Ентузијазам, неуспех, пад, шокираност, упорност и само упорност, повторно неуспех, помиреност со неуспехот, најискрена радост што целата работа заврши (без жртви). Сакаме да кажеме - девојка прв пат се качува на лизгалки.
Еден единствен звук, непријатен но крајно субверзивен, може да ја уништи сериозноста на религиозните прововеди поефикасно од цела ренесанса оставштина. Чујте како богохулно добро тоа звучи.
Единствената разлика меѓу македонски и политичар од Конго е што на сечење лента наш фрла три лопати земја, а нивен плука три голтки пиво (нема теорија Шилегов да го прифати овој адет). Инаку, важноста на инфраструктурниот објект кој се пушта во употреба, горе-долу иста.
Човекот покажува дека има ненадјебива техника во борба со замислен противник. Таа го остава да се доискаже за на крај да му покаже дека стапот некогаш има само еден крај.
Така работи вистински верник. Пред почетокот на разботната задача, се прекрстува и се помолува Господ да му даде сила. Ако силата не е доволна, ќе се најде некоја цигла.
Од сите работи од кои очекуваш дека ќе се разочараш од својата внука, не си ни сонувала дека тоа ќе биде затоа што нема претстава што е фиксен телефон со кабел, а уште помалку има поим како да го користи.
Размисли колку најдолго твоите те шебале за една работа, па може ќе сфатиш како на крај се чувствува девојчево. Треба да реши една загатка, и на прва многу е веројатно и ти дека ќе ја решиш како нејзе.
Една скината сцена од серијата (продуцентите веројатно процениле дека со хуморот се претера), колку да се потсетиме колку мазно функционираат тие ликови.
Само, за среќа, не се сите толку набилдани како него, па да се малтретираат вака луѓе, во име на некоја 'праведна' кауза по свој избор. Инаку, уште одма би, ич не сумњаме во човештвото.
Деновиве на ТВ случајно налетавме на точка на македонски стенд-ап комичар. Една од 'финтите' беше дека е полесно да си глумица отколку глумец. Ок, зошто ? Кога глумица ќе му мрднелa со газот на режисер, ќе заврши работа, ако глумец го направел тоа, ќе испадне педер. Оф. Затоа, малку од малку, да залечиме рани.
Во „Сенки“ на Манчевски има една сцена во која жената од купатило му довикнува на сопругот во спална да изгаси светло, за да не ја види без шминка. Ние досега мислевме дека е тоа уметничко претерување.
Како едно големо тркалезно колаче да помине низ помал квадрат иселчен во хартијата. Чичкото е фин па објаснува, во спротивно ќе зјаевме ко телиња па ќе заборавевме на тоа.
Во својот „Street View“ Гугл документираше единаесет паркови на Дизниленд и секој може да си одбере своја виртуелна тура низ тематските паркови и атракциите. Земајте тоа децата и покажете им дека интернет не се само Јутјубери.
Нашиот се фати за Оди ѕвездо на Наум Петрески, овој за Енџелс на Роби Вилијамс. Само што нивниот си дозволи прилично слободна реинтерпетација на текстот. Којзнае како би звучела нашата со вакa порноизиран текст?
Мечево си спомнува дека неговата учителка му викала дека со такво однесување нема да стигне далеку и дека најверојатно ќе заврши како градежен работник. Хехе.
Главно е точно дека упорноста се исплати. Освен во некои случаи како што е овој: кога пробуваш да облечеш долна тренерка на погрешната половина од телото.
Дали твојата поубава половина сака да биде витка, стегната и секогаш во форма? Патем, дали таа сака сè да е чисто и педантно? Тестирајте ја нејзината искреност со овој подарок.
Кога на нормален возрасен човек ќе му донесат на муабет куп симпатични дечиња, тоа секогаш е забавно. Кога такви ќе му ги донесат на човек кој е терсене, кавгаџија и намќор како Лиам, резултатот е уште позабавен. Многу јасно им објасни на клинците како се станува рок ѕвезда и не пропушти да го закуца Ноел, братот со кого нејќат да се видат.