Видео

Македонија до Киншаса

Единствената разлика меѓу македонски и политичар од Конго е што на сечење лента наш фрла три лопати земја, а нивен плука три голтки пиво (нема теорија Шилегов да го прифати овој адет). Инаку, важноста на инфраструктурниот објект кој се пушта во употреба, горе-долу иста.

Где Дунав љуби небо

Видеото нема никаква врска со песната на Јосипа Лисац, ама ете, баш тоа ни текна кога го видовме овој тачдаун. Кратко и јасно.

Ренди да ви покаже како се прави реклама за пиво

Нема причина зошто кој било бренд на пиво би одбил вакво злато од реклама, ама таков е животот и не му е гајле за твоето имање или немање причина па оваа реклама не успева да мине кај „клиентот“ и останува само на Јутјуб.

Човекот кој го спаси Исус

Историско - библиско наравоучение: Исус настрада распнат на крст само затоа што во публика не се најде некој поштен човек со кацига. 

Како се руши куќа, кога имаш вишок куќа и вишок џип

Да претпоставиме дека ете некако не постои опасност дека некоја штица ќе ги пробие шофершајбата и возачот како локум, и дека куќава некако го има заслужено ова што и се случува, а исто и џипот. Е, со ваков сетап ликов и понатаму е многу идиот.

Ќорсокаците на интернетот

Сакате да избришете свој профил на некоја платформа? Тука се дизајнерите на сајтовите кои имаат задача да ви помогнат да заборавите од каде трнавте и со која цел почнавте да буричкате по сајтот.

Малку тој, малку таа

Човекот покажува дека има ненадјебива техника во борба со замислен противник. Таа го остава да се доискаже за на крај да му покаже дека стапот некогаш има само еден крај.

„Цел“ Јутјуб во две монтажи

Пред да стане „платформа“ за креатори, брендови, влогови и што сè не, Јутјуб беше сајт за клипови, и тоа клипови какви што ги памтиме од стариот интернет. Не изгледа така ама никој нема загинато во клиповиве, а се здробиле за здробување.

Неверојатното искуство на купување во кинески трговски за фејкови

Да не се сфатиме погрешно, ама сè од ова што ќе видите изгледа како кај нас глатко да ќе пројде за оригинален производ. И тоа веројатно е најмалку неверојатно во целата работа. Она што нас не ќари е ценкање какво што немате видено, и како се подогвени да симнат и по 400 долари. Она што уште не ни е јасно е зошто продавачките се намуртени кога им се ценкаш.

Оди па снимај реклама за Епл

Рекламата е за Хоумпод на Епл, дело е на Спајк Џоунз и излезе исклучително добра. Ова што сега го имаме е снимањето на рекламата и е неспоредливо со што било друго што се прави во овој жанр.

Ноќната мора на Рајан Гослинг

Најнебитната тема на светот може да биде супер сценарио за скеч ако имате режисер на SNL и актер како Рајан Гослинг. 

Со Господ напред

Така работи вистински верник. Пред почетокот на разботната задача, се прекрстува и се помолува Господ да му даде сила. Ако силата не е доволна, ќе се најде некоја цигла.

Не сме сите свињи исти

Следен пат кога некоја од домашните женки (мајка, цимерка, девојка, сопруга) ќе ви каже дека од домот сте направиле свињарник, пуштете ѝ го ова видео. Да ѝ биде уште потешко. Дека дури и свиња можела подобра од вас да ѝ се падне.

Ари не биди дрво, не ја нервирај баба ти

Од сите работи од кои очекуваш дека ќе се разочараш од својата внука, не си ни сонувала дека тоа ќе биде затоа што нема претстава што е фиксен телефон со кабел, а уште помалку има поим како да го користи.

Професионален пар родители „работат“ родено дете

Размисли колку најдолго твоите те шебале за една работа, па може ќе сфатиш како на крај се чувствува девојчево. Треба да реши една загатка, и на прва многу е веројатно и ти дека ќе ја решиш како нејзе.

Ама скапи биле индиските ореви

Овој пат нема ама. Кога ќе го видите процесот на вадење на еден единствен индиски орев, ќе ви стане јасно дека да се родеше ова дрво кај нас, брзо, брзо ќе беше откорнато, запалено и закопано, сортата да му се сотре и никогаш веќе бел ден да не види.

До велигденските јајца и по нив

Рецептиве за вапцање повеќе изгледаат дека се инстаграмски отколку канонски, ама па и никаде не вика дека во 5 сабајле треба да ги правиш.

Нема подобра екипа од The Office

Една скината сцена од серијата (продуцентите веројатно процениле дека со хуморот се претера), колку да се потсетиме колку мазно функционираат тие ликови.

Кембриџ аналитика најзадоволни од себе во источна Европа

После 4 месечни истражувања и тајни снимања, британскиот Канал 4 вади документарец во кој се откриваат сите изборни измами на осрамотените Кембриџ аналитика: мито, бивши шпиони, лажни лични карти, сексуални работнички...   

Сите сме ние Тајрон

Само, за среќа, не се сите толку набилдани како него, па да се малтретираат вака луѓе, во име на некоја 'праведна' кауза по свој избор. Инаку, уште одма би, ич не сумњаме во човештвото.

Ако ова не ве натера да исчистите по дома, ништо нема

Принципот е ист како оние Тејст рецептите, само да е шарено, брзо и да изгледа како најлесната работа на свет. И знаеме дека е така, и пак ќе успее да ти створи некоја желба и самодоверба да се покажеш по дома. Ама па и ќе ти пројде.

Како Втората светска војна помогна да се создаде Нутела

Затоа што нашава историја редовно предизвикува алергија кај цела наша околина, а и внатре, дај барем за Нутела да научиме.

Готвачот што не е нешто посебно потресен за своите прсти

Додека ти му ја мислиш како да го изрендаш тоа крајното што ти останало морков, јаболко или сирење, дечково со затворени затворени очи прави шопска.

Нарачување храна кога си во врска

Дечкото: Ќе нарачувам пица, сакаш?
Девојката: Не.
Доаѓа пицата.