Видео

Цилиндер гледа, цевка вади

Некои луѓе се горди на себе кога ќе дојдат до сознание дека веќе не им веруваат на партиски нафураните вести. Абе, на свои очи не е да им веруваш, не па на тие.

Кога Ворхол го интервјуираше Запа

Енди Ворхол го мразел Френк Запа од дното на душата. Па сепак го вика на интервју во неговата тв емисија, на почетокот на 80-тите. Како и секогаш, на Запа брзо му се пушта вилицата а Ворхол во целиот разговор не зуцнува ни збор.

10 години од денот кога Џобс го претстави првиот Ајфон

9 јануари 2007, Макворлд Експо во Сан Франциско, Стив Џобс излегува на сцена во својата стандардна униформа и започнува со претставување на уредот кој комплетно го промени текот на технологијата и општо човештвото.

Ајде да рикаме

Ниедна туѓа беља не е доволно смешна ако не е придружена со рикање кое ќе ве зарази. А оваа е.

Зошто цената на кокаинот е стабилна со децении?

Мала лекција од наркономија. Децении наназад цената на кокаинот е една од најстабилните цени на светот и стои на 150 долари грам чист кокаин. Зад ваквата реалност стои економската категорија монопсонија, што значи монопол над побарувачката која ја имаат картелите. Сето тоа на грб на (јужноамериканската) Ленка.

Не се плаши Тесла со Фарадеј

Faradey Future се вика колата која се заканува дека ќе биде убиец на електричната Тесла. И можете да си резервирате една за само 5.000 долари. Не дека ги имате тие пари ама сепак прво ѕирнете го видеото. Многу голема превара.

Гневното збогување со гневниот преведувач на Обама

Крајот на мандатот на Ки и Пил беше пред некое време, сега за крајот на мандатот на Обама, Пил како Обама, а Ки како Лутер се враќаат за да се поздрават со народ пред пакување од Белата куќа.

Кога и во добро ќе ти текне на Путин

Не е редот да го спомнуваш Путин само кога ти е зорт, треба и празник да се честита, па макар вие биле само неколку луѓе, со Пунто и хармоника сред шума во Србија.

Најбогатото кинеско село

Една чудна комунистичка утопија со 2.000 жители кои имаат луксузни куќи и автомобили и минимум 250.000 долари на сметка. Само што за богатството им важи принципот "мрднеш - губиш".

За многу години дијазепамот

Новогодишна тв програма, водителите ја канат публиката во студиото да се придружи кон одбројувањето, за еуфоријата да биде општа и неиздржлиива. Аха, ок. Оние партиски мишеви кои кататонично кмишат позади лидерот кога дава изјава знале да бидат поентузијастични.

Јапонски проблеми со родители

Нормално: татко ти и мајка ти не зборат меѓу себе. Проблем: веќе десет години не зборат еден со друг. Јапонски проблем: не се разведени, живеат заедно и пак не зборат десет години.

Arrested Development

Што во Америка може да спречи група мирољубиви црнци да снимат видео спот за песна во која се пее за љубовта, пријателството и разбирањето меѓу луѓето? Полиција.

Рецензија на вестите во 2016

Имате две, една кратка, една долга. Двете се на Британци. Првата е на терминално бесниот Џонатан Пај, втората е на снајперски прецизниот Чарли Брукер. Уживајте во ревизијата на светот во 2016.

Вести на 2016

Не оние тажните и срцепарателните што правеа да ти се одмили светот, туку оние погрешните.

А бе овие во меѓувреме живееле!

2016-та видена низ окцето на ГоПро, апаратчето што на вегетативните форми на човечка егзистенција им даде увид во светот на оние што во меѓувреме живеат.

Џабе и Тито да си

Секогаш ќе се најде некоја Јованка да ти ја вади душата на памукче. Јебеш му матер ако репликите не биле баш вакви. Памтите од документарецот Хјустон како го пребацуваа со јажиња од брод на брод? Еве зошто.

Вие и вашата саксија

Види што сè можело да се нац'цка во една саксија. А ние пипер-патлиџан ќе насадевме.

Јапонски професионалец

Сцена од модна фотосесија во Јапонија. Ај што и самото позирање е прилично ретардирано (се префрлаат од една на друга нога ко роботи што шмелцаат), туку овој црепов не мрда ни кога ќе остане по гаќи. Што има да му ја мислиш, си знае државата...

#ПорнХорхе

Бидејќи Македонија нема нешто особена среќа со своите претседатели (а некогаш и тие со неа), можеби треба го побараме идниот во друга професионална структура. Порноѕвезди прашани што би правеле кога би биле главни во својата земја. Цурите покренаа озбилни прашања, најискрена меѓу нив сепак е Џорџа Џонс.

Тесла репорт

Тоа што Тесла може сама да вози значи дека треба да направи илјадници пресметки и предвидувања во секунда, за добро на сите. Во пракса (ненамерно и не е тест) тоа значи дека Тесла може да предвиди судир (и да ти алармира) пред тоа воопшто да се случи.

Како да се справиш со роднина десничар?

Екранизирани совети на американскиот професор Роберт Рајч за тоа како да се справиш во ситуација кога на празнична софра некој ќе почне да те гуши со десничарски ставови. Јбг, немаме видео со совети за обратната ситуација, кога на пример социјалдемократ, распослан на мрсна софра, ќе те убедува дека не може веќе да гледа како народот гладува.

Во станот на ерген, вторпат

Кога ќе станеш славен, макар и случајно, редно е да ја искористиш приликата. А ако си станат славен како непоправлив ерген, тоа значи и машината за алишта да ти е непоправлива.

Нешто од Ансамбл Александров (или Хорот на Црвената армија)

Ансамбл Александров е официјалниот армиски хор на руските вооружени сили. Формиран е за време на СССР, а составен е од машки хор, оркестар и танцова група. Името го носи по својот прв диригент, Александар Василевич Александров. На 25 декември 64 члена на ансамблот загинаа во авионска несреќа на пат кон Латакија, каде што требаше да настапат пред руските вооружени сили во Сирија.