Забава

Попустот го претвора човекот во магаре

Авто-пазар во Денвер понуди ваква распродажба: за 59,99 долари можеш да земеш сè што сам можеш да понесеш.

За рамен стомак потребно ви е јаже

Не, не за да се обесите. Затоа што знаете да мамите со последното копче од панталоните, ќе си се врзете со сиџимка и ќе си терате.

Тркало во аптека

Неочекуван прекин на мирен деловен состанок во една турска аптека. Којзнае дали зборувале за „висок притисок“„колената ме вртат“ или „ѕиваната не ми држи како порано“.

Истерувачи на Спирсови

Доколку синот се навлекол на трикотажна поп музика, на мајката ѝ остануваат ограничен број (радикални) опции.

Излезете во светот и заебете прекрасно

Ексцентричниот режисер има книга со совети, слична на оние што се подаруваат за родендени и денови на вљубените. Само што неговата се вика „Правете проблеми“. Вотерс е прилично квалификуван на оваа тема за да ги потсети младите дека овој сјебан свет е нивна одговорност. Но, тоа не значи да им тераат инает на родителите. Тоа е прелесно. Тоа значи да одберат некој постар и покул од школо и него да го пореметат.

Примете го, побогу!

Па и да не знае колку што знае, овој се прима на работа! Макар само за да ти зборува како Апу од Симпсонови и да ти мрда со тоа главата како оние кученцата во кола што се ставаат. А вешт е, иако првпат е на Спајк.

Дебатата е од рајот излезена

Сочна колекција од скандали на дебатни емисии кај Арапиве. Фаќања за гуша, кршење сценографија, мавање со чаши и слични полемични потези. Интересно е што исто како на нашиве, и на нивните сељачишта една од најкористените фрази им е „ќе го избришам подот со тебе“. А имаат и трол која ја ремети нивната Алачки. 

Казна за фрлена цигара

Кај нас е 50 евра па се расправаш со цајканот и сл. А може и вака, без расправии а извршител на казната да биде насобраниот метан во канализацијата.

Да те немаше ќе требаше да те измислиме

Не е еден човек, се знаат кои се, самите ќе се препознаат, а и вие ќе ги препознаете. И за тоа што го прават, човештвото треба да им е вечно благодарно.

Вежбајте го ова

Како да звучиш попаметно без да треба да си стварно попаметен? Едноставниот совет гласи: престанете да ги упоребувате зборовите или звуците кои обично ги користите за пополнување на реченицата. Пер, гарант е така, дефинитивно, мада, хмм..

Кога тоа ви остареа желбите?

Собираат 50 луѓе и им поставуваат прашање: Ако можеш да смениш само една работа на своето тело, што би било тоа? Старите очекувано: кој уши, кој нозе, лузни, чело.... Ама, потоа на ред доаѓаат малите. А тие се: кога веќе прашувате.....

Маршот во брегзит

Прво освести се каде си, второ освести се дека не може да ја напуштиш Европа, туку само ЕУ, трето освести се дека не си заминуваш од рајот на Земјата, четврто не е страшно што си одиме од ЕУ, страшно е кој нè води, петто и последно - не марширај против резултат, ако си гласал на референдум тоа подразбира дека се волен да ги прифатиш резултатите од него. Џонатан Пај за почетокот на брегзит и непомирливоста со истиот.

Кој ќе проба со Каменица?

Новинар на Вашингтон пост пред две години прогласи едно место во Минесота за апсолутно најлошото место за живеење во цела Америка. Освен хејтање од локалците, добил и покана да дојде и да му даде втора шанса на местото. Денес живее таму. 

Луи Ц.К: нема подобро од дремење

Нема, ни секс не е подобар од дремење. А кога сме кај сексот, Луи мисли дека човештвото може слободно да престане да снима порно, затоа што го има во изобилие и доволно е.

Сам себе го урочил

Ние не смее да правиме грешки, рече Трамп. Пред да направи грешка.

Нејзината прва средба со робот

Маливе на сè ќе се навикант, со вас старките е проблем. Се нешто некој не е од ваша :)

Не ми го кажуј Волверин, ми има предавано

Хју Џекман има предавано физичко во школо. Некои од неговите ученици станале успешни, исполнети и среќни луѓе, некои станале новинари.

Како изгледа кога Путин ќе го смени планот?

Обезбедување на готовс, вратата од блиндираниот автомобил веќе е отворена. Но, во последен момент пред да влезе во колата, на Путин му текнува дека му сака душата друго (спојлер: му се јаде благце!) и на сите им прави дриблинг. Паника, хаос, лудило, цар....

Врски, рекапитулација

Се што сакаме е да сте тука, ама да ве нема. Отприлика како фиксен телефон во денешно време.

Руски поглед на жените

Ви дискотека прашуваат руски дечко што му е најважно кај жените. Тој има два одговора.

Како е да си конзервативец во Холивуд

Тим Ален го спореди тоа со животот во нацистичка Германија. „Не знам како се случи тоа ама е како во Германија во 30-тите години. Ако не си дел од групата, ако не веруваш во она што тие веруваат - проблем. А јас сум комичар, сакам да ги закачам двете страни“.

Малиот ми има апетит

Не сме виделе помала уста а поголем апетит. Кај и да е, ќе му се затвори тоа устето од образите. Само не му чини тоа што седи до вентилатор. Ма пресладок!

Скајпот е супер, освен кога не е

Тој се средил во сериозно одело и вратоврска, ќе дава интервју на Скајп. Дечињата друго гледаат. Им е гајле за БиБиСи кога тато е во соба.

Дали се Рибок или Најк?

Слушател се јавува во емисија во која исполнуваат музички желби. Тоа е сè што засега треба да знаете. Остатокот мора да го слушнете сами, инаку НЕ-МА ДА НИ ВЕ-РУ-ВА-ТЕ!