Видео

Малиот Роки Балбоа

Тоа што уште е во пелени, не му пречи да му биде спаринг парнер на Сталоне и заедно да го одработат тренингот на Роки.

Активист во полициска кожа

Свештеникот Џерет Мопин, активист, поборник за човекови права и гласен критичар на прекумерна употреба на полициска сила, се става во неколку реалистични сценарија во кои тој е полицаец и во дел од секунда треба да реши дали да потегне оружје или не. 

Блексмит против Минотаур

Браќа, нема да ви се верува колку е ова добро. Ја трампаме цела летна културна понуда  во Македонија за еден ден ова да гледаме.

Како се кријат најглупите од Исис

Тоа што сите тие се подеднакви лудаци, не значи дека истото важи и за глупоќа. Еве еден од шампионите: чул тој дека све се снима озгора па си рекол дека едно грмувче на глава ќе заврши работа. И еве го него, стопен со околината. 

Боуви, дрогата која ги навлече...

Мајкл Стајп, Деби Хари, Пери Фaрел, оној од Флејминг липс, Синди Лопер... и нивните реминисценции што им значел Боуви. За Кет Пауер, тој претставувал 'мајчинска фигура во чудна смисла'.

Политички матрјошки

Дел од Индија кој се наоѓа во делот на Бангладеш кој се наоѓа во Индија? Два идиота на малку идиотски начин но многу ефикасно ќе ви го објаснат овој државен инсепшн.

Мамо, ќути ма!

Сте го кажале или сте го слушнале тоа во илјадници ситуации. Не и во оваа.

Зошто се случи Брегзит, и што да се прави

Од Британец кој кога се буди на 24 јуни гледа дека неговата земја гласала за напуштање на Европската Унија, премиерот поднел оставка, а Шкотска размислува за референдум кој потенцијално би ставил крај на постоењето на Обединетото Кралство.

Американски вс. британски хумор

Консензусот е дека главната разлика е оптимизмот. Американците имаат, Британците не баш. Авторот на видеово не се согласува со ова, ама па и не дава некој друг конечен одговор.

Нивата од твое маало

Кога Алумина не би била срамнета за да биде претворена во нов расадник на згради, со технологијава слободно би можела да биде претворена во "вертикална нива" што ќе храни добар дел од Скопје со најтазе можен зеленчук.

Како архитектурата во Сирија доведе до бруталната војна

Како добар дел од проблемите на Истокот, сè започнува кога западните колонијални сили се обидуваат да го модернизираат општеството по своја мерка, притоа игнорирајќи сè што таму се случувало со децении. Зборува сириска архитектка која се уште живее во Хомс.

Зошто е глупо да се расправаш за поп-музика

Аргументот е на теоретичар на музика, и по него треба да се прекине со еден од најдобрите начини за губење време - расправање за која музика е подобра. Ставот е само џабе се расправате, затоа што во основа целата е иста, и ако ти се слуша, слушај и не ја замарај околината.

На Сиал не му се прибира дома

Пред некој ден го имавме во Канада како пее дует со еден уличен музичар. Сега е во Манчестер, истиот сетап, само не е дует, туку соло ја изведува "Kiss From A Rose".

Бајката Исланд

Логика која држи без разлика дали си 300.000 народ или 2 милиони: не сме големи, ама можеме да подаваме топки, можеме да се браниме како тим, и можеме да даваме голови. Другото го знаете. П.С. Една од причините зошто до сега ништо не направиле во фудбал, немале асални игралишта.

Тркало да е, домашно да е

За својата стандардна Тојота направил нестандардни тркала кои овозможуваат да се движи како сака, сосе мунвок. Е не, ќе мота волан.

Филозофијата на Бил Мареј

Не негово филозофирање, туку демонтирање на човекот и како му успеа од заебант да се претвори во легендарен комичар.

Саглам кинески тест

Кинезите по дифолт имаат проблем да покажат квалитет кај што било од нивно производство. Сега треба да покажат и уверат луѓе дека мостот од стакло што го направиле над еден кањон е издржив и квалитетен. Како се тестира стакло? Со токмак.

Како функционираат маските на Снепчет?

Некој впрегнал сериозна наука, технологија и софтверски ум за да може некој друг сето тоа да го користи - за да си стави магарешки уши.

Како луѓето се чувствуваат насабајле?

Како волци! Гладни и орни, спремни за нов ден, за нов лов, за нова потрага по возбуда... Имаме видео.

Кога ќе в село појдете, со точак да не тропате

Ако од којзнае која причина не ви годи мазниот и рамномерен звук на велосипедските гуми, трк по кокос за да го пимпнете својот двоножен пастув.

Френк Запа за политиката и жените

1) Политичката освестеност е вештачка. Тоа е само уште еден начин да бидеш дел од групата. Некој ќе рече "политика" и групата ќе каже "Дааа, политика". Друг ќе каже "Grand Funk Railorad" а неговата група ќе повтори "Дааа, Grand Funk Railorad!". 2) Секоја жена е за себе, мразам да се гледаат како една група. Не можеш така да судиш за нив. Но, во повеќето примери сфаќам дека тие се глупи луѓе, само што носат сукњи.

По брегзит

Обраќањето првично е до американската публика, ама доживувањето е чисто британско: "Обединето Кралство, место чие име по овонеделните настани почнува да звучи малку саркастично."

Мајсторка

Луи Ц.К. против Џеј Лено, во "не мора да се сакаме, ама барем може достоинствено да се ругаме" расположение.

Топ Листа и распаѓањето на Европа

Интуитивно водени од мудроста дека "ничија свеќа не горела до зори," уличните Нострадамуси од Топ Листа Надреалиста пред 20 и кусур години се заебаваа со идејата како ќе заврши заедничката европска софра.