Видео

Футрола за таблет

Ние кога се фаќаме за даб, обично дрва се правиме. Овој се фати за даб (ок, два даба) и направи футрола за Ајпед. Кој за што учел.

Моментот кога пчела го претвори Беар Грилс во Бенедикт Камбербач

Абе не може ликот да му го смени, нормално дека гласот ќе му го смени. НЕ!

Пари, д некст џенерејшн

Австралија воведе нови банкноти, по кои ќе треба темелно да се апдејтува поделбата на пари од хартија и пари од метал, или да се воведе трета група, на пари од пластика.

Пиздец

Да ѕирнеме накратко што се случува на алтернативната сцена на Белорусија. ТТ-34 и спотот за нивната песна Пиздец. Обидите за споредба со овдешната сцена ќе ве фрлат во тежок сентиш.

9 од 1

Иако според правило 34 ако се потрудиме би нашле и порно клип што одговара на насловот, за сега ќе останеме на видео со 9 феноменални (не е ни нескромно, ни претерување) имитации на Џонатан Кајт (од 2 Broke girls). Го имаш Обама, Том Хенкс, Сет Роген, Трамп, Кристијан Бејл и тоа совршено добро.

Агонијата од испраќање њузлетер на погрешен комичар

Он ова го доживува како агонија заради маките да се тргне од некоја промотивна меил листа на некој синџир супермаркети, притоа ни најмалку не обрнувајќи внимание на страданијата на другата страна.

А ова се вестите во август

Не дека водителите на вести нешто посебно не пазат во август затоа што никој не ги гледа, или дека се нешто посебно внимателни во другите месеци, ама доволно време се пред камера за да им собереш компилација на глупости. А глупости ќе има.

Новиот туристички рај - Сирија

Надлежното сириско минстерство направило видео спот за промоција на туризмот во земјата. Сини мориња, песочни плажи, свежо зеленило.... има сè што треба освен оној мал детал, граѓанската војна од која со помош на странските спонзори таму се гине на ангро. Заебавајте се вие, ама ако стварно било евтино ко што викаат.... 

Каде е Господ после Аполо 8?

Ако нешто ја крши самобендисаноста околу креативноста и прогресивноста на твојата генерација тогаш тоа е репортажа од 1968, за која комунистички новинар на Радио-телевизија Белград станува од редакција, зема цела екипа и оди во Мрчајевци (да, селото што го дава Мирослав Илиќ) за сериозно да разговара со селаните на тема - слетувањето на Аполо 8 на Месечината, и како тоа влијае на нивното поимање на Господ и општо верата. Малнар со цела екипа на Вајс не би составиле ваква репортажа.

Те молам пак да расправаме за твои дилеми

Татко преполн со филозофски двојби, му го поставува на својот 2-годишен син „проблемот со количката“. По видеово филозофијата веќе не му проблем, сфати дека си има други проблеми. Што се однесува до малиот, изгледа како да ќе реши многу прашања во светот, само никој да не му брои луѓе.

8 чаши вода на ден

Треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Не треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Треба. Не треба. Треба и здраво е. Не треба и не е здраво. Треба! Не треба! Треба... Не, не треба...

Првиот филмски трејлер направен од компјутер

Приказната е следна: Фокс ги контактираат ИБМ и бараат Вотсон (едно од најголемите достигнувања во вештачката интелигенција) да направи трејлер за Морган, новиот филм на Фокс на тема вештачка интелгенција. Пред да го состави трејлерот Вотсон "гледа" стотици трејлери од хорори и трилери. Ова е трејлерот што Вотсон одлучил да го состави.

Реклама која мириса поинаку

Не знаеме колку шишенца од парфемот ќе им продаде (колку рекламата е sales driven, што би се рекло на старо-адвертајзерски) ама Спајк Џонз (Being John Malkovich) направил урнебесно добра работа за Кензо. Имате згодна девојка (ја гледавме неодамна во The Nice Guys), имате парфем, но понатаму ништо не е исто како кај другите реклами.

Бракот како единствена причина за развод

Да не биде баш сурово како „сите ќе умрете“, ама сите ќе се разведете. Барем кон тој исход тера целата на прв поглед многу издржана логика на клипов.

Уличниот џедај и телекинезата

Бидејќи ова не можеме да го објасниме никако поинаку, го прогласуваме за класична демонстрација на телекинеза. Џабе давате отпор, тоа е!

Дај ми доволно големо ластиче и ќе го оладам светот

Не е тој Ајнштајн па да ви ја објасни својата теорија со едноставна формула. Ама затоа има ластичиња и има мустаќи па е интересно да се прати јал ластичето ќе му пукне и ќе го запука по тоа мустаќот. А дали неговата идеја за фрижидер кој ќе работи на ластичиња е генијална, појма немаме. Само знаеме дека ластичето не му пукна.

Најдобрите 50 секунди во историјата на британската телевизија

Сериозноста со која главниот лик пристапува кон своето космичко идиотско хоби е премногу дури и за земја од која потекнува целата екипа на Монти Пајтон.

Рапери, не така одамна и сега

По некои разликата е во музиката што ја користат и текстовите што ги вадат, по други разликата е во тоа што новите рапери не треба да постојат.

Украинскиот Т-1000

И тие имаат свој Терминатор. И тој знае да се закачи на автобус, па да биде прегазен од тамче па мртов ладен да стане и да продолжи да си брка работа.

Јутјубер на денот

Дремење на Јутјуб е следниот логичен чекор во еволуцијата на губење време откако по телевизијата, и сериите дојдоа на статус "нема ништо интересно за гледање". Ваквиот развој на настаните  го приметивме кога се фативме себе си дека сме се претплатиле на над 30 Јутјуб канали. Денес ви го претставуваме Ози мен ривјус, како што името кажува дечково е Австралиец, како што името не кажува дечково е феноменален во коментирање / рецензирање.

Село

Посветено на сите луѓе кои живеат во селата на поранешна Југославија.

Како се играше ластик?

6-минутно видеоупатство за најпопуларната женска занимација пред да се појави селфито. Младите да научат, постарите да се потсетат и да размрдаат малку газиња. „Е- ма-ес-ас-а...“ ја памтите (ви текнува дека тоа е - бааги лошо - спелување на зборот Мисисипи?)

Кој го тоа направи?

Лесно се води истрага кога имаш осомничени со грижа на совест. Со џукели на две нозе истово би одело многу потешко.

Клип што ќе ви го расипе филмот

Поентата е дека филмските награди се начин на кој им се одава признание поважните уметнички достигнувања во кинематографијата. Во реалност, поентата е кој ќе даде повеќе пари. Толку од филмот.