Забава

Für Elise, арапска верзија

Почекајте на ред да дојде тарабуката и другите инструменти па ќе ви стане јасно дека ако Бетовен вака го свиреше овој свој сентиш во а-мол, веројатно пак ќе си умреше глув ама бар со пари на чело.

Другпат нема да прашува

Во желба да биде интерактивен со публиката за своите штосови околу заебаните семејства, стендап комичар инсистира една девојка да му каже што па толку не чини во нејзината фамилија, сигурен дека што и да е тоа, ќе успее да го сврти на мајтап. А не.

Мајнкрафт убер алес

Божиќ. време за отворање на подароците на кои најмногу им се радуваат децата. Малиот посакал да ја добие играта Мајнкрафт. На еден од постарите му се слушнало поинаку.

Кафански магии

Ако некој не му го пушти видеото, оди па овој убеди го дека магија не постои. Со една единствена финта му сокрија салфетки, чаши, телефон, патика.... И после му ги вратија. А нему на секоја фаза му е сè позабавно. 

Сечено, лепено и премонтирано

Елф (2003 година) со Вил Ферел е симпатично семејно филмче и комедија која може комотно да им се пушта на деца. Но, видете ги истите сцени од тој филм, сега премонтирани како најава за морничав филмски трилер. Заебано. 

Новогодишно возбуден ТикТок

Ако ви требаше причина за новогодишно шлапање на блиските (и далечните), тогаш ова е тоа. Како што ќе видите шлапањето има многу подобар ефект кога е снимено.

Ретко добра скриена камера

Во целата машинерија за константно штанцање на нови и нови видео содржини, Џими Кимел се враќа на еден стандардно досаден и неинвентивен видео жанр (скриена камера, или по ново, пранкови), и некако му успева тоа да излезе врвно.

Се најде шамар и за Василиј

Василиј е онаа голема руска мечка која шамара луѓе и понекогаш лубеници, при што првите ги враќаше во детство, а на вторите им менуваше агрегатна состојба. Е, па, имало и за него мерка. 

Вака е на Запад? Купено!

Петминутно потсетување на некогаш фамознoто италијанско шоу Non è la RAI (1991-1995), шоу кое масовно ја прекрстуваше социјалистичката младина во апостолски подмладок на капитализмот и кое на овие простори произведе повеќе прозападни фаци од од сите проекти на усаиди и воиси на америка. Тие што тогаш поверуваа дека „азното само ќе си дојде“, ене ги денес, кмишат по кладилници.

Се кладиме дека Ајфон не е за отворање пиво?

Ако си решен да пробаш, направи си услуга сам на себе и прво изгледај го клипов со еден твој истомисленик.

Во јапонскиот парламент се пробуваа шлемови за земјотрес

Јапонските парламентарции натнаа расклопувачки пластични шлемови на глава, како дел од редовна вежба за однесување за време на земјотрес. Ваков СВОЗ (сите во одбрана и заштита) нивниот парламент уведе во 2017 година. Ова со шлемовиве изгледа нестварно цепки. Кај нас во парламент има пар такви главоњи, ќе треба од оние новине контејнери на Шилегов да стават на глава, ако веќе мора и тоа да се спасува.

Алтернативниот крај на Аполо 11

30 години по слетувањето на Аполо 11 на Месечината, беше обелоденето дека Никсон имал и бекап говор, во случај работите да тргнат на лошо, мисијата да пропадне а луѓето да загинат. Уште 20 години подоцна, тој алтернативен говор  на претседателот, напишан од Вилијам Сафир, го оживува никој друг туку лично Никсон. Се рабира, со дипфејк технологија.

На прав пат

Едно евергрин видео, пошто доаѓаат нови генерации кои можеби не знаат дека не мора да се дува, дека цајкан може и да те тера да одиш по права линија за да утврди дали си пиел. И колку.

Некому овци, некому славеи

На партиски митинзи сме виделе колку публиката знае да биде послушна а оној на сцената да им биде апсолутен господар на нивните реакции и чувства. Па се смеат на глупости на лидерот, егзалтирани се кога е прост, одушевени кога фрла отров. Некому да му текнеше од таа послушнпст да извади нешто добро?  Можеби финтата е во тоа да не ги третираш како стадо овци туку како хор славеи. 

Подобро две мали отколку една голема

Корисн потсетување зошто пиците ги прават тркалезни. Кога се четвртести, може да избие опасна кавга кој колку ќоша земал.

Студио?

Конверзација меѓу репортер на терен и водител во студио каква ретко се гледа. Имаат работено еден со друг, едниов некогаш му бил шеф на другиот, ама веќе не е и...се закачија.

Двајцата во него

Кога се мислиш спремен како Џон Статам пред филмска сцена, а уствари си убиен како Чарли Шин после една од оние негови журки со Џорџа Џонс и Капри Андерсон.

Како се познава политичар во добра форма

Евелин Матеи е искусна политичарка. Денес е градоначалничка на Провиденсија во Чиле а претходно била министерка за труд и социјална политика како и кандидатка на претседателските избори во земјата. Со тоа искуство во себе, точно знае што ѝ е најпаметно да направи кога ќе ја навасаат новинари. Патем, Евелин Матеи има 65 години.

Кардио вежба, како подмачкана

Можете да нарачате и купите подвижна патека за одење/трчање по дома, ама се скапи. Можете да одите во теретана па таму да шпартете во место, ама па се нема време. Ако имате зејтин и плочки, не очајувајте.

Мајко моја, го имаме новиот „Кен ли“

Правиме споредба со некогашнииот вирален хит „Кен ли“ затоа што ова е толку појако испеано, што не може ни наслов да извадиш од песната. Макар секоја ноќ ги сонувале оние хорор веѓи или оној ауто-лак на устата, кој не ја научи напамет песнава, вака по ново, еве на!

Тато го расте пешкирот

За да го разбуди сопругот, жена му му тутнала некое врзопче ткаенина за кој овој  - а му се спие, му се рика - мисли дека е нивното новороденче. Посветено го думка и го покрива, веројатно среќен што му нема заплачено. 

И сега, што да облечам?

Ако сте женет, постои веројатност дека сте ја чуле како ви го поставува тоа епско прашање. Бидејќи нема што да облече, ништо ново не си купила сто години, сите пари за дома и за децата ѝ одат. Чисто за да не останете без одговор.

Вреди ли вода од 100.000 долари?

2 Чеинз и Дипло сакаат вода како повеќето од нас: бесплатна и од чешма. Но, им се нуди искуство да ја пробаат најскапата флаширана вода на светот која се продава за 100.000 долари. Па, вреди ли? Нормално, не вреди.

Баба на денот

Е не, ќе кмиши дома за да види дали некој од децата или внуците ќе се сети на неа, или пак дали овојпат ќе ја вклучат во утринска емисија за да каже нешто важно.