Видео

Кармата беше даровна

Една од илјадниците актерки во некоја од стотиците американски тв-серии ја кажува извозената фраза „Karma is a bitch“. По којзнае кои патишта, токму оваа реплика се претвора во моментално главно меме во кинескиот дел од интернетот, а во него луѓе само што ќе ги изговорат магичните зборови, се претвораат во далеку подобрена визелна верзија на самите себе.

Анализа на интервјуто на Питерсон

Кристално чистата победа на канадскиот клинички психолог во веќе легендарното интервју кое го објавивме, уште повеќе ќе ја цените по оваа одлична анализа за тоа какви сè техники и финти беа употребени против него за да биде доведен во подредена ситуација, претставен како лошиот, да се измести од тежиштето и да влезе во замката да се правда за работи кои нит ги мисли нит ги кажал туку му ги конструира новинарката. Многу поучна анализа, дури и да не одите кај некој од нашите пасив-агресив (главно агресив) новинари. Социјалните мрежи се полни со злотвори кои ќе ве снеможат со слични поганлуци. 

Што ќе ти е облакодер без базен

Ништо не знаеме околу ова ама може да се кладиме дека муабетот бил: - Сакам базен, во стан најгоре. Во облакодер? Да, во облакодер. Ама газда, не може толку високо, облакодер е, ветрови и слично... ќе се прелива цело време. Ти немај гајле за ветрови, ставај базен у стан. Ок.

Бургер Кинг да ви ја објасни нет неутралноста

Нет неуталноста можеш да ја објаснуваш до најситни детали па пак на луѓето тоа да им остане далечен и не баш најјасен концепт. Сè додека како метафора не употребиш нешто што добро го познаваат, на пример Воперот на Бургер Кинг. 

Можеш ли да преживееш во Русија од 10 век?

Човекот се вика Павел Сапожников, експерт по историја, и на него ова му успеа цели 8 месеци. Живот како изолиран селанец во Русија од раниот среден век. Попрецизно, во северна Русија од 10-от век. Такви ќе бидат условите, живеалиштето, облеката, храната и алатките што ќе ги користи (нормално освен камерите и опремата за снимање). Клипот малку подолго трае, ама сепак се 240 дена во прашање.

Па после чуди се како е Трамп претседател

Истата нација што не може да се помири со своето раководство моментално е зафатена со изразито глупиот предизвик (дури и за интернет времиња) на јадење пакетчиња прашок. Се вика Тајд под челенџ, по мини комплетчињата Тајд прашок и детергент за перење алишта, и целта е да изедеш едно вакво пакетче, што нормално е отровно, нормално е штетно по живот и здравје, нормално е глупо. Ама луѓе се упорни.

Оди Финец во Америка

Се матка по клубови за комичари низ Холивуд и некако завршува кај Конан О'Браен во емисија. Генерално сè му е јасно околу Америка освен точното значење на зборот „ass“. Ислушај го, ќе видиш колку и само на памет си учел.

Како се хакнува тетрапак млеко

Чичкото решава да сподели еден од најважните животни трикови, како најдобро да отворите млеко во тетрапак. Има трпение, има ножици, има сè што му треба.

Судија со краток фитил

Иако во судница знаат да се слушнат најгрозоморни работи кои човек може да ги направи. од судијата се очекува да задржи ладна глава и да знае да ги контролира своите емоции. Овој не е таков. Овој на дебелата ѝ кажа: „Се надевам дека ќе умреш во затвор“.

Од Кина до Јамајка на скии

Не буквално така, ама така. Тоа што е Реми Гајар со топка, а Кен Блок со кола, Кандид Товекс е со скии.

У змајевом гнезду

Женска емисија во која овие си даваат совети и си помагаат (жените секогаш играле боље мрежно од мажите, пазете им ги форумите и женските фејсбук групи, ко Боргови) во која водителката Венди Вилијамс охрабрува една посестрима со трик да го натера маж ѝ да ја затрудни. А во публика, еден комплетно збунет јадник кому не му е јасно како воопшто се нашол на непријателска територија.

Грција против Македонија: Нешто убаво

Снимката е од 2016 година и доаѓа од Мелбурн. За да го разберете овој наш наслов кој звучи неверојатно во денешниве прилики, доволно е да ги одгледате првите три минути. Интонирање на двете химни, проследено нормално, достоинствено и со почит. Кого го занима рагби, нека гледа сè.

Вештачката интелигенција направила свое дете

Наместо кодирање вештачка интелигениција која ќе извршува некоја функција, веќе имаме вештачка интелигенција која направила своја вештачка интелигенција. И „малава“ испаднала попаметна и поефикасна од која било друга AI која некогаш била направена од човек. Инсепшн? Не, ова веќе е отидено подлабоко.

Не е сè во казната

Како што ќе покажат српскиве сообраќајци има и пострашни работи од казна, на пример секој ден од ново и од ново да ја гледаш својата грешка. Српска кампања против брзо возење.

Како рачно се прави хартија, од нула

Всушност сите оние кампањи за помалку трошење хартија да ти биле излишни и крајно непотребни, се што требало е луѓето да ги натераш сами да ја произведуваат хартијата што ја трошат.

Кутриот невработен копирајтер

Логиката на дечково е, ако си толку добар копирајтер колку што мислиш дека си зошто наместо да кенкаш не земеш да направиш реклама на тема самиот себе и да се шитнеш на некоја агенција.

Ај дека денес ти подобро пројде на работа

Кој работи, тој греши, ама утехава никако нема да ти врати две палети стаклени шишиња.

Подобро да не си ги мериме

Не е сè во големината, посебно ако не е во твоја корист. Видео со крајно висок капацитет за набивање комплекс или отворање нови перспективи (кој по што е) за големината на нашиот свет во однос на остатокот од Универзумот.

Боро се прости од Предраг

Во јазикот во кој живееме, нема збор за нашиот тебе. А сиромашен е оној јазик кој за тебе нема збор. На тој јазик, ете, си му еден збор вишок, секогаш за него преголем, секогаш преку неговата ситна мерка. Преголем, прехрабар, прејак, пресакан, прекрасен, предобар, ПРЕДРАГ.

Професорска демонтажа на звучните идеи на денешнината

Џордан Питерсон е универзитетски професор и клинички психолог за чии „противотрови на хаосот“ веќе пишувавме. Овој муабет со една напната новинарка (феминизам, плати, еднакви можности, машкост и женственост, Мао и денешните радикални левичари, освојувањето лингвистички територии и слично) е толку сочен, битен и занимлив што овојпат нема ни да издвојуваме поенти. Одгледајте го цело видео, никогаш не знаете кога на социјалните мрежи ќе налетате на некоја овдешна верзија на „неа“.

Какво време дојде...

Не е вест знамето на ЕУ да се доживее како провокација па на човекот кој го носи да му се грабне од раце а по него да се вика: Предавник!! Вест е кога тоа не се случува во некоја шумадиска селендра, на митинг на шешељевци, туку насред Лондон, на непартиски митинг на Англичани.

Поуки од канадската двојазичност

Заврши времето кога едни на македонски можеа да пишуваат „Смрт за Шиптари“ а други на албански да чкртаат „Каурски пички“. Во иднина такви графити ќе се пишуваат со спреј во едната, и гугл транслејт во другата рака. Квалитативен напредок, нели?

Како чоколадото стана здрава храна

На почетокот од 1980-те компанијата Марс формира научен институт за истражување на чоколадото. 30 и кусур години подоцна на утрински програми на телевизија ќе слушаш како ти кажуваат „... да, да, токму така, чоколадото има една состојка, флаванол, и таа докажано е добра за здравјето, што значи дека и чоколадото е здраво...“ Не, не значи тоа, и работата е многу покомплицирана.

Најк ги учи Канаѓаните да бидат помалку фини

Темпирано точно со Светско јуниорско првенство во хокеј што се одржа во Канада, Најк 9 дена по ред пушташе нова верзија од рекламата од кампањата „Играј помалку фино“ во која главниот лик станува се помалку и помалку пристоен и фин. Нешто налик Денот на мрморецот да ескалира од ден на ден. Насловот на 9-та реклама е „Не може помалку од ова“.