Видео

Кога ќе добиеш тонч од ќерка

Гордон Ремзи ја брка по дома ќерка му, ја стигнува и конечно ја прашува: Како е да се биде ќерка на најдобриот готвач на светот?

Тоа е ручек, не е натпревар

Олабавете се, порачува ИКЕА во луцидната реклама во која покажува како би изгледал еден средновековен ручек ако во тоа време би постоела денешната лакомост по лајкови и одобрувања.

Многу глупа фора, што многу успева

Човекот се вика Питер Несс (не, не се вика така), а се потпишува П. Несс, или латинично P. Ness. Па? Па, прочитај го на англиски, никој не рече дека е добра фора.

Бразилско добредојде за голфот на ОИ

По 112 години (прв пат од 1904) голфот повторно е прифатен како олимписки спорт, што заслужува дочек како што е редот, со бразилски фудбалски коментатор.

Затоа што женскиот живот не е реклама за влошки

Обично сè е розево и завршува со сипање сина течност (???) врз влошката. Тука ништо не е розево, ниту пак ја има сината течност.

Турист, како тоа тажно звучи

Британски туристи во еден шпански хотел. Наредени во линија, чекаат на знак за да се растрчаат и фатат што подобро место околу базените. Та не сме саде ние, та не сме саде тука.

Девојката која тврди дека е побрза од Усеин Болт

Не само што оваа маскирана плавуша мисли дека е побрза од Болт туку е убедена дека може да истрча 100 метри за 7,5 секунди. Нејзиниот проблем не е што не ја разбира брзината туку што не ја разбира должината. А за тоа веројатно се виновни нејзините дечковци кои којзнае колкупати ја излажале на таа тема.

Монтажа на троновите

Шеста сезона заврши, седма ќе почне уште покасно отколку вообичаено. До тогаш? До тогаш, монтажи, ама добри монтажи. Приказните за пет ликови: Данерис, Џон, Тирион, Џејми, и Нед.

Лекции за живот од фотографија

Човеков се вика Џими Нелсон и веќе над 30 години фотографира племенски и домородни луѓе. Ова го прави најпоштено, оди сред Африка, сред Монголија или сред која било друга недојдија и ги фотографира мештаните. Она што го кажува го има научено од тие што ги снима.

Имаш крадци на точаци, и го имаш ликов

Крајниот исход е - украден точак, меѓутоа патот до таму е многу поразличен од она што можеш да помислиш дека ќе се случи, и тоа претежно на штета на дрвото.

Силициумската долина на Уганда

Сместена е во областа Буламбули, и до сега меѓу другото имаат создадено неверојатни проекти како 3Д принтер за свежи јајца, и персонална станица за ревитализирање луѓе. Како ова да не е доволно па сега собираат пари за нови проекти. Без разлика на нивните достигнувања, видеово само по себе заслужува да го има во учебници за маркетинг.

Најсиромашко пимпање кола на свет

Најдоа тотален крш, од оние кои кај нас се фрлаат по долови и канали, а од опрема имаа секира. И ја оправија и весеље!

Движења што веќе не се дозволени во гимнастиката

Две се на Олга Корбут, едно е на Елена Мухина, и едно на Нели Ким (и тоа е во видеово, а има и други). Заедничко за сите, е што одговорните за гимнастика одлучиле дека движењата се премногу ризични за изведување. Кога ќе го изгледате видеото, ќе забележите дека фразата "премногу ризични" никогаш не изледала така недоволна како во ситуацијава.

Турски ред и мир

Аеродром во Истанбул, неброени коли паркирани по принципот "одма се враќам само да се поздравам" и еден "пајак" што функционира многу различно од нашиот пајак (ама врши работа само за паралелно паркирање). Пајакот проаѓа на 5 минути и не простува.

До кое дереџе се доведоа Швеѓаните

Затоа што улиците им се речиси беспрекорно рамни, Швеѓаните немаат потреба цело време да е на штрек и да кочат / ескивираат дупки. Заради ова, тие знаат да се заборават и да ја надминат границата од 60 км на час. Решение, ќе ставаат дупки на улиците.

Како почнуваат ʼрчките на Балканот

Човекот мисли дека зборува за тоа само како почнуваат кавгите меѓу Србија и Хрватска. Прво он нека не се лаже сам себе, второ ние да не се лажеме сами себе.

Модни предвидувања

Видео од 1939 година во кое тогашните модни дизајнери предвидуваат како ќе изгледа модата во 2.000 година. Утка до утка. Издржете ги тоа жените за да ја видите визијата за мажот.

Најголемиот шупак на светот

Дури и ако цел живот, до последниот ден, некој го помине како шупак, никогаш не е доцна да се поправи впечатокот.

Брaќа Филипинци, па и не мора да се учествува

Ако како скокач во вода изгледаш како да си изненаден кога ќе ја допреш водата, тогаш батали и репрезентација, и Кубертен, и важно е да се учествува, сигурно ќе има нешто друго што да се прави.

"Пржењето" на Доналд Трамп

2011-та, Обама е пред крајот на својот мандат а Доналд Трамп е еден од најголемите кловнови на телевизија, кој се заканува дека ќе стане претседател на САД. Без разлика на сличностите, 2011-та е и никој не го сфаќа посебно сериозно, дури ни самиот тој, па решава да се појави на Комеди Централ.

Пикачу го возвраќа ударот

Таму кај што вие гледате "фино им текна, некој и овие со покемониве да ги здрви со топка", швајцарски Базел гледа беспрекорна разгледница за градот што сите ќе ја изгледаат и ќе бараат уште.

Блиски средби од турско-курдски вид

Околу 1.200 Турци излегуваат на плоштад во Виена за да му изразат поддршка на Ердоган по неуспешниот пуч. Виена ко Виена, на плоштадот има и курдски дуќани, во конкретниов случај курдски ресторан.

Том Морело: Опремата никогаш и за ништо не е битна

Ѕверот свири на истата гитара со нацртани Хиповци цели 28 години (додуша со 10-тина сменети вратови). На времето и тој го барал "оној звук што го бараш и секогаш за малку ти бега," ама конечно го баталил тоа и сфатил дека е губење време. Важност на опремата - нула проценти.

Трамп во две видеа, за два дена

Самиот Стивен Колбер признава дека најголемиот проблем што го има со Трамп е што едноставно не може да го пофатиш човекот, таман за едно се избламирал, не поминал ни ден, прави нова глупост. На пример во вторникот избрка бебе (вистинско, автентично, оригинално човечко бебе) од прес-конференција, во средата изјави дека Хилари е основач на ИСИС. И така, веќе година и кусур.