Видео

Да погледаме човек што многу нема работа, а многу има живци

Дисциплина: составување банкнота од 5 фунти искината до ниво на конфети. Оди па раскажувај му на овој како не можеш да ја составиш сложувалката од 500 парчиња.

За тие со фетиш на чистење бетон

На некој ова му е работа, нам ни е мерак за гледање, веројатно баш и затоа што не ни е работа. Додека не се смени сето ова, да уживаме во мераков.

Сквернавење на Нирвана

Многумина мислат дека ако некоја песна не треба да се чепка, тоа е Smell Like Teen Spirit од Нирвана. Ќе чуете колку е тоа вистинито кога ќе ја слушнете верзијата на еден тексашки бенд кој песната ја прештима во дурови. А во дурови (место петки и сусови) Smells Like мириса на една безначајна, безбојна поп песничка. Чиста бласфемија.

Да ти се мочам на попустот

Шведскиот гигант и порано знаел да направи контроверзни реклами и адвертајзинг потези но е скроз нејасно каква тоа голема нужда ги натерало во нивната прва маркетиншка финта во 2018 да искористат мала нужда.

Прашајте го премиерот

Збоктисан од прашања на новинарите, тајландскиот премиер Прајут Чан - о -ча на средба со медиумите деновиве донесе своја замена и пред да замине од прес конференцијата, на новинарите им порача дека можат да прашаат што им душа сака.

Пет длабочини на една иста песна

Џејкоб Колиер е мулти-инструменталист и еден неверојатно талентиран дечко кој ја расчленува емотивната приказна и внатрешниот дијалог на композицијата „Amazing Grace’“ на пет нивоа на комплексност. Почнува со дете, па со тинејџерка, па со студент на музичка академија, па со професионален пијанист, за на крај да заврши со - Херби Хенкок! И да се испогубите некаде на третата фаза, видеото е магично за следење.

Музиката нема непријатели

Дедото има 84 години, свири труба и песна на неговиот живот е Лили Марлен. Ќе ви раскаже зошто.

Никогаш до сега магдонос не ни направил толку мерак

И веројатно чувството повеќе нема да се повтори.

Како се облекувале жените во 18 век

Да почнат денешните жени вака да се облекуваат од рано наутро, на работа ќе стигнат, евентуално, во трета смена.

Карл Пилкингтон маж, бог, холивудски пророк

Човеков што изгледа како да е само гостин на планетава, дојден тука да ни ги отвори видиците така цврсто закоравени во самобендисано едноумие околу спознавањето на светот и животот, ладно предвидува две епизоди од последната сезона на Black mirror неколку години пред тие воопшто да бидат снимани. Инаку претходно Карл имаше речиси идентична идеја со приказната за Бенџамин Батон.

Науката зад цените на авионските карти

Многу е едноставно, нема правда, ниту логика, ќе платите колку и да ви побараат и тоа е. Видеово може само колку-толку да ви олесни како се стига до тие бројки.

Како се извинуваат он-лајн ликови

Инспирацијата за пародијава е типот што го објави видеото со обесениот човек во шумата на самоубиства во Јапонија, и изгледа болно прецизна.

Патека на стравот и ужасот и на не, фала

Како се развива фобија од височини? Е вака. Патеката се наоѓа на планина во Индија и води до остатоци од некоја тврдина од 500-та година п.н.е. и без разлика колку е високо за качување, проблемот е во симнувањето. Посебно за време на сезоната на монсуни. Видеово е во сезона на монсуни.

Како се мести изложба во МоМА

Имаш врвни уметници и врвни дизајнери, и џабе ти се они ако не се жените и мажите во бекстејџ на музеите и галериите, задолжени со пакување, распакување, пазење, чистење, средување, редење, и што уште не, на уметничките дела пред тие да ти се појават пред очи.

Да се разбуди пингпонгарот во вас

Компилацијава најдобри пинг-понг потези од годинава е толку добра што сме на раб да почнеме да размислуваме да не случајно ни се игра. П.С. Кој да знае дека пинг-понг има вака возбудени коментари.

Внукот на претседателот

Се вика Кулубусе Зума, внук е на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, се бави со бизнис, можете да го најдете во Документите од Панама и слично. Но, за ова видео е доволно да сфатите дека кога одбирал што кола да купи, Кулубусе покажал дека е глуп колку што е тежок.

Хеј, чичо!

Нема тука ништо нејасно. Се работи за автентична уметничка интерпретација на една од најпознатите песни на Пинк Флојд во која артистот успева да утиња на сите полиња, и со текстот и со гласот и со тоа безвезното набадање по клавијатурата. Но, како и секоја друга вистинска уметност, доживувањето е неповторливо. 

Магија за луѓе што решиле да зачистат по дома

Ниту ќе ослабеш годинава, ниту ќе почнеш да вежбаш, ниту па помалку ќе пушиш или пиеш, ама па за тоа ова ти е добар почеток ако си решил дека дошло време да почнеш да чистиш и средуваш по дома. Основите се крајно лесни: ако е бигор, лупај алкохолен оцет; ако се садови, никогаш не ги оставај суви; ако е огледало / стакло чисти со весник; ако се валкани патики или чевли вади влажните марамици.

Зошто џедаите не ги бива

И првата и втората тројка филмови на Џорџ Лукас за Ѕвездени војни се вртат околу млади момчиња и нивниот пат кон станување мажи. И во двата случаја оваа еволуција требаше да се направи по основа на правилата на џедаите. И тоа е проблем.

Рокенрол, ни пол ни рок на траење

Ако не се држите до панкерската максима на Жељко Самарџиќ („не суди по амбалажи“), оваа сцена може да ви изгледа вака: Влегува баба во продавница за гитари. Добро, можеби не е баба - баба ама тазе пензионерка штотуку вратена од прослава на 8-ми март на жени од Охис. И, што прави таа во продавница за гитари? Па сигурно бара нешто за внучето....

Еднаш се живее

Доаѓате во хотел од 5 ѕвездички, ја разгледувате собата што сте ја платиле изгор скапо и си викате „вредеше“! Но што ако знаете дека освежувачките убруси за раце се навлажнети во тоалетот а чашите се испрани со истата четка со која се чистела веце шољата? Скриена камера од кинески Кемпински хотел.

Рециклирање улици

Откако им завршува употребливоста, градските власти на Сеул решаваат дека речиси еден километар поранешни улици (дигнати, на столбови), ќе бидат претворени во шеталиште - градина. Мандатот да им се позлати.

Се убивме од вишок опрема

Групно ловење риба на едно замрзнато езеро. За такво рибарење е потребна стандардна опрема (трска, мамци) и сврдло за да го пробиеш ледот. Овие двајцава го земале сето тоа, ама и плус шише.