Забава

Кога нема разбирање

За тие што заборавиле како изгледа расправа на студенски прашања пред јунска сесија, ако им дојдеш на теткиците надвор од "приемниот термин."

Јелена Крекетуша, за малку!

Клип со кој би можеле да се мачат затвореници во Гвантанамо. Иако почнува да се гуши, цивка и запомага, немаме баш добри вести за вас. Сте гледале Звезде Гранда, па и сами знаете дека таа ќе преживее. За вас не сме сигурни.

Фасцинантен е, тотално

Будалата некој ден ќе нè дигне сите во воздух ама барем нема да можеме да се вадиме дека не ни било јасно. Пазете го овде, на новинари им вика дека добил писмо од Ким Јонг Ун, кое било “фино“ и „интересно“ писмо. Осум минути подоцна, им признава дека уште го нема отворено.

Одличен совет од кинеската полиција

Лекција: Како да реагирате ако некој ве нападне со нож.

Ужасот што никој не заслужува да го доживее

Без разлика кој/а си и што имаш направено во животот, сепак од новите луѓе во твојот живот треба да очекуваш да покажат минимално човеково достоинство и да имаат Фејсбук или барем Инстаграм, или нешто од нешто на интернет. Дилемата е, ако нема ништо од ова како воопшто можеш да му веруваш на таков човек дека постои.

Доста беше заебавање

Сладоледџија зафркава мало дебелко дете со оние финти, те ќе му го земе корнетот, те ќе му го врати. ама празен. И малиов гледа, гледа, трпи, трпи, и едно време си вика: Јас од овде гладен не си одам!

Свадба за сеир од бајките

Дај да видиме како освртот на кралската свадба беше направен без да се спомне расизам и слични сегменти, и наместо тоа да се вози на чистокрвно британско нетрпение кон кралското семејство.

Што сè нема да дознае човек

Имаше еден виц за цреп дрвосеча кој сфатил дека е послаб од колегите само затоа што за разлика од него, овие ја палеле пилата. Ама овој е екстра цреп. Дури и кога му ја запалија машинката, продолжи да мава.

Не ги убивајте добрите идеи

„Кога би било коцкасто и кога не би се тркалало...“ Отприлика во истите рамки и денес се движат сите обиди за воведување на нешто ново. Милион забелешки и уште толку мрчатори.

Децава стварно не знаат да гледаат на аналоген саат

Џими Кимел решава на улица да ја тестира веста од пред некој ден дека децата не знаат да гледаат на часовник со стрелки затоа што сè околу нив е со дигитални часовници, па не им ни дошло да се потрудат да ја совладаат логиката околу стрелките.

Тивкиот инфаркт на Сајлент Боб

Исповед на Кевин Смит кај Колбер за тоа како доживеал срцев удар. Со најмашка реакција на свет: преживуваш масивен инфаркт, те носат во болница а таму те фаќа срам и едно незгодно што треба да се соблечеш пред непознати луѓе.

Деконструиран ТЕД

Мета-предавање за сите оние предавања кога човек  оддава впечаток дека господари со темата, тотално знае што зборува, па ќе пушти слајд, па ќе направи мала шала.... Дечково ептен, ама ептен добро, ги скинал сите цаки (сосе пиењето вода и погледнување во часовник) на таквите мотивациони говоранции. Многу корисно и пресмешно.

Паниката наречена 4-то дете

Сè тоа со бременост и дете и слично е убаво, само веројатно убавото се намалува кога жена ти по 4-ти пат ќе ти остави во кујна позитивен тест за бременост. И тоа не само што се намалува, туку се претвора во комплетна паника и избезуменост, а помош ти нема. Има блицови надеж, ама ништо повеќе од тоа.

Не застанувај меѓу маж и неговата кременадла

Дечкото решил да испече кременадла и тоа да го пренесува во живо на интернет. И почнуваат да му мрчат: ја препекол, ја исушил.... А тој гори побрзо од кременадлата.

Смешната страна на Битлси

Малку промена од оние наши пејачки работници кои досега имаат песни комада еден, на утринска емисија ја навуваат песната број два а за соработниците со кои ја правеле, мртви-озбилни викаат: „Екипата која победува не се менува!“ И уште ќе речат дека не сакаат да откриваат сè, колку сите нас да нè убие огромна неизвесност. Ете, Битлси беа малку поинакви: отворени, луцидни, забавни, заебантски расположени и авто-иронични. Ама што знаеле тие...  

Синхронизација на денот

Тотални генијалци се овие од Bad Lip Reading. Тотални. Го имаат исчашено испрашувањето на Закерберг толку добро, да ти е криво што светов не е таков каков што може да биде.

Девојка на погрешен шанк

Веќе оштетена од алкохол, цурава решава дека на неа и другарките им треба уште по една тура. Па нарачува четири самбуки (италијанска мастика/узо). Статива.

Како се познаваат свои луѓе

Многу луѓе од многу земји откриваат како препознаваат нивен сонародник во интернационални друштва. Спојлер: нас нè нема. Штета, а баш не занимаше што би можело да биде.

Утоп црвено

Кинези тестираат систем кој треба да ги научи пешаците да поминуваат на семафор. Штом некој тргне на црвено, го шприца со вода. Хмм. Кај нас одма ќе извадат муабет дека тие ступчињата пуштаат кемтреилс.

Салто назад од седење

Дечкото даде сè од себе да ни објасни како тоа се прави. А ние дадовме сè од себе да го разбереме. И ете нè, него и нас, после видеото, пак секој по својот пат.

Кевин Харт удри на вежбање со другари

Видеата направени се исклучиво за Јутјуб каналот на Харт, и правени се со цела сила на серија со која би се гордеела која било водечка американска телевизија.

Забава за цело племе

Пар стари Абориџини ја откриваат бојата за коса и решаваат да се направат плавуши. Ништо нема да разберете, освен дека тоа се луѓе кои знаат да се зезаат и да се радуваат. Камо среќа ние да бевме такви.

Премногу емоции во едно видео

Ентузијазам, неуспех, пад, шокираност, упорност и само упорност, повторно неуспех, помиреност со неуспехот, најискрена радост што целата работа заврши (без жртви). Сакаме да кажеме - девојка прв пат се качува на лизгалки.

Звукот на не-тишината

Еден единствен звук, непријатен но крајно субверзивен, може да ја уништи сериозноста на религиозните прововеди поефикасно од цела ренесанса оставштина. Чујте како богохулно добро тоа звучи.