Видео

Како времето ги брусеше Камењата

Фото-портрети на луѓето од Стоунси, бендот во кој денеска заедно имаат близу 300 години. Како се менуваа тие неповторливи ликови, од 1962 година до денес. Да не може човек да се реши кога била најружни.  

Се претера со уметноста

Следново се случува во Монтреал, овие се Ле Мутонс (mouton = овца) и се крајно упорни во тоа, и во која и да е пораката што ја имаат.

За вештачка интелигенција и безбедноста

Во говорот Џејмс Микенс објаснува: „Некои луѓе влегуваат во технолошката индустрија за да создаваат понови, повозбудливи видови технологија и тоа колку е можно побрзо. Мојот говор е против овие луѓе и ќе сруши некои важни професионални мостови, што најверојатно ќе ме натера да се приклучам на манастир или друга организација фокусирана на покајување.“

Маж мора да знае да ги бира своите битки

Искуството во проценување на ситуацијата се сведува на тоа да не се прецениш себе, ниту да го потцениш другиот, па макар тоа било и петел. Во спротивно имаш ова.

Основи на справување со напаѓач вооружен со нож

Видеото доаѓа од кинеската полиција и не ни дава причина да се посомневаме дека ќе функционира во најголем дел од случаите на вооружен напад.

На слика одамна не веруваме, од сега веројатно и на видео

Дечкото експериментира со нови техники за подмладување на дигитални модели (компјутерски создадени), по пат ти прави шубе по цел спиок на основи зошто да не веруваш во тоа што го гледаш.

Социјалист каков што ни треба

Лабаво, пред океан, со укулеле на клупа, овој хавајски кандидат за Конгресот им објаснува на своите гласачи некои основи на демократскиот социјализам. На пример, дека човек не е сoздаден само да 'рмба. 

И ти можеш да бидеш суперхерој, само немаш кој да ти прави специјални ефекти

Да не се лажеме дека е до срце, душа, пари, кој ти е татко / мајка, сè е во добро склопени специјални ефекти, инаку сè изгледа глупо.

Четвороножните браќа Далтони

Три кучиња за кои не е сигурно дека имаат некакво педигре, ама затоа е сигурно дека се од исто легло.

Атлетска вежба: Есента во мојот град

Кај и да е, ќе стигне есен, а тоа ви е време на дождови и калишта. Време е скопјани од градските и приградските населби да почнат да вежбаат.

Додека штурците си свиркаат

Фасцинантна видео снимка од воено-градежен потфат на мравки. Илјадници или милиони од нив изградиле импозантен висечки мост до главната фортификација на нивниот смртен непријател  - стршлените. Кој тоа го командувал, како тоа оди, господ ќе го знае. Јасно, вакво единство кај нас веднаш би се квалификувало како фашизам. 

Договорот за менување на името, до референдумот и потоа

Како што излезе дека повторувањето е мајка на договорите, така не е ни за сомнеж дека за референдумот ќе имаме можност репризно да гледаме како ни се сервираат истата позитива, напредност, историски успеси и шарена иднина со кои беа проследени Договорот со Бугарија, воведувањето двојазичност во земјава и слични достигнувања. Да повториме.

Запознајте го Вектор

Вектор е робот, и не прави нешто посебно многу, и ако некогаш се случи како човештво да се прелажеме и да почнеме да им веруваме на роботи тоа ќе биде заради Вектор и такви како него. За сега е Кикстартер проект, ама до октомври би требало да биде готов производ.

Дали живееме во аристократија?

Иако оригиналниот наслов на видеото е „Како аристократиите владеат“, прашањето испишано на насловната слика на видеото на Атлантик е далеку поаристократско - „Дали аристократиите секогаш се лоши?“

Проблемот со „океан“ канцеларија и како да го решиш

Демонтирањето на коцката и воведувањето на отворената „океан“ канцеларија беше доживеана како момент на глобално копоративно просветлување, решение кое конечно ќе ги зближи рамнодушно несреќните канцелариски работнички сили и ќе донесе радост, креативност и  (веројатно најважно) полетност во исполнувањето на работните задачи. По доволно години искуство во отворени канцеларии, излезе дека баш и не е така.

Индиски СВОЗ за чисти плажи

Во рок од една година од само една плажа во Мумбај волонтери (ученици, локалци, активисти...) отстрануваат над 12 илјади тони (12 милиони килограми) претежно пластичен отпад, и без да изгледа како обезвреднување на нивниот труд, уште не се ни приближно готови.

Коен го поремети американскиот Палма

Досегашен хајлајт на новата серија на Саша Барон Коен веројатно беше моментот кога Дик Чејни му го потпиша комплетчето за вотербординг. Но, озлогласениот екс шериф од Аризона кој апсеше луѓе по боја на кожа (осуден па помилуван од Трамп) Џо Арпајо, секогаш сакал да предничи.

Шерп сред американско блато

Шерп е една руска чудесија од возило која генерално може секаде да пројде и е жив мерак и крајно забавно ако сакаш да возиш офроуд. Американец купува Шерп и решава да го проба сред некаков натпревар на „монстер-тракс“ во минување низ вештачки создадено блато. Ќе го забележите кое од возилата е Шерп.

100 години гужва

До 2100 година она што денес ни служи како стандарден систем на вредности по кој се подаваме секогаш кога зборуваме за гужва на население (Токио, Шангај, Њујорк) ќе биде комплетно невалиден, и заменет со крајно, од денешна гледна точка, неочекувани кандидати.

Горилаз на дугметара

Ако има поука од видеово тоа е дека тоа „хармоникашката фаца“ сама ќе ти се појави кога ќе ја фатиш дугметарата без разлика дали си ја свирел Feel good inc. или Влајна.

Зошто летово е толку топло кај луѓе што не се научени да им е топло

Пејзажот во Британија летово доби сосема нов изглед на сателитските снимки, во Шведска има пожари како никогаш до сега, руски градови во околина на Арктичкиот круг постигнуваат рекордни температури, а Јапонија се топи. Човеков пробува да го одговори прашањето без да спомне глобално затоплување (барем не на прва).

Русофобијо, и на Американци си им тешка

„Тоа што го носиме НАТО до руските граници е закана за сечија национална безбедност,“ велат двајца американски професори и експерти за надворешна политика кои сметаат дека главната закана за САД е хистеричната русофобија која владее на тамошната јавна сцена. „Замислите Кина или Русија да направат свој воен блок и во него да ги зачленат Мексико и Канада, ќе го толерираме ли ние тоа?“ 

Американци, зборувајте ни малку за тоа

Пред некој ден во емисија се испокараа Вупи Голберг и Џанин Пиро, за левица- десница, Трамп - неТрамп. Џанин сумира на кое дереџе е дојдена американска јавност: озлобеност, политикантство во сè, брат брата одфрендува заради политика.  

Неколку трејлери од Комик кон 2018

Стандардно мегаломански, како да е трејлер за последниот филм што некогаш ќе го изгледаш, она по што годинешните трејлери од Комик кон се разликуваа од претходните е што немаше ништо Марвел во најава. Тоа не значи дека има дефицит на чудовишта и катаклизмичкни настани кои ја вребаат планетава и човештвото, плус зомбија и римејк на Космос на Саган.