Видео

Како рачно се прави хартија, од нула

Всушност сите оние кампањи за помалку трошење хартија да ти биле излишни и крајно непотребни, се што требало е луѓето да ги натераш сами да ја произведуваат хартијата што ја трошат.

Кутриот невработен копирајтер

Логиката на дечково е, ако си толку добар копирајтер колку што мислиш дека си зошто наместо да кенкаш не земеш да направиш реклама на тема самиот себе и да се шитнеш на некоја агенција.

Ај дека денес ти подобро пројде на работа

Кој работи, тој греши, ама утехава никако нема да ти врати две палети стаклени шишиња.

Подобро да не си ги мериме

Не е сè во големината, посебно ако не е во твоја корист. Видео со крајно висок капацитет за набивање комплекс или отворање нови перспективи (кој по што е) за големината на нашиот свет во однос на остатокот од Универзумот.

Боро се прости од Предраг

Во јазикот во кој живееме, нема збор за нашиот тебе. А сиромашен е оној јазик кој за тебе нема збор. На тој јазик, ете, си му еден збор вишок, секогаш за него преголем, секогаш преку неговата ситна мерка. Преголем, прехрабар, прејак, пресакан, прекрасен, предобар, ПРЕДРАГ.

Професорска демонтажа на звучните идеи на денешнината

Џордан Питерсон е универзитетски професор и клинички психолог за чии „противотрови на хаосот“ веќе пишувавме. Овој муабет со една напната новинарка (феминизам, плати, еднакви можности, машкост и женственост, Мао и денешните радикални левичари, освојувањето лингвистички територии и слично) е толку сочен, битен и занимлив што овојпат нема ни да издвојуваме поенти. Одгледајте го цело видео, никогаш не знаете кога на социјалните мрежи ќе налетате на некоја овдешна верзија на „неа“.

Какво време дојде...

Не е вест знамето на ЕУ да се доживее како провокација па на човекот кој го носи да му се грабне од раце а по него да се вика: Предавник!! Вест е кога тоа не се случува во некоја шумадиска селендра, на митинг на шешељевци, туку насред Лондон, на непартиски митинг на Англичани.

Поуки од канадската двојазичност

Заврши времето кога едни на македонски можеа да пишуваат „Смрт за Шиптари“ а други на албански да чкртаат „Каурски пички“. Во иднина такви графити ќе се пишуваат со спреј во едната, и гугл транслејт во другата рака. Квалитативен напредок, нели?

Како чоколадото стана здрава храна

На почетокот од 1980-те компанијата Марс формира научен институт за истражување на чоколадото. 30 и кусур години подоцна на утрински програми на телевизија ќе слушаш како ти кажуваат „... да, да, токму така, чоколадото има една состојка, флаванол, и таа докажано е добра за здравјето, што значи дека и чоколадото е здраво...“ Не, не значи тоа, и работата е многу покомплицирана.

Најк ги учи Канаѓаните да бидат помалку фини

Темпирано точно со Светско јуниорско првенство во хокеј што се одржа во Канада, Најк 9 дена по ред пушташе нова верзија од рекламата од кампањата „Играј помалку фино“ во која главниот лик станува се помалку и помалку пристоен и фин. Нешто налик Денот на мрморецот да ескалира од ден на ден. Насловот на 9-та реклама е „Не може помалку од ова“.

Да погледаме човек што многу нема работа, а многу има живци

Дисциплина: составување банкнота од 5 фунти искината до ниво на конфети. Оди па раскажувај му на овој како не можеш да ја составиш сложувалката од 500 парчиња.

За тие со фетиш на чистење бетон

На некој ова му е работа, нам ни е мерак за гледање, веројатно баш и затоа што не ни е работа. Додека не се смени сето ова, да уживаме во мераков.

Сквернавење на Нирвана

Многумина мислат дека ако некоја песна не треба да се чепка, тоа е Smell Like Teen Spirit од Нирвана. Ќе чуете колку е тоа вистинито кога ќе ја слушнете верзијата на еден тексашки бенд кој песната ја прештима во дурови. А во дурови (место петки и сусови) Smells Like мириса на една безначајна, безбојна поп песничка. Чиста бласфемија.

Да ти се мочам на попустот

Шведскиот гигант и порано знаел да направи контроверзни реклами и адвертајзинг потези но е скроз нејасно каква тоа голема нужда ги натерало во нивната прва маркетиншка финта во 2018 да искористат мала нужда.

Прашајте го премиерот

Збоктисан од прашања на новинарите, тајландскиот премиер Прајут Чан - о -ча на средба со медиумите деновиве донесе своја замена и пред да замине од прес конференцијата, на новинарите им порача дека можат да прашаат што им душа сака.

Пет длабочини на една иста песна

Џејкоб Колиер е мулти-инструменталист и еден неверојатно талентиран дечко кој ја расчленува емотивната приказна и внатрешниот дијалог на композицијата „Amazing Grace’“ на пет нивоа на комплексност. Почнува со дете, па со тинејџерка, па со студент на музичка академија, па со професионален пијанист, за на крај да заврши со - Херби Хенкок! И да се испогубите некаде на третата фаза, видеото е магично за следење.

Музиката нема непријатели

Дедото има 84 години, свири труба и песна на неговиот живот е Лили Марлен. Ќе ви раскаже зошто.

Никогаш до сега магдонос не ни направил толку мерак

И веројатно чувството повеќе нема да се повтори.

Како се облекувале жените во 18 век

Да почнат денешните жени вака да се облекуваат од рано наутро, на работа ќе стигнат, евентуално, во трета смена.

Карл Пилкингтон маж, бог, холивудски пророк

Човеков што изгледа како да е само гостин на планетава, дојден тука да ни ги отвори видиците така цврсто закоравени во самобендисано едноумие околу спознавањето на светот и животот, ладно предвидува две епизоди од последната сезона на Black mirror неколку години пред тие воопшто да бидат снимани. Инаку претходно Карл имаше речиси идентична идеја со приказната за Бенџамин Батон.

Науката зад цените на авионските карти

Многу е едноставно, нема правда, ниту логика, ќе платите колку и да ви побараат и тоа е. Видеово може само колку-толку да ви олесни како се стига до тие бројки.

Како се извинуваат он-лајн ликови

Инспирацијата за пародијава е типот што го објави видеото со обесениот човек во шумата на самоубиства во Јапонија, и изгледа болно прецизна.

Патека на стравот и ужасот и на не, фала

Како се развива фобија од височини? Е вака. Патеката се наоѓа на планина во Индија и води до остатоци од некоја тврдина од 500-та година п.н.е. и без разлика колку е високо за качување, проблемот е во симнувањето. Посебно за време на сезоната на монсуни. Видеово е во сезона на монсуни.