Видео

Тато го расте пешкирот

За да го разбуди сопругот, жена му му тутнала некое врзопче ткаенина за кој овој  - а му се спие, му се рика - мисли дека е нивното новороденче. Посветено го думка и го покрива, веројатно среќен што му нема заплачено. 

И сега, што да облечам?

Ако сте женет, постои веројатност дека сте ја чуле како ви го поставува тоа епско прашање. Бидејќи нема што да облече, ништо ново не си купила сто години, сите пари за дома и за децата ѝ одат. Чисто за да не останете без одговор.

Џемс Бонд како Харви Вајнстин

Мала компилација од родово некоректни и за денешни услови фрапантни сцени од филмови со Џемс Бонд во кои тајниот агент, освен за убивање, очигледно има дозвола и за „нехумана објектизација на жената како таква“. Чудно е како овие филмови уште не се спалени, ама, никогаш не вели никогаш.

Утешувачка реклама

Белрој се ранци (и останата опрема) произведена од конец направен од рециклирани пластични шишиња. Процесот не оди така лесно како на рекламата (веројатно затоа се и толку скапи) ама па и не мора за сè да ја знаеме точната приказна.

Вреди ли вода од 100.000 долари?

2 Чеинз и Дипло сакаат вода како повеќето од нас: бесплатна и од чешма. Но, им се нуди искуство да ја пробаат најскапата флаширана вода на светот која се продава за 100.000 долари. Па, вреди ли? Нормално, не вреди.

Топ гиар го проба Порше Тајкан против Тесла Модел С

Откако Тесла отиде на Нурбургринг да го руши рекордот на комплетно електричното Порше, и доживеа дебакл, заминувајќи си без да сподели ниту една статистика, Топ гиар реши да ги проба двете коли на права писта. (Да, Поршето е два пати поскапо од Теслата, ама сега не броиме тоа.)

Ајде да зборуваме за природна храна

Прво, природно-природно не постои со векови. Второ, тоа што според вас е природно, генетски не модификувано, веројатно е такво само ако спроедбата ви важи за период од последниве 50-60 години. Во споредба со оригиналот сè e ГМО, за наше добро.

Баба на денот

Е не, ќе кмиши дома за да види дали некој од децата или внуците ќе се сети на неа, или пак дали овојпат ќе ја вклучат во утринска емисија за да каже нешто важно.

Алату екбер

Има луѓе на кои им треба прво да прочитаат упатство за да сфатат како функционира некој алат или гаџет. А има и такви кои немаат ниаква потреба од тоа. Дај му го алатот и го употребува без никаков проблем.

Сцената од Титаник во пустински услови

Двајца се, се сакаат и решени се докрај да останат заедно додека она што е под нив се клати и тоне. Во оваа верзија на Титаник, повеќе ви паѓа жал за ова второво.

Изгубените Рамбовци

Папуа Нова Гвинеја 2019-та, високо во планините на земјата племиња се уште водат племенски војни: „навечер ги прашуваме духовите дали треба да убиваме или не, кога духот ќе каже да, одиме на бојно поле“. (Во еден скорешен судир имаше 80 загинати.) Последниве една, две децении судирите ескалираат откако во нив се вмешува огненото оружје и Холивуд, преку шверцувани копии од Рамбо.

А сега, руско видео

Ако постои курс по анатомија на руски видеа на интернет, ова видео го пуштаат на прв час како успешен пример за клип што ги опафтил сите елементи: лошо паркирани коли, тенк, сообраќајка...

Човек со обратно краток фитил

Се кладиме дека во оние илјадници и илјадници коли кои во моментов се се движат по Македонија, нема ниту еден ваков како него. Тоа све намуртено и накурчено, тоа све некаде брза.

Магијата на Хонг Конг

Кога не е оптоварен со масовни демонстрации, Хонг Кoнг е фасцинантен град. Изгледа како да е правен во постпродукциските лаборатории на Пиксар.

Да се разведри човек, малку ли е?

Ведра видео компилација од монтажи на банални човечки несреќи, вешто искористени за музички илустрации.

Изгледа само брокулата не е фејк

Група „активисти“ „смислиле“ „перформанс“ со кој ја подигнуваат свеста за тоа што човекот ѝ прави на природата. После вакви работи, човек со други очи гледа на приоритетите во проблемите на ова човештво.  

Зошто естаблишментот го мрази Џокер?

Како знаеме дека филмот е добар? Затоа што прави луѓе го мразат. Од медиуми како CNN кој оценува дека филмот е расистички и привлечен заради истиот гнев на белците кој го донел Трамп на власт, до филмската критика (во голем јаз со оценката на публиката што се случи и со шоуто на Шапел) која на Џокер му даде помала оценка од некои морализаторски кринџ феминистички срања.

А да терате вие без мене?

Како се чувствува просечен Македонец кога партиите ќе почнат да го викаат да излезе на избори за да им го даде својот глас.

Не мислеа они така

Двајца другари седнуваат  на механички бик. Тој што го управува бикот, решава да им отвори нови хоризонти во нивната блискост.

Дечко, може нарачка?

На настап на Тајлор, Д Криејтор, на некоја девојка во публиката ѝ е роденден па со своето друштво пробува да издејствува овој да ѝ ја испее Хепи брдеј. Така? Ок, нема проблем. 

После сето ова време, Трамп вака мисли за себе

Ако вам ви изгледа како 2016-та да е поблиску до Втората светска војна отколку до денес, замисли како тоа изгледа во САД. Е, со колку треба тоа да се помножи за да го добиеш впечатокот на оние што работат во Белата куќа? Наспроти сите нас е Трамп, и неговото гледиште на периодов и себе си. Ваква самодоверба треба да се конзервира.

Машко, женско, транс. И уште 97 други.

Во детска емисија на Би Би Си, едни две збунети деца беа подучени дека не се само машко и женско туку дека постојат 100 различни џендери. Пирс Морган има проблем со тоа. Оној што ја брани листата има проблем да објасни кои се тие.

Моментот кога Џејми Оливер сфати дека е поразен

Со целата своја амбициозност со која сакаше да се бори против одвратната современа брза храна, Џејми собира група деца и им покажува како се прават „Мекнагетс“ (сосе мафтање пилешки коски и блендирање до каша), по што триумфално ги прашува „кој сепак би го јадел ова?“. Во речиси иста секунда сите копиљаци му кренаа рака.

Мачки, семејна ситуација

Две мачки се галат ама доаѓа уште некој кој дотогаш верувал дека кога него го нема, само глувците оро водат. Колку што ние го разбираме нивниот јазик, откако „јунакот“ инстантно кидна, црната го прашува неочекуваниот дојденец: „Од кај па ти овде, нели ќе одеше до контејнер?“