Забава

ОУ "Семе Синапово"

Ако со нас ја делите згрозеноста од количеството патетики и споменарски мудрости со кои е преплавен Фејсбук, тогаш да го побараме коренот. Можеби уште во школо така ги учат? Тоа го мисли и Рики од TPB. Им отиде по тоа школските ходници и им се насра. 

Вили ме вози

Две причини за објавување: прво, секој што ја знае музиката на Вили Нелсон знае дека никој и никогаш немал причина вака да реагира. Второ, наидовме на еден совршено точен опис на шизикот: вонбрачно дете на Мит Ромни и Џим Кери. Совршено точен!

Романтика на арапски начин

Од оние Арапи, што имаат кафански чаршаф на глава и АК-47 во раце, ја покажува својата нежна страна па со тоа што го има, црта срце на небото. Не бре со чаршафот.

Научете да ролате

Важи за сите, особено за младината бидејќи не може да очекуваат вечно да го прави тоа некој друг за нив. Особено ако патуваат некаде во странство, да не дозволиме да се срамат. Ролање, базични принципи.

Дали сте среќни?

Бангладеш постојано се наоѓа на врвот на листата на најсреќни земји во светот. За да ја проверат вистинатоста на ова, филмаџии решиле да снимаат одговори на улиците на Дака, со единствено прашање: Дали сте среќни? Им била потребна една недела снимање. Кај нас, волку едноставно среќни ќе ги собираш со години.

Ај па догодина...

Летото е готово. Време е поштено да се испратиме со него и да го запамтиме онакво какво што - не беше.

Key & Peele

Веќе некое време спорадично налетуваме на двајцава, па дојде ред да ве запознаеме со нив (ако веќе ги знаете уште подобро). Едниот е Jordan Peele, вториот е Keegan-Michael Key, и сеирот начесто им е за односот меѓу расите (глумат црнци, белци, латиноси...). За да не продолжуваме со зборење еве 7 одлични клипови од нив.

Мујо во Сирија

"Опколено Сараево. Градот се бомбардира, пукаат снајпери од сите страни. Мујо седи на клацкалица на трем и ладнокрвно се клацка. - Што правиш, црни Мујо? - панично го прашува Хасо. - Еве Хасо, го дупам снајперистот". Тoa е вицот. А ова е Мујо во Сирија. 

На што се смее Путин?

Новинарот: "НАТО тврди дека ракетниот штит не е нaменет против Русија туку против Иран".
Владимир Путин:

ЦеКа за телефоните и осаменоста

Знаеме дека тупиме со него ама што да правиме кога е цар и кога навистина веруваме дека е еден од ретките генијалци (плус Дежуловиќ) со кои имаме среќа да сме современици. Пазете, објаснува зошто на децата не им купува смартфони. А одговорот се претвора во болно точен есеј за осаменоста и човечката природа. И притоа, сето тоа е урнебесно забавно.

Го викаат Batdad

Човеков има Бетмен маска, 4 деца и профил на Вајн... Не му треба ништо повеќе.

А, тоа требало!

Џабе ние да им порачуваме на мажите во сушен период да не генерализираат заклучоци за рефлексниот систем кај жените. Џабе. Веќе гледаме како некој, некаде, вечерва се спрема да излезе со акумулатор.

Како го запознав татко ти

Како ја запознав мајка ти, ама од перспектива на жената. На кратко, Тед е дроља.

Секогаш понесете памет со себе

Живот да ти се скрати кога ќе видиш колку малку треба живот да ти се скрати.

Кога зборови не се потребни

"Без разлика каде и да сум, со секоја публика можам да се разберам вака," (терцата најјака) вели Боби Мекферин, познат по хитот Don't worry, Be Happy, инаку вокалист, музичар и во случајов, диригент.

Тренер за Самарџиски

Центарот на македонската кошаркарска репрезентација треба да го испратиме кај овој Русин за КОНЕЧНО да разбере дека кога очекуваме од него да ЗАКУЦА баскет со своите 216 сантими, НЕ бараме многу.

Зошто бе слепец?

Многу, многу е добро да се има ваков другар. За отпосле да му се каже: Е јеби га, ми брзаш! Ај пак!

ONE MONTY. ONE PYTHON.

Поради страв да не се утне финансиски, трејлерите за денешните филмови се прават комплетно некреативно и сите личат едни на други. Како би изгледало кога во калапот би се сместиле едни од најуникатните на сите времиња? Гарант би ги пропуштиле.

Глушец за секој дом

Нема потажно од домови од кои никогаш не заорува заразно и неконтролирано смеење. Макар за тоа било потребно да се има и глушец, вреди. Чекајте....

Надежи на суво

Ја памтиме најавата за овој производ и колку тогаш ни се чинеше дека тој ќе смени доста работи во нашите животи. Да не можеш да се накапеш на маица? Дај пакет од тоа! Е па, излегол и еве го тестиран.

Трејлер во живо

Наоѓаш еден од оние момци што знаат да го копираат гласот што на времето ги најавуваше филмовите во трејлерите и го пушташ на улица. Само седи и уживај.

Тито го изедоа!

Насловов сугерира уште една од оние будалаштини од типот Тито не бил Тито, Јоже не изел свинска глава, Јованка била од Марс а нејзината пунџа од Венера... Будалаштина е, ама поинаква. Повеќе е куриозитет, дека Монти пајтон и Тито во иста емисија, а ние тоа до сега не сме го знаеле.

Штикли на скали, верзија ѓеврек

Девојкава ќе ви покаже нова техника на качување на скали со високи штикли. По нејзиниот првичен стил на одење не ни можете да претпоставите колку авангардна е таа техника. Работно ќе ја наречеме "ѓеврек", што значи, кога се качуваш по скали, треба сусам од нога да ти паѓа. На рипит моментот, на рипит.

Оваа дома не ти седи

Кристен Џонсон а.к.а. Лејди Худини. Не само што што е единствената жена на светот која ја изведува точката со излегување од вода туку до сега го има срушено рекордот на самиот Худини по број на изведени точки. И уште нешто, таа е единствениот илузионист во историјата (било машко, било женско), која оваа опасна вратоломија ја изведува без никакво криење.