Видео

Има разлика меѓу стенд ап и шат ап

Деновиве на ТВ случајно налетавме на точка на македонски стенд-ап комичар. Една од 'финтите' беше дека е полесно да си глумица отколку глумец. Ок, зошто ? Кога глумица ќе му мрднелa со газот на режисер, ќе заврши работа, ако глумец го направел тоа, ќе испадне педер. Оф. Затоа, малку од малку, да залечиме рани.

Геко знае дека е кабает

Геко бил оставен во кабина и пуздер ги има направено седиштата. Па сега газдата му се насерува за сите пари. Го пцуе до немила и недрага, ама некако е јасно дека се сакаат до небо. 

Наша нога на ски-лифт веќе не стапнува

Ски-лифт решава да тргне во рикверц, а по пат и да забрза, и сето тоа додека на него уште има качено луѓе. Видеото е од деновиве од скијачкиот центар Гудаури во Грузија.

Тирада на продавач на кертриџи за принтер, против кертриџи за принтер

Да почнеме од тоа дека пакетче кетриџи за инк-џет принтери се продава за околу 2500 денари, а цената на производство му е некаде околу 20 денари. Понатаму дечково ќе продолжи. Аха, и посебно да се посвети внимание на делот околу чипот.

Ако не знаеш што е квалитетно, прашај што е скапо

Експерт за месо открива како да разликувате квалитетен сувомеснат производ од оние ефтините што се шлепаат со разни финти (адитиви и слично). На тапет има кулен, шунка, салама, мортадела, виршла, кобасица и пршут. 

Хирург расипува филмови со хирурзи

Не само што ќе ви го расипе впечатокот за хирурзи што се појавуваат во филм, туку со тоа реалноста комплетно ќе ви одмили филмски доктори само затоа што она завршила медицина.

Микрософт Еџ го бива само за една работа

За Микрософт проблем е што ова му е накалемено уште од времето на ИЕ 6 и уште не може да крене глава. За сите што сурфаат на интернет проблем е што Гугл Хром крајно доминантен браусер кој безмилосно те манијачи и запишува сè што некогаш си направил, и баш и нема нешто многу што можеш да преземеш во врска со тоа (затоа што си премногу мрзлив/а за барем да инсталираш Фајрфокс или Опера).

Ич да не ја мислите, Кореја никогаш не се обединува

Репортер на улица на Сеул прави анкета меѓу тамошните пешаци, дали се за обединување на двете Кореи. Сума сумарум не им смета народот од Северот, ама некако парите не им се делат со нив.

„Само малку претерано“

Ова е слоганот од новиот официјален спот за промоција на туризмот во Орегон. Според локалци целиот е базиран на вистинити предели од Орегон. Според локални закони марихуаната е легална во Орегон, па не можеме баш да спориме кој што точно гледа во сојузната држава.

До каде е паркот на Дизни од 2 милијарди долари

Компанијата во април 2016 почна со изградба на Ѕвездени војни паркот во Калифорнија со површина од 56 илјади метри квадратни. Буџетот му е 2 милијарди долари, и деновиве прв пат објавија како напредуваат по речиси 2 години работа. Треба да биде готов во 2019.

Гасете светло, ќе ја трга шминката!

Во „Сенки“ на Манчевски има една сцена во која жената од купатило му довикнува на сопругот во спална да изгаси светло, за да не ја види без шминка. Ние досега мислевме дека е тоа уметничко претерување.

Дур има мисири, ќе има и Перхани

За трагичната судбина на Давор Дујмовиќ пишувавме во приказната „Животот и смртта на Перхан“, ама малиов и неговите мисири нè потсетија и на двајцата.  Еве го малиот Перхан, на некој друг светски меридијан, роден како миротворец.

Никогаш не би ни текнало

Како едно големо тркалезно колаче да помине низ помал квадрат иселчен во хартијата.  Чичкото е фин па објаснува, во спротивно ќе зјаевме ко телиња па ќе заборавевме на тоа. 

Сè најлошо во животот

Може имаме струја, и интернет, и телевизија, и авионски превоз, и смартфони, и храна во изобилие, и (колку-толку) разбирање едни со други, и вакцини за болести, и топол дом, и редовен оброк, и бесплатно образование, ама тоа не го менува фактот дека животот знае да е ѓубре кога ќе реши, а обично решава кога си најмалку спремен.

Со Дејвид Брн никогаш не е досадно

Лидерот на Токинг Хедс реши кај Колбер да промовира песна од новиот албум "American Utopia". А тоа е студио, сцена, публика, досадно... Е па, не. Песната се вика "Everybody's Coming to My House" и бандата баш фино се одомаќини.

Парите станаа проблем на Епл

Секогаш парите се проблем кога ги немаш, Епл ова го преврте на глава и проблем им е што имаат премногу пари. Епл вади поголем профит отколку која било компанија на светот, или речиси колку Гугл, Микрософт и Фејсбук, заедно. Моментално, Епл на сметка има 285 милијарди долари.

Со Гугл низ Дизниленд

Во својот „Street View“ Гугл документираше единаесет паркови на Дизниленд и секој може да си одбере своја виртуелна тура низ тематските паркови и атракциите. Земајте тоа децата и покажете им дека интернет не се само Јутјубери.

Странскиот Андруш

Нашиот се фати за Оди ѕвездо на Наум Петрески, овој за Енџелс на Роби Вилијамс. Само што нивниот си дозволи  прилично слободна реинтерпетација на текстот.  Којзнае како би звучела нашата со вакa порноизиран текст?

Кога Јапонија ќе го повика Холивуд

Како што за добра свиња нема лоша помија, така и за добар хонорар нема лоша реклама, а Јапонците имаат хонорари, а и рекламите не им се нешто страшно лоши.

Хафтор Бјорнсон против 472 кила

Настан: Арнолд стронгмен класик 2018. Дисциплина: кревање тежина од место. Последна, решавачка рунда, и тежина што значи соборување на светскиот рекорд. Останати се шампионот Брајан Шо и Хафтор Бјорнсон.

Треба екстра палец?

Чудесна направија која заслужува два лајка. Пошто се работи за протеза која ви дава дополнителен, комплетно функционален и автономен палец на раката (контра оној што го имате). Најштосно е што се командува со - нога.

Човештвото е полно со овци

Дечко решава да сними реакции на луѓе кога ќе лажира дека е позната фаца. Да изгубиш верба во човештвото.

Една недела меѓу италијанските фашисти

„Очекувавме милитантност, очекувавме шутки и се разбира, Мусолини. Не очекувавме народни кујни, бесплатни лекарски прегледи и фашисти хипстери“. Вака започнува една британска репортажа за Италија која открива дека во некои тамошни маала, фашизмот повторно станал нормална работа. 

Убаво ми викаше учителката

Мечево си спомнува дека неговата учителка му викала дека со такво однесување нема да стигне далеку и дека најверојатно ќе заврши како градежен работник. Хехе.