Првата педагошка школа е битлсовски позитивна и може да ја наречеме по нивната песна "A Little Help from My Friends". Втората ни личи на нешто домашно, познато, на она наше "Турни ме да кинисам".
Не е најјасно што е суштината на оваа мајмунско-човечка трговска зделка ама потегот му е: "Земај кога ти давам". Добро, или само го учи како се кршат суви лисја.
Видете, кај нас ова не можете да го видите. Не затоа што немаме тигар или тролови од ваков калибар. Заради нашиот страв дека џамот е направен фушерски.
Во следните 4 минути и 20 секунди, приуштете си примирје и заборавете на сите работи кои со право ве нервираат, гневат, снеможуваат или ве прават разочарани од луѓето. Затоа и се тука кучињата.
Ај да се родиш како срна или глушец па онда ти е фуфка од сите. Ама, побогу, и да си крокодил не си раат на оваа заебана планета! А за Македонија викаат дека е мала бара со многу крокодили. Па видете...
Малку интернет, малку технологија и конечно можеме да видиме како ќе изгледаше патот на Миладинов доколку му се оствареше онаа анатомска желба опеана во Тга за југ.
Само на најлошо да се мислело. Еве го одговорот на старата (и досега непостоечка) законитост: Зошто сопствениците на кучиња послабо пливаат од останатите? Затоа што кучињата им мислат дека секогаш треба да ги спасуваат од вода.
Документарна драма за тимската работа на група китови убијци, полакомени по една јадна фока. Навистина силно пренесена приказна, со сите драмски интерпункции. За крајот нејќеме ни да зборуваме. А што убаво Холивуд ни ги завршува приказните.
Мала анализа на машината со чие забрзување немаат шанса ни Мекларен ни Ферари ни Ламборџини. Лесна шасија, извонредни амортизери, стабилизатор, способност за дрифтање.... едноставно, има се што ѝ треба за да го држи планетарниот рекорд последниве 10 милиони години.
Каква сакате приказна измислете си како се дошло до вака идеална состојба на умот, кога некој се чувствува ослободен од сите овоземни и ововодни стеги. Или пак, само гледајте го овој шаман над шаманите, приказната не е важна.
Документарните програми (кои немаат врска со она што денес се пушта на Дискавери или Нат. Гео.) секогаш биле клучен фактор во образованието на младите генерации. Тие што на времето го гледале Опстанок, или што ја изгледале Planet Earth, ја знаат моќта на овие програми посебно за приближување и откривање на светот на животните. Следното видео ќе се потруди да ви објасни како се хранат животните.
Пробуваме ние тоа уште од Дедал и од Икар ама еве ги вистинските мајстори кои се родени за работата. Нам секогаш најдобро ќе ни оди да си летаме со паметот.
За политички збрлавените читатели веднаш да кажеме дека овојпат не се работи ни за УЈП, ни за јавните претпријатија, ни за трудовата, пазарната инспекција... Е па, за кого може да се работи? Е па, за мршојадците.
Памтите кога Али Џи убедуваше ортодоксни пријатели на животни дека на една лисица и е многу подобро околу вратот на Џенифер Лопез отколку да мрзне во шума? Во следниов пример: каде му е подобро на еден глушец, во канта за ѓубре или во неговата природна средина?
Едно од најгрдите водени суштества (во многу варијанти) уште еднаш ја докажува старата универзална вистина дека грдите се принудени да бидат страшно снаодливи.
Два спротивставени табора. Едните викаат: "eeeeeee", другите викаат "аааааааа". И на секое "eeeeeeeee" се возвраќа со контра "ааааааааа". Наравоученија колку сакате.
Секој возач во потсвест знае дека секогаш може да стане некоја беља. Да речеме некој од спротивната страна да излета од својата и да улета во ваша лента. Е сега тоа, левел мууулијарда.