Видео

Микропукот во целата своја ужасност

Пред три години ова му се случи на Скопје, кога за неполна минута го потопи цел град. Снимкава е од некој сличен настан и прилично e вознемирувачка без разлика колку е направена од далечина. Тоа долу е цел град, тоа горе се на прва регуларни облаци.

Патлиџан не е за во фрижидер

Мада ако јадете од тој тиква патлиџанот од супермаркети веројатно не треба ни најмалку да се потресувате околу вкус на патлиџан бидејќи одамна се имате откажано од истиот. П.с, и путер не е за во фрижидер, ама за тоа друг пат.

Болсонаро се претргна

По зголемениот меѓународен притисок во врска со рекордниот број пожари во Амазонија и ветувањето на Болсонаро дека, ако треба, ќе биде испратена војска, тој, како да ви кажеме, го исполни ветувањето. Еуроњуз тврди дека против илјадниците пожари кои секојдневно ги голтаат шумите, бразилскиот претседател испратил - дури два авиона за гасење.

Како апси норвешката полиција

Не може една норвешка битанга да биде толку наапана и непријатна колку што двајца норвешки полицајци можат да се изнасмеат на неговото пиздење. Па уште и кога овој ја скрши пластичната чаша што му ја дале, полицаецот му вика дека ќе му донесе друга. А чисто за контраст, ќе тркнеме и до САД.

Бунтовништво не можеш да ампутираш

Од што немаат којзнае колку работа, на полициска патрола од Нов Зеланд ѝ се видело дека еден инвалид премногу шишка со количката. Стариот (Чарли Дурам, 60 години, две ампутирани нозе) не само што не им застана туку им покажа пар јаки дриблинзи. Најбавната полициска потера на светот беше проследена со гласно навивање за бегалецот.

Пирс Морган: Либералите станаа неподносливи

Популизмот е во пораст затоа што денешните либерали, би рекол мојата страна, бидејќи сум либерал, стaнаа комплетно неподносливи, вика Пирс Морган, и тоа кај Бен Шапиро, човекот кој безмалку му ја запечати кариерата во САД. Не можеш да водиш Оскар бидејќи пред 10 години си кажал некој виц. Па не можеш да добиеш Оскар затоа што си имал некоја мана. Либералите создадоа една празнина во која никој ништо не прави, никој на ништо не се смее, секој се плаши да нè навреди некого....

Шампионат за електричари

Да, го има, многу е вистински, а и не е лошо платен (со награден фонд од околу 500.000 долари). Истите овие што кај нас ги наоѓаш со врски како што некогаш требаа за Шенген виза, па после со поп вклучуваш два штекери одеднаш, во САД се натпреваруваат кој побрзо може да комплетира инсталација, и тоа се пренесува со иста жестина и фори како да е нормален спортски настан.

Жените за Том Веитс

Саде жени да ти прават трибјут албум и тоа додека си жив, покажува дека лежерноста на еден маж може да го однесе подалеку отколку да бил еден од оние што запнуваат.

Инжениран кошмар

Кога градежник ќе каже „секој еден совет што ни го дадоа најголемите умови и најпаметните инженери и математичари, едноставно не е точен“ можеш да бидеш сигурен дека следен пат кога ќе го спомнат медиумите ќе биде со „катастрофа“ во насловот.

Кога на свадба одите со комбајни да не фрлате

Ако фрлањето ориз (бомбони) на свадба е станато клише, тоа е само затоа што многу добро функционира и врши работа, а не дека луѓе не се решиле да пробаат алтернативни решенија, како комбајн на пример.

Најблиското нешто до епизода на „Опстанок“ што ќе изгледате денес

Што ќе се случи ако во тегла (од тие големите за туршија) ставиш морска вода, песок и алги, и херметички ги затвориш на една година? Не, нема сè да преживее, не, нема сè ни да умре.

 

Ова не може а да не боли најмногу

Стандардните прашања што ги имаме околу вакви дисциплини се: Како решаваш да почнеш ова да го правиш? Кои се првите чекори? И, колку треба да те боли за да кажеш доста е?

Британскиот Брус Спрингстин?

Иако наредниве недели допрва треба да го издаде својот деби албум, магазинот Ролинг Стоун ја навестува можноста дека си имаме работа со британскиот одговор на Брус Спрингстин. Се вика Сем Фендер и има прилично зрел ракопис за еден 25 годишен дечко.

Како ли е да се живее со овој дечко?

„Вежбам секој ден...“, ја открива тајната на своите вештини овој црномурест Паско Кузман (ради двата молива на уши), Да видиме и слушнеме на што тоа тој вежба секој ден.

Најлошиот каратист што некогаш се родил

Кога доаѓаш на натпревар претпоставката е дека барем нешто од нешто имаш совладано. Ама не, ова нема ни држење, ни техника, ни знаење, ни волја малку од малку да напредува. Дебакл. Воопшто немало потреба ни да се појавува. Резил!

Рецепт за совршен бургер

Многу важна напомена за гледање на видеото: добро е, ама ова не е рецепт за совршен бургер, ликот е комплетен идиот. Да, ок, би можело да биде добро, ама не е.

Кога Борис Џонсон ќе се сретне со Монти пајтон

Одличен мешап на новиот британски премиер со онаа легендарна сцена на пајтоновци „Што Римјаните направиле за нас?“

Бикот кој испадна вол

После ова, бикот им има објаснувано на другарите, нема везе, ме наместија....

Да речеме дека Роналдо можел и подобро

Во време на дипфејк, би сакале да веруваме дека ова е најдобриот дипфејк до сега направен. За жал на Роналдо, не е дипфејк, само е многу лошо.

Очилата како огледало на душата

Постои широко распространето уверување дека очите не лажат и дека тие секогаш ја откриваат вистината. Ок, само што вистината некогаш уште подобро ја откриваат - рефлексните цвикери.

Ви се гледа баскет? Од 1939-та?

Ова маалски се вика „фрљотка“, ама тоа не им смета да го наполнат Медисон сквер гарден со 16.000 навивачи. Веројатно вака и ќе останеше американската кошарка да не дозволеа црнци да почнат да играат.

Исис, блупери

Светов е забразден во комплетна естрадизација. Блупери, односно грешки при снимањето на видео сцени сме навикнати да гледаме за филмови и серии. Не запира тоа тука. Жанрот се прелеал онаму каде што најмалку го очекуваме, меѓу спротивставени терористички групи. Елем, за да ги руга конкурентите, Ал Каеда деновиве на интернет пушти блупери од Исис.

Париз и туристичките измами што ве чекаат

Некој ќе рече „туристичките измами се дел од искуството“, но друг ќе рече „повеќе сакам кога јас бирам на што искуство ќе ми отидат 100 евра или цел новчаник“. Ги има различни, за големи и за мали, и за различен буџет.

Некст левел турска кујна

Денес научивме дека кога рецептот почнува со „земаш лопата и копач“ следуваат вонземски резулати. Она што го повторивме е каков дар за човештвото е турската кујна.