Видео

Велс за Черчил

Орсон Велс раскажува анегдота поврзана со Винстон Черчил, како овој маестрално одреагирал откако дознал дека случајно му има олеснето да добие пари за филм од некој руски бизнисмен. Нема веќе такви калибри.  

Земјоделство, веднаш

Ако уште не сте почнале, одма почнувајте, нема нешто подобро. Ако не ни верувате нас, еве земјоделец да ви објасни со аргументи и директни примери. Само ќар и бенефиции.

Да ви кажам уште нешто

Даблинец бил терминално болен и знаел дека му доаѓа време да се одјави. Ама, не така одма и не така траорно. Дур е време снимил гласовна порака до оние кои ќе му дојдат на погреб. Чујте го царот. РИП Шеј Бредли (62), may the joke be with you.

Пирс Морган, седи, кец

Се курчи во живо на ТВ па пробува да изрезили една плавуша прашувајќи ја дали ја знае питагорината теорема. За среќа, колешката го прашува: А ти ја знаеш?

Бил Мар и Хауард Стерн ги закопаа секирите

После долгогодишни хејтања и јадачки, двајцата гиганти на слободната медиумска мисла сфаќаат што имаат заедничко: што во суштина и двајцата се либерали ама такви либерали кои не ги трпат срањата на официјалните либерали.

Имитаторите ќе немаат леб да јадат

Со 20 различни гласа на познати лица, Џон Мескимен (актер и имитатор) преку поемата „Pity The Poor Impressionist’ ќе ви објасни зошто неговата професија станува неодржлива. Објаснувањето го помага главниот злосторник во тој процес, познат како ДипФејк. Импресивно и застрашувачки.

Последните секунди од рекордниот маратон на Елиуд Кипчоге

Во историски подвиг за човештвото Елиуд Кипчоге успеа за прв пат во историјата да истрча маратон за време под 2 часа. За да ви биде појасно, за да истрчаш маратон, 42 километри, под 2 часа, тоа значи дека треба еден километар да го трчаш за 2 минути и 51 секунда (и тоа после да го повториш уште 41 пат).

Да се доживее стотата

Фино скоцкано видео во кое 100 годишници објаснуваат што правеле за да дојдат до таа возраст. Спојлер: ништо особено.

Како не се уморија да се хистерични?

Елен ДеЏенерис била на утакмица и на трибина, пази молим те, седела до Џорџ Буш. Абе дрвја и камења, абе го предала лезбејското движење, абе свашта. Сега ѝ копаат по минатото, да не се наоѓа и некоја нејзина слика со Мао Це Тунг. Меѓу другото, ете затоа Трамп ќе добие втор мандат. Дека овие упорно се бават со глупости и дека памет не им доаѓа.

Добро, кога шахот стана ваков?

Шах е една оток од игра со надмислувања, стратегии, многу, многу бирање потези, уште повеќе дремење и гледање што и како, така? Епа како тогаш ова? Тој младиот е Магнус Карлсен (веле, веле, велемајстор), тој стариот е добар, колку што се може.

Холифилд за борбата со Тајсон

Одамна беше, сите знаат што се случи, двајцата веќе се смирени, но и тогаш и сега Холифилд е победникот во борбата (тогаш затоа што беше подобар, сега затоа што се нема изерзилено како што тоа знаат луѓе да го направат). Холифилд сега објаснува како дошло до борбата („секој пат кога некој ќе ми се налутеше по дома ми викаше ’едвај чекам да се бориш со Тајсон’“), како сакал инстатно да му врати на Тајсон за гризот и зошто му простил.

Залак виски

Инспириран од еден од поглупите предизвици што се појавиле на интернет (Tide pod challenge), Гленливет доаѓа до идеја за сосема нов систем за испорака и консумација на алкохол - мини мешунки.

Со бавност на светлината

Визуелно контекстуализирање на една иста брзина, онаа на светлината. Земјата ја врти 7,5 пати во секунда, ама кога тргнува од Сонцето кон нас, истата изгледа како да се „клаца“. Се разбира, битно е да не „прав пат“. Само што таа на дестинацијата стигнува без сменет личен опис.

Ај, може ќе престане да ика

Како да познаеш дека некое момче баш и не е во најдбори односи со законот? Пазете колку органска реакција е тоа. Како Били Питон во Маратонци: „Олади ме птичурина!“

Кога девојка верува во лесни пари

Тој ќе ѝ залепи париче на чело, таа само треба да се удри по глава, паричето да падне, таа да го фати и паричето е нејзино. Така? Така. Одиме.

Ние градиме ѕид, ѕидот нè гради нас

Белата куќа на Твитер објави 20 секунди снимка од градежните активности околу фамозниот ѕид (нагалено: ограда) која требаше да изгледа моќно ама станат предмет на масовно спрдање. Што заради локацијата од која се почнува (никаде), што заради тоа кога ќе завршат ако вака тераат (никогаш). Отприлика како пругата кон Бугарија.

Грета 2.0

На средба со Оказио-Кортез со граѓани, станува таа и ја искажува својата загриженост околу климатските промени и пошто цени дека немаме време за стандардни мерки, предлага своја мерка - да ги јадеме бебињата. Дали трола, дал е озбилна, ништо веќе не ни е јасно.

Три децении без Чепмен

Хилјаду му скечева, минале 30 години од смртта на Грем Чепмен. Чепмен беше алкохоличар (партнер: џин), хомосексуалец (партнер: Дејвид Шерлок) и пред сè и над сè - монтипајтоновец, дружина во која доаѓа заедно со Џон Клиз, неговиот другар кој на крај му одржа една „прописна“ еулогија.

Ал Пачино во Таксист

Уште еден заебан мајндфак со тоа дипфејк финтата. Во улогата која е неодвоиво слепена за ликот на Роберт Де Ниро, одеднаш ви се појавува Ал Пачино. Ќе трепкате и ќе дрмате со глава за да си го рестартирате погледот, ама џабе, тоа е.

Зошто во Норвешка е убаво?

Како и други среќни приказни од светов, и норвешката започнува со тоа што во тоа морињата во кои со векови наоѓале само риба, еден ден наоѓаат нафта. Само што со тоа, приказната кај нив допрва започнува. Ние да најдеме нафта, одма ќе накривиме капа. Не и Норвежаните.

Климатска средба на генерации

По повод една вест дека ученици на еден ден ќе напуштат школо и ќе протестираат за стопирање на климатските промени и ќе апелираат за ургентна акција за промоција на наративот „инаку сите ќе умреме“, австралискиот медиумски ветеран Ален Џонс има да им прочита нешто: фатете книга и направете си сендвич.

Мексиканска баба готви на Јутјуб

Онаква баба оригинал со бројни слави, прослави и слични масовни јаденки во резиме (со нејзина забелешка: мене ми е срам ова што го правам, а не па по интервјуа ме викаат), во кујната во двор, и ќерка и позади камера. Без тоа графики, ефекти, спонзори, па снимано од горе, па непотребни тупења (#заситештопрашувате), па кликни субскрајб, јок, чисто само баба и готвење. Рецептите се на шпански, ама пак некако ќе ги разберете.

Скриена камера со хепиенд

Ок, сега више не ја викаат „скриена камера“ туку e „пранк“ ама концептот е тој. И за разлика од другите пранкови, овој завршува со хепиенд, барем за тие што го гледаат видеото, и не можат да поднесат пранкови. Темата на конкретното видео е: ај да видиме што ќе се случи ако глумиме дека правиме голема нужда на нечие Ламборџини.

Има и полошо од тоа да те прават мајмун на работа

На пример, како возрасен и зрел маж, при здрав разум да те прават - мачка. И ако некогаш зборуваме за луѓе што неправично биле прескокнати за Оскар, ова е човекот што треба да ви е на памет.