Забава

Свадбено видео

Ако сте во брак а немате вакво видео, не е тоа некој брак. Ако се уште не сте, повелете идеја од прочуената руска филмска школа. Младиот и младата се вљубиле кога и двајцата на клоци ги набркале од некое ФДУ.

Сакаме и македонска верзија

Најстарата финта во свет. Сите ја имаат, само ние немаме наша верзија. Во случајов, Украинец ремети Пољак. Забележете како систематски вика: Курррва!

Blue Men Group на тркала

Човек на кого му ја носите колата на сервис, по некое време доаѓате и тој ви вика: Добра е сега, ти ја наштимав.

Америка се смее, Јапонија свршува работа

Мала културолошка споредба меѓу западниот свет и оној јапонскиот, врз основа на два речиси исти телевизиски формати.

FAIL!

Кога ова не би било бебе, туку пијан маж, насловот веројатно би бил на место. Ама зошто да му простиме само заради тоа што оно не е свесно за ништо околу него.

Човек што знае да прави мерак на Вајн

Студент на колеџ, плус смартфон, плус Вајн. Резултат - нормално не е револуционерна научна студија, туку сериозна конкуренција на Batdad.

Дечкото со слаби туби

Велат дека од големината на неговите омилени играчки (коли, оружја, инструменти) може многу да се заклучи за скриените стравови, комплекси и компензации на мажот. А сега ќе ви стане јасно зошто овој дечко не свири, да речеме, кавал, туку баш туба.

Ким Вајлд во Сопот

Не наш Сопот ами еден полски, во далечната 1988-ма. Ако не сте по нејзината музика а сте по сеир, нема многу да чекате кога на сцена ќе излезат пар феноменални социјалистички фанови, со еден неповторлив стил и денс мувмент а кутрата Ким ќе се забезекне од очигледно нејзе непознатиот обичај на носење букети на сцена со цел бубнување на артистот. Пуста Ким, она мислела Камбоџа е егзотика!

Прсти како прангии

Дечкото има погрешно чуство дека ни треба вовед, но откако тоа ќе го прегрмите а тој ќе почне со неговите премини и скршени ритми, респект.

 

Ти ги изедов слатките, 2013-та

Пред некоја година, на Џими Кимел му текна да ги замоли родителите да ги снимаат своите деца кога ќе им кажат дека им ги изеле слатките. Пред нас е овогодинешната збирка реакции на мали луѓе на кои штотуку им пропаднал светот.

Кога доаѓа оригиналот

Ете зошто кај нас толку се пее Цеца, веруваат дека може ова да им се случи и да ги почеша тој славен силикон. А во Берлин: уличен музичар свири Брoнски Бит, доаѓа Џими Сомервил и фаќа тоа високата октава.

Менувам лудара

Форматот е "Менувам жена". Тема навидум е религиозноста но суштината е дека е она луда у три лепе. Штета што има деца на располагање и штета што сопругот ја пуштил на "Менувам жена", наместо да најде нешто од типот "Давам жена, не треба враќање".

Радост за попуст

Дечково би требало да го знаете како Димитри. Овојпат 'со сила' е посрбен и однесен на екскурзија во Италија. Пазете колку добро му стои дијалогот. Никој вака се нема радувано за попуст.

Улогата на јајцата во машкото поимање на животот

Кому уште не му е јасно зошто во жив ѕид на фудбал не се штити главата, нека гледа. Едноставен тест и истовремено убедлива демонстрација на приоритетите кои мажите ги имаат во чување на сопственото јас.

Плач по Кеш

Не џабе човекот ја има најдобрата верзија на песната Father and son. Стариот седи негде горе и средува ствари на Земјава, таму кај што најитно е потребен.

Видео виц на денот

Човек оди кај свој пријател, врата му отвора девојката на пријателот, покриена само со пешкир. Му паѓа идеја: "200 евра ако го симнеш пешкирот?" Кој не го знае вицот, на 'повеќе'

Мајли пренесена од Атенбороу

Документарна анализа на ритуалот за размножување што го следевме на годинешните награди на МТВ. Природата во својата најчиста форма. Сето ова дополнето со елегантната нарација на Сер Дејвид Атенбороу.

NYPD во акција

Њујоршка полиција, ехееј! Којзнае на колку филмови ни е градена претставата за неа. И доволна е една аматерска снимка за  во парампарче да отиде брендот "NYPD" 

 

Долга магарица, руска верзија

Што можеме да заклучиме од ова видео? Дека играта "долга магарица" е жива и тоа во редовите на руската армија. Дека на руските војници не им треба перниче. И дека ако те викнат да играш, никако не треба да прифатиш да бидеш од трето до петто место отпозади.

No woman, no drive

Акапела верзија на химната на Боб Марли, прилагодена на "условите на патот" во Саудиска Арабија, земја која им забрани на жените да возат коли.

Глобална напнатост

Во некои маала е толку лесно да постигнеш статус сите да ти се плашат....

Сибирско, грч

Зошто Русите од Сибир преферираат вотка пред пиво? Затоа што од второво имаат само голтка.

Најфасцинантниот глуп филм

Тони и тони иронија и сеир има во овој искрен трејлер за блокбастерот Pacific Rim, инаку супериорен продукциски спектакл со - публиката би рекла who cares - багови во приказната.