како што ќе каже првиот коментар на Јутјуб: "Носи црвено за да не се познава крвта."

Српскиот текст на Мадона

Легендарна верзија на спотот на Like a Prayer во која на најлогичен можен начин се раскажува за што пее Мадона и што се случува во приказната. Не памтиме колку пати сме се превртеле на стихот "Мадона помази овог клинца дебелог"

Животните кои веќе ги нема

Ретки филмски снимки (и подолг список) со животни кои се веќе истребени. Се чини дека човекот може сè живо на светов да истреби, освен стоката во своите редови. Ако не ви се верува, пројдете 15 минути читајќи некоја фејсбук кавга.  

Трамп или Хилари? Да!

Одиме на конвенцијата на американскиот трет пат, кај либертијанците кои го избраа Гери - Алепо? - Џонсон. Да видите каква збирштина од луѓе е тоа. Да беше жив Малнар, ќе ги собираше во емисија. Со кои теми се занимаваат тие? Дали ти треба дозвола за да возиш кола.

Компилација за земјоделци

Малку чудовишта, малку домашно производство, малку "чекај, и тоа со машина го вадите???", малку незгодно што си игнорантен кон целата работа и уште мислиш дека земја се работи како што тоа изгледало во учебник по ЗПО од 1988.

Кога Џон Клиз ќе ти напише скеч

Двајца комичари започнуваат кореспонденција со Џон Клиз во која го замолуваат да им состави еден скеч што тие ќе го изведат кај нив во емисија. Клиз како Клиз, они двајца брилијантни.

Политика, занимација за луѓе што немаат друго хоби

Не можете вие толку да се замарате со политика, колку што он може да збори за политика. Лесно е на Американци вака да им се силиш.

Што се случи со нацистичките шлемови по војната?

Како и во секоја квалитетна економска криза, така и во немаштијата по Втората светска војна просто било недомаќински да се расфрлаш со ресурси што и онака ги немаш. На пример, квалитетен метал од кој се изработени германските шлемови.