Аматерска видео снимка од Монтреал, од парк кој родителите го сметаат за доволно безбеден да минат некое време со своите деца. И одеднаш ете ја бељата, доаѓа ни од лево, ни од десно, ни од напред, ни од позади!
Ова е одамна познат пример за тоа како ефикасно се ловат бабуни. Истовремено, еден од најсилните и најочигледни аргументи дека човекот навистина настанал од мајмун.
На црниот Џаспер пар медицински институти примениле нова, уникатна терапија за регенерирање клетки од р'бетниот столб кој му бил повреден. И просто убаво е да се гледа како малиот се опоравува.
Гуските се познати по тоа што се доследно моногамни животни и знаат доживотно да се врзат за еден партнер. Проблем е кога партнерот доаѓа на скутер и кога намерно чита весник додека оваа не заспие. Одлично раскажана приказна!
Некогаш е потребен автентичен звук за да се добие целосен увид во некои историски решенија. Да речеме, после ова, имаме повеќе разбирање за контроверзните потези на Лазо Колишевски. Ставете на рипит па ќе видите. Може човекот имал иста ваква во комшилук.
Истото што важи кога проаѓаш покрај клупи во некое туѓо маало на кои испоседнале некои туѓи "маалски", важи и во Африка кога сакаш да им украдеш месо на лавовите. Само право, и не гледај лево - десно.
Во Русија дури и кучињата ја пеат националната химна. Хроничните љубители на етатизмот, после ова видео ќе треснат со маусот на маса и ќе викнат: Е, ова е држава!
Таман ќе стигнеш некаде, таман ќе се исправиш на нозе и таман ќе помислиш дека можеш на другите да им кажеш: 'е, сега може да ми гризнете од газов' и одма ќе се најде абдал кој ќе сака да ти ја исполни желбата.
Ниеден врвен спортист од марката хомо сапиенс никогаш нема да може да си дозволи ваков степен на хегелијанска слобода. Ама имаме нов рекорд? Ама кочи да ви покажам нешто!