Забава

Мет Дејмон: Да се биде Џон Малкович

Дејмон раскажува гачки од снимањето на филмот Rounders. Кога цела екипа се патосирала од одушевување од пискавиот глас и рускиот акцент на Малкович, овој му се приближил и му се доверил нешто... многу мангупски.

Стратегија "игнор"

Работиш во дуќанче и влегува маскиран и вооружен крадец. Што правиш? а) му даваш сè што бара и да замине па нека го брка после полиција. б) пробуваш да го совладаш; в) не го ебеш два посто.

Боуви за секој алкос

Човеков налетува на алкос кој сред бел ден на улица игра на музика која само тој ја слуша. Човеков решава да му даде малку музичка позадина, му го пушта Боуви  и - го погаѓа!

Дејвид Гета и копчињата

Од настапот на познатиот диџеј на отворањето на Европското првенство во фудбал. Малку поинаку кажано.

Дечкото кој знае да размести Рубикова коцка

Се изнагледавме феноменални трикови и секогаш завршувавме со исти реакции: 'Не е можно... е како бе.... не ме заебевај...' Еден бе да погодевме!

Малиот Роки Балбоа

Тоа што уште е во пелени, не му пречи да му биде спаринг парнер на Сталоне и заедно да го одработат тренингот на Роки.

Блексмит против Минотаур

Браќа, нема да ви се верува колку е ова добро. Ја трампаме цела летна културна понуда  во Македонија за еден ден ова да гледаме.

Како се кријат најглупите од Исис

Тоа што сите тие се подеднакви лудаци, не значи дека истото важи и за глупоќа. Еве еден од шампионите: чул тој дека све се снима озгора па си рекол дека едно грмувче на глава ќе заврши работа. И еве го него, стопен со околината. 

Мамо, ќути ма!

Сте го кажале или сте го слушнале тоа во илјадници ситуации. Не и во оваа.

Топ Листа и распаѓањето на Европа

Интуитивно водени од мудроста дека "ничија свеќа не горела до зори," уличните Нострадамуси од Топ Листа Надреалиста пред 20 и кусур години се заебаваа со идејата како ќе заврши заедничката европска софра.

Вака се слуша претседател

Моќниот Лукашенко си кажа. И луѓето го послушаа!

Јапонскиот Доналд Трамп

Премалку халуциногени супстанци имате во себе за да разберете јапонско видео во кое Доналд Трамп станува светски лидер и ги исполнува мечтите на една тинејџерка. Полесно е да запамтите дека Трамп на јапонски се пишува вака: トランプ

Грга Питиќ, прататкото на Алибаба

По повод статијата за Алибаба (Она што ние го продаваме е подобро од оргиналот), легендарна сцена од филмот Црна мачка, бел мачор.

Статист на денот

Во колку познати филмови и тв серии се има појавено, би требало веднаш да го препознаете. А најверојатно првпат ќе го видите.

Жедни за ќерка?

Камерата покажува како малата која е едвај проодена, сепак е доволно умна и воспитана да му однесе на тато чаша водна кога е жеден. Но, кога имаш две камери дома, сосема поинаку изгледаат приказните.

Фчерашни новости, епизода бр.7

Запознајте го Диме од Велес, придружете се на контрамерките кон Грција и слушнете ги советите на Зоран во Фенг ДУИ.

Малку поинакво доживување на Трамп

Трамп за Американците не е ништо ново, ново е само што полека престанува да им е смешен и наместо тоа полека почнува да им станува страв од можниот исход на изборите во ноември. Џон Милејни има еден постар скеч со Трамп, кој на негова жалост никако да изгуби од актуелност и точност.

Источно од алкохолот

На потегот ДМ - Перо - Чамо (дебармаалскиот бермудски триаголник во кој потонале многу храбри олупини), овој клип се раскажува како доказ дека рајот е сепак можен на Земјава.

Од балконот

Статлер и Валдорф, или кај нас "оние старците од балконот на Мапетси," во нивните најдобри моменти.

Роди ме мајко со талент и фрли ме во шоу

Многу забавна и досетлива точка од шоуто "Америка има талент." Дечкото има и талент и вештина и креативност... Да им се радуваш на вакви луѓе.

Турчинот наречен шамар

Ако сте со нежен стомак или образ, топло препорачуваме да го скокнете и заборавите ова видео. Оти вакво шакетање немате видено. Извесен Хулк од турската полиција приведува двајца лопови, им ја покажува техниката и ги тера да вежбаат еден на друг. Доколку е вистина дека криминалците имаат образ дебел како ѓон, овие двајца после видеово се исклучок од тоа правило.

Ирска во Тбилиси

Опасно јака заебанција. Додека човек од Тбилиси, Грузија, со помош на апарат за виртеулна реалност ги разгледува убавините на Ирска, околу него луѓе му ја монтираат најреалната асоцијација на Ирска. Замислете го тој момент кога ги симнува наочарите!

Да го плашиме тато

Планот е добар: детето да стави чаршаф на себе и да се преправи во дух и да го извади татко му од памет. Но, секој план има некоја мана.