Забава

Како изгледа секој можен документарец за храна на Нетфликс

Мотото на готвачов е "мојата храна нема да ја ставиш на Инстаграм, ама за тоа ќе ја јадеш." Видеото е одлична пародија, а за тие што не го знаат серијалот This is That "е програма која не само што зборува за актуелните проблеми туку и ги измислува."

Невработен татко по клиповите на син му се познава

Два предуслови: мајката да не те знае што правиш и таткото да е невработен махер за компјутерски ефекти.

Направа која ќе ве откаже од цигарите

Ако намерата ви е силна но вољата слаба, тогаш дозволете ѝ на високата технологија да ви помогне во откажувањето на вашата лоша навика. Само да знаете, колку повеќе се инаeтите, толку помалку заби ќе имате, пушеле - не пушеле.

Изгледа шашаво, ама забавно

Малку е пипаво, малку треба нерви сето ова да се состави, малку ќе ве гледаат чудно кога ќе играте со пластично шише вода во автобус или на состанок... ама што ви е гајле!

Јаден оној Бил Клинтон

Ако е вистина нароидната дека "многу смеење не е на арно", тогаш ова е многу неарно. Видео компилација од смеењата на Хилари Клинтон. Погодете колку трае? 10 часа! Ние едвај 6 часа издржавме.

Најлегендарниот шут од половина игралиште

Ова е прастаро (во интернет термини тоа се седум години) ама мора да се повтори за да се знае. Една од најдобрите вратки за претходна местенка меѓу пријатели од сајтот Колеџ хумор. Во игра се 500.000 долари и 18.000 луѓе.

Послушајте вегетаријанци

Како би изгледало кога сите овие што јадат месо би го тупеле како сите оние што не јадат месо. На човек да не му се верува колку многу аргументи сме имале за да јадеме месо.

Ај, ноне!

Ни доаѓа да се запалиме колку сме глупи кога гледаме вакви трикови и кога не знаеме ни од кај да почнеме да мозгаме како оди тоа.

10 години од најлегендарното интервју на BBC

Човеков пред едно 10 години оди на интервју за работа. Во чекалната доаѓа девојкава и го вика Гај на интервју. Интервјуто започнува и на Гај му станува јасно дека е погрешниот Гај и дека интервјуто оди живо на вести. Не само што се снаоѓа, туку го предвидува начинот на кој ќе се слуша музика деновиве. Гај Гома, легендата на БиБиСи.

Кој го пушти, тој да си го собере

За повеќето бродови, проблемите завршуваат кога ќе се сместат во пристаниште и им останува само уште да го пуштат сидрото. Не и за овој брод.

Капетаните на Европа

На Холивуд му е лесно да направи блокбастер од лик каков што е Капетан Америка. Но како би изгледала таа филмска франшиза во Европа?

Животот е поза

Некое младо манекенче (се вика Филип Димитриевиќ) успева да направи 25 пози за фотографирање за само 29 секунди. Застанува пред тебе и имаш чувство дека листаш каталог. Ако вака вежба на сец и додека оди во веце, јадна таа бешика.

Брак, најубавата работа што може да му се случи на човек

Целата работа од машка перспектива. На кратко, за тие што не се во брак и не знаат, едноставно треба да се подготват за живот исполнет со благослови, мераци, спокој и се што некогаш замислиле. Просто криво да ти е ако уште не си правел свадба.

Остарени брејкденсери

Стварно, како изгледа брејкденсер кога ќе остари? Тоа е темата на ова видео во кое се најдени учесниците на едно брејкденс шоу одржано во 1986 во тогашниот Советски Сојуз. Денес на свои 40 и 50 години живот. Старките уште мрдаат.

Како да се отвори лименка која била тресена?

Се потепавме од прскање и потурање, а толку било лесно! Прескокнете го делот со бебешките цуцли, одма на 2:10.

Сè е наопаку

Видео снимка од протести. Локација: Словенија. Цел: стопирање на муслиманската миграција. Што сакандираат анти-муслимански протестанти во Словенија? Доналд Трамп! Доналд Трамп!

 

Мајкл Џексон - now!

Онаа епска сцена од "Apocalypse now" не би била ни напола ефектна без музиката на Вагнер. Истото важи и за ова видео.

Местење на коцките

Снимка од едно брзинско редење Рубикова коцка. А видеото од тоа трае цели 2:29 минути?? Ќе мора да ни верувате дека вреди да почекате.

Како да реметиш боди билдер

Некои не го можат тоа од што с(м)е целите укочени и фатени, а некои од што станале преголеми од вежбање. Во обата случаи човек треба да се пази да не му залепат етикета од зад грб.

Како се кампува покрај река

Одамна познатиот изум, овојпат искористен да ги искористи природните сили за добробит на човекот.

Иде цунами

Кога пред неколку години се вртеше она "Иде Дунав', сите го гледавме како чиста заебанција. Денес, да си ебеме матер, не можеме една странска анимација да погледнеме а да не ја поврземе со нашето срање, со години кумулирано и спремно сите да нè поплави. Еве, пробајте вие, можеби сте понормални од нас.

Дебелината те тера на генијалност

Уште да е паметни оние што го направиле фрижидерчето па да сфатат дека подобра реклама за неговата издржливост никогаш нема да смислат....

Другарчиња

Дечково има две другарчиња. Едниот за да му ја покаже финтата, другиот за да го снима кога ќе успее. Којзнае во која вукојебина ова се случува ама смеењето и радоста пари им вредат.