Видео

Глобална показна вежба „Том и Џери“

19 секунди сцена од цртан филм. Не може поточно од ова да се опише како светот ја почна 2020 година и како епски се заеба.  

Звукот на дистопијата

Најчестата верзија за потеклото и мотивот на "Sound of Silence" на Сајмон и Гарфанкел, е дека е коментар на атмосферата после убиството на Кенеди. Ах, банални времиња. Дури кога ќе се измонтира со актуелните прикази од празните градови (сцените се Њујорк, Сан Франциско, Будимпешта, Париз и кинеската четврт во Чикаго) таа песна (во верзија на Disturbed) ја добива својата вистински морничава атмосфера.

Зошто има толку различни бројки за стапката на смртност од ковид-19?

Колку што не е јасна болеста (стари умираат, млади умираат, здрави, дебели, слаби...) толку не се јасни ни најосновните бројките од нејзе како стапката на смртност. Делумно ова е затоа што има различни параметри по кои различни држави / институции пресметуваат, делумно и затоа што не се тестира целото население па не е познат скриениот број на луѓе што го прележале вирусот „на нозе“.

Разговор со дечко кој се опоравил од ковид-19

Бидејќи од сто, илјада или десет илјади луѓе не можете да ги интервјуирате баш сите, еве некој кој низ својот личен пример зборува во името на огромното мнозинство на оние кои го закачиле вирусот. Многу поучно. 

Германски епидемиолог: Пет прашања за Ангела Меркел

Професорот е микробиолог и епидемиолог за заразни болести кој 22 години го водел Институтот за микробиологија во Мајнц. Пред едно две недели, неговото прво видео појавување поттикна глобална дебата за вирусот, целисходноста на мерките, податоците, статистиката... теми за кои дилеми имаа и луѓето од Оксфорд, професорот Јоанидис од Стенфорд и други. Вели дека ова е негово последно видео, своевидно отворено писмо до Ангела Меркел, со пет легитимни прашања за состојбата во која се најдовме. 

Видете нè!

Луѓе, вреди да издржиме! Леле какви моменти нè чекаат кога ќе помине срањево. Замислете го првото отворање на вашето омилено место за пијачка! Ако не можете да замислите, дозволете професионалци да помогнат. 

Полициски час вс. Масаи час

Откако кениската полиција не може да се разбере со локалните жители дека треба да седат внатре и да држат дистанца, властите ангажираат припадници на Масаи племето за спроведување ред по улиците. П.С. мантрата што цело време им ја повторува на насобраните додека ги тепа е „еден метар“.

Јави се Јужна

Светска здравствена организација: Тестирајте, тестирајте, тестирајте.
Северна: Пресови, пресови, пресови.

Жена на плажа, пред и после изолација

Јасно, ќе има луѓе кои после видеово ќе си помислат „Ех, јас живеам со вторана варијанта многу пред да почне каква било изолација“. Ама па, ќе си ќутат, пошто они поарни да не се?

Што па мора сите предмети да се учат?

Зошто на пример на ТВ наставата да не се учи само ликовно и тоа 24-часа на ден и тоа по српска програма.

Не дај се, Раде

Многу поштовање за стариот што си стави вино од пластична тролитарка. Да беше друг, ќе пазеше на годината, на бербата, на чашата.... Маестро, налиј си и кажи ја, онаа старата.

Дај го оној прелаз од Фил Колинс

- Кој прелаз? Оној „ТА-ДАМ ТА-ДАМ ТА-ДАМ ТА-ДАМ ТАМ ТАМ“?
- Тој!

Лет 3, Лет 2, Лет 1... концерт!

Ожујско пиво многу махерски го твикнале глобално познатиот слоган за седење дома па под шифра „Останете во гајба“ финансираат „мозаични“ свирки на хрватски рокери. Повелете саат време јако пржење со прекрасните заебанти од Ријека.  

Лицемерно е властите да му аплаудираат на здравството

Уште на крајот на јануари знаеја што нè чека. Го изгубија цел февруари за во март да ги остаат медицинските лица без опрема или со погрешна опрема (хируршки маски не се по стандард на СЗО). „Ги фрлија во првите борбени редови без никакви средства да се заштитат, а после им аплаудираат,“ вели уредникот на Лансет за кој ваква неодговорност и лицемерие е национален скандал.

Цајканско миење раце

Во чекор со убавите боливудски традиции, индиски полицајци снимиле видео за кое се надеваат дека ќе стане вирално а ќе ги потсетува луѓето на важноста да се мијат раце. Ако буквално го сфатите упатството, раце се мијат малку лево, малку десно, а после, се предаваш.

Пандемијата го покоси лалето

Во сто години од постоење на холандската цветна берза, ова им се случува првпат. Надреални сники како Холанѓаните уништуваат милиони цвеќиња за кои побрувачката нагло секна. Тури му пепел на свет на кој не му требаат цвеќиња.

Брајан Меј: Ова го немам пробано 50 години

Гитаристот на Квин е од оние познати кои деновиве прават нешто од домашна изолација за да ги забават своите фанови и да ги држат позитивни. Последно реши да свири на претходно отсвирена подлога (исто од себе), нешто за кое вика дека е „стара школа“ а го нема пробано половина век. Песната е ФБИ, хит на Шедоус од 1960-та.

Свету, ти ли си?

Како изгледаат светските метрополи во екот на пандемијата? Снимки од дронови над Будимпешта, Вилнус, Истанбул, Рио Де Женеиро и Лисабон, Нестварно.

Роденден во време на корона

На девојчето ѝ е роденден и нејзините се погрижиле да не го помине сама па викнале пријатели и роднини да поминат. Само што „роденден е, поминете“ денес има многу поинакво значење од порано.

Секој со својот спорт

Тој ѝ скејта под балкон, таа од балкон го мава со саксии. Исто е како на маалски баскет; младите се упорни и тоа на крај им се исплаќа, aма старите имаат помалку „потрошени топки“.

Се истрчавме, м?

До пред само некој месец, ќе изгледавме некое вакво видео и ќе изреагиравме: „хихи-хаха, секакви ги има по светов“. Се работи за луѓе кои се подготвуваат за - пандемија на некој вирус. Ах, како нè намагарчи животов.

Каратистите се навежбаа за сето ова

Ние ги мислевме вежбаат елементи од тоа нивните кати, само што тие кати навистина испаднаа „борба со замислен противник“. Каратисти, zошто не кажувате бе вакви работи?

„Ова стварно боли“, исповед на пациент со ковид-19

Енди Хардвик има 51 година, вообичаено е здрав и во добра кондиција, и во нормални времиња оди на вежбање околу 3 пати неделно. Хардвик повремено страда и од астма. Видеото го прави по инсистирање на неговите роднини и пријатели, за да го пренесе своето искуство на другите.

Корона, не корона, Италијанец оди на кафе, и тоа е

Дури и сред апокалиптични моменти за земјата, стари Италијанци не се откажуваат од навиката да шмркнат еспресо на шанк, па ти колку сакаш расправај им се да не мрдаат од дома.