Забава

Суди по амбалажи

Ако некој ден нè посетат вонземјани и од нас побараат да им објасниме некоја клучна разлика меѓу женскиот и машкиот мозок, ќе им ги пуштиме овие два клипа.

Како денешни деца реагираат на вокмен?

Девојката (12 години) која некако успеа да го отвори, гордо рече: Се чувствувам како Индијана Џонс! Ама, имаат едно скроз легитимна забелешка: ако сакаш да ја слушнеш 6-тата песна, треба да ги измоташ сите 5?

Мажи, овие ни пукаат сеир

Луи Ц.К. пред некое време заклучи дека статистички мажот е најголемата закана по животот и здравјето на жената (глобално и историски) "ако си машко, пробај да замислиш дека можеш да одиш на состаноци само со пола-мечка пола лав." Ако ви беше нејасно, еве како им изгледаме на жените кога им се сукаме.

Години на лоши фризури

Проблемот со имање модерна фризура е што ќе пројде модата, ама срамот допрва доаѓа. И ова било многу полесно пред 40 - 50 години, кога си се сликал за лична карта па за банкет, а не по 5 пати во тек на работно време како денес.

Програмер на состанок со луѓето од продажба

Секој можен програмер / инженер, кога овие од продажба ќе го однесат на состанок со клиент. Наспроти него, маркетинг одделот на клиентот и специјалистот за дизјан. Со него, колегата што е проект менаџер и човекот од продажба. Да, сите изгледате и звучите вака.

Јаки фаци во доба на неебитис

Денеска сите го познаваат како Дон Дрејпер, јаката фаца од популарната серија Mad Men. Но, во 90-тите години Џон Хем бил толку очаен да закачи нешто што се пријавувал во оние дејтинг емисии во кои девојките бираат еден од предложените момци да излезат со него. И завршува со корпи.

Годините со Летерман

Нема шанси да направиме сеопфатна ретроспектива на кариерата на Дејвид Летерман кој телевизиски го надживеа својот главен соперник Џеј Лено но деновиве најави дека догодина се повлекува. Бидејќи е тоа импозантна кариера на еден од најбитните чувари на добриот американски дух. Сепак, ни фалеше малку да буричкаме по тие негови парчиња.

Најдоброто од Борис Елцин

Младиве живеат во доба кога со Русија неприкосновено царува Владимир Путин и неговиот имиџ на строг, зезнат, силен, озбилен, супер-херој, супер-негативен лик.... А пред него, со истата таа Русија управуваше еден друг чичко, со бела коса и малку поинаков стил на живеење. Еве како тоа изгледаше.

Таа

Зошто жените во просек живеат 8 години подолго од мажите? Тоа Господ им го надокнадува времето изгубено на паркирање. Еве ја, таа која ја гледате секој ден, на разни улици, паркинзи, семафори... Веројатно само еден пред да земе возачка.

Луи Ц.К. од саботата

Две работи: 1. Никој не може да каже дека е "мртов гладен" туку најмногу што може е "да чувствува глад," и 2. "Жените не се подобри од мажите, туку мажите се полоши од жените." Атеизам, Господ, девојки...

Астрофизичар на супстанца

Нил Деграс Тајсон е астрофизичар но и еден од најпознатите јавни амблеми на научното размислување. Го има по телевизии, по дебати, на интернет. На некои им било досадно цело тоа мудрување па решиле да ни покажат како би изгледал и звучел кога би бил учинет. И го пукнало на Њутн.

Кој сака во украинска војска?

По руски сајтови со огромно доза задоволство и сеир се врти оваа стара реклама во која се повикува на вклучување во украинската војска бидејќи е тоа шик и жени ќе те обожаваат. 

Како изгледа земјотрес во студио?

Лос Ангелес, 17-ти март, 2014-та. Земјотрес од 4,4 степени. Се вклучуваме во вести.

Размислувајте надвор од хулахопот

Мислевме сме ги виделе сите можни фитни со хулахоп. Да се врти околу глужд од нога, околу колено, струк, мишка, врат, уво.... Да, ама секогаш тој се врти околу човек. Зошто човекот не би се вртел заедно со него? Источна мудрост, источна елеганција, Тајван.

Галичка глава до Пенџаб стигнала

Ги мразиме најавите од типот 'нема да ви се верува', ама, нема да ви се верува. Само пазете го вие него колку долго кљуца по тоа оревите како по пинг-понг топчиња! Па во јастук од гускини пердуви да маваше, ќе се онесвестеше. 

Додека ние заглавивме на турски серии

Најдраматичните 4 минути во историјата на шпанските серии. Во споредба со оваа, саат време животни драми на Хурем ти е како да го гледаш Барака. Се' е на шпански, ама тоа не значи дека е помалку драматично.

Обама на "Between Two Ferns"

По сите правила на здравиот разум, оваа емисија никогаш не требало да се случи. Ги знаете двајцата, не знаете дека вакво нешто е можно.

За 28 години стануваме малцинство!

Според официјалните статистички показатели, белците во САД ќе станат малцинство во 2048-ма година. Време е секирациите да почнат. Не.

Ведро, до умерено комплицирано

Сосема вообичаена временска прогноза и разгледување на можните сценарија за тоа каде какво ќе биде времето. Ама, ќе видите и сами, немате чувство дека го следите синопсисот за следната сезона на Игра на троновите? 

True Detective со свои зборови

Стигнавме до моментот во True Detective кога не е срамота да признаеш дека немаш поим што значи пола од дијалогот на Раст Кол и Марти Харт, без разлика што само заради тоа си ставил превод на серијата. Еве како изгледа муабетот меѓу двајцата:

Паметниот дечко од глупавиот Старбакс

Дечкото кој во Лос Ангелес отвори пародија на Старбакс, искорувајќи го законот кој вели дека за пародија не можат да те тужат, е еден од најинтересните ликови наоколу. Има шоу на Comedy Central во кое им помага на мали бизниси да направат пари..... со ектремни мерки. На пример:

Срцки на денот

Две 94 годишни и бескрајно шармантни пријателки одговараат на прашања од модерново доба. "Селфи е кога се сликаш сама и сликата ја ставаш на Фејсбук," ѝ објаснува едната. "Зошто би се сликала сама?," прашува другата. Игзектли дарлинг! Нормално, на Џастин БиВер не пројдоа најдобро.

Зошто ме мразите, што сум ви згрешил?

Ново пакетче од шармантниот серијал на Џими Кимел, познати фаци читаат хејтерски твитови за нив. Бил Мареј се има ептен средено за снимање.

Блуперите од Тор 2

Тор синот на Один и синот на Марвел, во некои од не така славните моменти од снимањето на вториот дел "Тор: Мрачниот свет."