Мелани и Фрaнческа одат по ливади со онакво како за фаќање пеперутки и собираат воздух. И потоа воздухот го ставаат во тегла. И потоа продаваат. 115 долари за тегла. Не се жалат.
Ако мислите дека ова е лесно имајте предвид дека: треба да му најдете текст кој ќе изгледа како автентично да го кажува, на лице да изгледа како да верува во тоа што го зборува и сите негови постапки и движења да одговараат на тоа што го зборува. Хм...
Најслабиот дел од порното се дијалозите. Не дека некој се буни заради тоа но ова е добар обид да се поработи на проблемот. Двајца комичари им кажуваат реплики на овие што се бембаат и на моменти тоа знае да биде урнебесно.
Порнсуп е веб-серијал на Порнтјуб во кој главни ликови се Мануел и Кајли, брачен пар кој речиси сме сигурни дека ги знаете и само по име, иако може не знаевте дека се во брак. Во серијалот двајцата најчовечки расправаат за проблемите во порно еснафот.
Скриената камера како ретко одвратен телевизиски производи (што, сакаш да кажеш тебе не ти е смешно што те правиме мајмун пред камера???) е едно од поголемите зла што можат да ти се случат во текот на денот (#firstworldproblems). Технички дефиницијата го опфаќа и следново видео, ама па не е сè во дефиницијата.
Шефот/ шефицата сигурно не ви се згодни како Софија Вергара ама ќе ви дојде да ги гушнете. За што се работи? Еден дечко цели 3 години ѝ е личен асистент и Вергара конечно решила (за потребите на кампања!) да го почасти: бонус (непознат), костум (комада 1) и слободен ден (комада 1). И овој кутриов ќе се распадне од толкава добрина.
Краток, краток документарец кој се обидува да ги опфати сите можни видови што се појавуваат во локалниот билдинг клуб, нивните навики, синџирот на исхрана и хиерахијата на моќ. Ако одиш на вежбање, не се прави дека те нема во видеово.
Можеби процесот за отворање фирма е олеснет ама за оној обратниот, да затвориш фирма во Македонија, на човек му треба паралелен нервен систем. Луѓе што минале низ таа централни регистри- нотари- адвокати голгота, викааат дека да знаеле што ги чека, ќе почекале да си умрат.
Налудничавите идеи на Доналд Трамп добиваат смисла само ако се стават во вистински контекст. Несакани посетители, контрола на границата, дигање огромен ѕид. Игра на троновите, ви текнува?
Човекот се возел по пат и не му се верувало - одеднаш наишол на неверојатен призор како попусто се троши енергија. Огромни фенови, вртат по цел ден и само арч прават.
Кога ќе прашаш филозоф како Жижек за сексот (а всушност и не го прашуваат за тоа туку сам ја тера натаму), нема да му треба многу за да дојде до - лениновата концепција на трудот.
Човекот е про-демократи и е про-Сандерс, и има објаснување зошто. Надвор од тоа ништо не му се свиѓа, со тоа што Трамп му е крајно интересен заради способноста да биде политички некоректен, а никој од неговите гласачи да не му замери за тоа.
Целиот спектакл што денес го гледаме почнува во 1967-ма. За на полувреме се ангажирани два колеџ оркестри, а термин за реклама чини околу 160 долари (во денешни пари). Речиси 50 години подоцна, на полувреме се ангажираат најголемите музички ѕвезди, а цената на терминот за реклами почнува од 4 милиони долари за 30 секунди.