Забава

Том Веитс по емисии

Компилација од блиц поенти на Том Веитс на разни ток шоуа, главно како 'млад и надежен', кога од него се очекувало да каже нешто „луцидно“ (па од што му е незгодно, се препичува ко секој копиљ). Откако ни остави тон добра музика, денес не мора да каже ништо. Тоа е победата.

Хоророт на модерните двојки

Девојката запознава дечко за кој наивно ќе поверува дека е идеалниот партнер за неа. Но, набргу открива нешто страшно за него. Дечкото не е манијак или психопат. Ова е уште пострашно.

Како изгледаат многу емоции за филм кој не бил виден?

Многу помпа се крена околу тој филм па јасно е зошто емоциите се толку засилени.

Американската "слобода" погледната од надвор

Како што објаснува Џим Џефрис: "Во Амстердам можеш да пушиш марихауна додека имаш секс со проститука пред полицацец... и стварно мислите дека сте во конкуренција со Холандија?" Објаснува и друго.

Очи полни пораз

Да не звучи како предизвик, ама може нема нешто поглупо што може да ти се случи како на помал брат. Што е толку глупо? Малиот голтнал свирче, големиов го малтретира со телефонот.

Госпоѓата што знае да дипли

Сè се ова мали генијалности. И сè е јасно како се прави. И ништо од тоа никогаш нема да прифатите. Ќе си диплите како што ве научила мама.

Дечкото со ехото

Си открил за што е талентиран и го навежбал тоа до перфекција. Само, како се трпи самиот себе?

Мотивационо видео на денот

Клипот ги содржи сите елементи што го сочинуваат животот: желба, препреки, борба, чувство на заглавеност, решеност, очај, безизлез, истрајност... И не сме сигурни дали ваквиот крај е хепиенд.

Американска рецензија на Европа

Американец бил во туристичка посета на Европа и направил монтажа со своите најсуштински реакции на она што го видел.

Чекајќи го Возо

Луѓево чекале 90 минути за да го видат легендарниот „Летечкиот Холанѓанин“, британскиот воз на парен погон кој сообраќал меѓу 1849 и 1892 година. И ене го, легендарен, бавен таман за да го видиш убаво...

Вејтс на тронови

Уште еден фин момент од паузите на снимањето на Игра на тронови. Пар познати ликови од серијата фаќаат една од раните песни на Том Вејтс, I Hope I Don't Fall In Love With You. Па преубаво.

Една е мајка, а сандали се две

Најстарата родителска финта на светот сè уште функционира беспрекорно.

Џери Луис кај Дејвид Летерман (1982 и 1984)

Видеото е поставено како виц: Влегува Џери Луис кај Летерман... и го фрлаш цело сценарио, седиш и гледаш што ќе им дојде.

Кoга ти е досадно на Game of Thrones

Клегejн и Тормунд како потврда на изреката “Душата е шатка, сака и да плива и да лета“. Во нивниов случај, не можеш нон-стоп да си страв и трепет, да јаваш коњи врани и да сечеш глави наоколу. Ајде јунаци, песна!

Хроника на една (не)најавена војна

Само сменете Америка и Канада со Србија и Македонија и многу работи во ова видео ќе добијат смисла.

Што не се кажува на жена во бурка

Неколку отракани жени во бурки се зезаат со стереотипите за нивниот изглед со кои секојдневно се среќаваат. На пример кога некој ќе ги праша: „А што тоа криеш?“, а неа ѝ доаѓа да одговори: „Експлозив“.

Кога пијаниот ќе си најде банкомат

Едно фино ниво на пијанство е, да речеме, кога нема да влезеш на утакмица на Сан Сиро пошто ти увалиле фалц карта, па се олешиш заради тоа па таков размонтиран влезеш во миланско такси и на шоферот му кажеш: „Вози до Драмски“. Ова нема везе со тоа, ама за слични промили се работи.

Сè додека тушот не ве раздели

Сопругата на комичарот Том Сегура, во програма му објаснува на нејзиното животно од маж кога нивните, некогаш романтични заеднички туширања, станале неподносливи за неа. Џабе ќе фаќате страна, треба да ви е јасно дека машкото и женското се две непомирливи „школи“ на туширање.

Берлинскиот ѕид и македонскиот туризам

Американска двојка со години поседува автентично парче од Берлинскиот ѕид и цело време ги чеша колкаво богатство можат да заработат од ова парче историја. Одат кај човек кој откупува историски сувенири и брзо им паѓа камен од срце. Ама им паѓа на нога. Типот им вика дека такви работи како нивното, на интернет се продаваат за 3-4 долари. Не дека замлати како овие нема и кај нас.

Малиот кој го скина Брус Ли

Не само фаците туку и сите потези со нончаки од легендарната сцена од филмот Game of Death (во оригинал, ко што сме го гледале во кино: Игра смрти). Ако малиот го кине Брус на оваа возраст, кога ќе порасне, што?

Баба била злојасна

84 годишен дедо во шопинг мол храбро запира крадец (пушта нога и го сопнува). И веднаш потоа и подоцна во болница, најголем проблем на дедото е - бабата. Пазете колку малку ѝ треба за да му се развика (да погаѓаме: дека е себичен, дека не мисли на неа, дека што ќе прави она сама со реумата, дека една пензија не стигнува...)

憑啥我平

Насловот кој го гледате е она што во себе си го викаат луѓето кои ќе ги видите.

Трка во која треба да завршиш петти

Десетмина се на стартот, трчаат на 100 метри за две екипи, секој е на својата патека. И сè е нормално, освен што овде победува оној кој трката ќе ја заврши на петтото место. Како тоа функционира? Маалски тагови: на сец, цапање.

Права домаќинка

Краток клип кој може да послужи како попис за трите елементи кои треба да ги поседува секоја жена за да ја заслужи таа титула. Количка за пазарување, возење во јавен превоз и водење сметка во секој момент да се изгледа средено. И не се вадете, ако немате количка, можете да имате барем брич.