Видео

Живот со полни гради насмевка

Се враќаме на почетоците на „пржењето“ (за кое деновиве пишуваше Букбокс) колку за две работи: да видите како Дин Мартин и другите урнебесно се забављаат пред камери (со цигари на сцена, со сè) и да видите колку Фостер Брукс (веројатно единствениот трезен човек во тоа друштво) е лудо навежбан да глуми пијан човек. Се роста Дон Риклс, кој е вонвременски шампион во тој жанр. 

Клептон и Фремптон

Питер Фремптон (задолжен за лудите гитари на Боуви) и Ерик Клептон. За првпат во животот тие двајца ги вкрстуваат своите гитари, на најдобрата можна тема за тоа, гитарската јадиковка на Џорџ Харисон од Белиот албум на Битлси. Не е како она легендарно парче со Принц, ама вреди да се види.

Почеток на сезоната на школски масакри

Една од оние бек-ту-скул реклами која почнува стандардно весело за по кратко време да биде мајсторски претворена во хорор што потсетува на ужасите од школските масакри кои народ веќе почна сезонски да ги очекува (за по нив повторно ништо да не се промени).

Комичарот што го предвиде сопствениот отказ

Шејн Гилис беше еден од комичарите кои влегоа како годинешно подновување на поставата на СНЛ, и таму се задржа едвај неколку дена. Неколку часа откако беше објавено дека тој станува дел од СНЛ, он-лајн праведничката полиција извади клипови во кои тој имитира стар Кинез, што се води како прекршок по основа на расизам, па потоа му извадија и нешто хомофобно. На страна сето тоа, Гилис лани го снима следниот клип во кој пророчки го предвидува отказот.

Берлинскиот беше бољи

Некни Трамп беше во инспекција на тоа оградата што ја вика ѕид, а љубопитни Мексиканци се качуваа на неа ко чавки за подобро да го видат. Пишурија. Една милја чини околу 4 милиони долари. Тинејџерки го качуваат тоа за 15 секунди.

Ја закова бе!

Некој во коментари пишал: „Можда ја враќа на фабрички подесувања“.

Да погледнете потера со мотори низ Сао Паоло

Вакво нешто имало и на Борновиот идентитет, и на Невозможна мисија, и на Брзи и бесни, ама дури и таму од Холивуд имале усул па не го ставиле едниот моторџија во апостолки. Бидејќи ова Бразил, и не е по сценарио, такви устручавања нема.

Планината отпад на Њу Делхи

Се простира на површина од 40 фудбалски игралишта, висока е 63 метри (отприлика колку зграда од 20 ката), треба да расте по 10 метра годишно и догодина да го надмине Таџ Махал, и е штетна за сите што живеат во радиус од 5 километри.

Валентино Бошковиќ и Брајан Меј

Брајан Меј е легендарниот гитгарист на Квин кој денес има 72 години. А Валентино Бошковиќ е - група.

Звукот на гламурот

Актерите од Игра на тронови позираат на виолетовиот килим на Еми наградите. Се смеат и глумат задовољштина додека овие мршојадциве со камери им дофрлуваат: гледај овде, исправи главата, ај еден поглед преку рамо ( за да фотнат гз). Фото: гламур, аудио: сточен пазар. 

Оригиналната верзија на Спајдермен

Досега нè убедуваа дека дечкото го има гризнато пајак. Ова е малку поинаква верзија за тоа како се роди дечкото со спајдерменско одело.

Колку може вештачка интелигенција да научи жмурки?

Примероците на вештачка интелигенција во видеово се водат како - агенти. На овие агенти им е даден ограничен простор, неколку предмети во него, и треба да научат да играат жмурки. Видеото е после 500 милиони партии жмурка.

Што Вакс допрва дозна?

Еден пример за тоа дека не треба да се пропушта ниту еден детал од растењето на своето дете. Да не се случи да порасне и дури тогаш да дознае како тоа оди кај другите. Како Вакс во емисија.

Зошто жени живеат подолго од мажи

Иако немаме поим, ама може да се кладиме дека и овој што ги снима е маж.

Има ли пожарна за пожарната?

Во демонстрација пред стотици ученици, унгарски пожарникари покажаа како дефинитивно не треба да се вози противпожарно возило.

Кожата на идните скопјани

Уште неколку вакви (никакви) прскања против комарци какви што ги изведоа Шилегов и надлежните служби оваа и минатата година, и има ние по цело тело да си развиеме кожа каква што тие имаат на образ. Ѓон.

Тарантино и кошмарот од Монти Пајтон

Деновиве Квентин Тарантино во едно интервју изјави дека скечот со г-дин Креосот од Монти Пајтон (со дебелиот што повраќа во ресторанот) е единствената филмска цена што некогаш го вознемирила. Ова го натера комплетниот повозрасен дел од интернетот да си ја повтори сцената, а овие новите воопшто да се запознаат со Монти Пајтон.

Човек гори, Србин коло плете

Порано почесто пишувавме за Burning Man, фасцинантниот годишен фестивал во една пустина во Невада, прочуен по радикалната екцентричност и експресивност на присутните. Имавме и фото-репортажа од наш човек таму, И еве ти сега, едно време ќе ти излезат од радар и кога ќе видиш, работите таму останале ексцентрични, на малку поинаков начин.

Оскарот за најдобро одиграна улога оди кај...

Кучето, мачето, змијата, глувчето, рибата...

Стив-о (покајнички) за сите дроги што ги користел

Пред да го погледнете списокот, а списокот е прилично застрашувачки, да знаете дека Стив-о е ок, сè ова има преживеано, и моментално води здрав живот, и за изненадување посветен е на корисни работи. П.с тоа што он стигнал да раскажува после сето тоа што го направил не значи и дека на сите им успева тоа.

Шлепер вс. Њујорк

Ситуацијата на клипов преведена кај нас отприлика би била: Дебар маало, без Орце Николов, и шлепер Сканија, сосе приколката позади.

Како се уште нема протечено тајниот рецепт за Кока-кола?

Затоа што за почеток рецептот не е ни приближно таен, и целата магија на Кока-кола не е во рецептот, туку во сеприсутноста, достапноста и навиката на народ да купува Кока-кола. Зошто некој би купувал фејк Кока-кола, кога го има оригиналот за евтини пари?

Како е правена „Riders on the Storm“

Клавијатуристот на The Doors, Реј Манзарек (почина пред 6 години) раскажува како се родила нивната химна. Роби Кригер почнал на гитара, Морисон рекол, чекајте луѓе, имам јас текст за ова, Манзарек ja додал дождливата атмосфера на песната, Џери Шеф (басистот на Присли) се бунел дека е лесно Е-мол/А-дур да се разложи на клавијатури ама оди да те видам на бас... (само од оној труп на тапани Денсмор никој ништо не очекувал). Убава приказна.

Станувај, земјо огромна

Хорот на Народно-ослободителната армија на Кина изведува една од најпознатите и најмоќни руски патриотски песни од Втората светска војна. Претпоставувате како може да звучи тоа?