Фановите на еден градски хокеарски клуб во Ајдахо решија да ги тужат менаџерите на спортската сала во која се играат натпреварите. Тема на тужбата е пивото што го купуваат таму. Доказ им видеото кое ќе го видите. Имајте го на ум кога одите по концерти и други дешавки каде што се точи во пластични чаши.
До сега меракот беше еден од главните фактори кога објавувавме некои од Олимпијките (по основа на успех објавуваат во Офсајд). Овој пат, главен фактор е - чист и длабок страв.
Уметничкото лизгање ни е на опашката на нашите олимписки интереси ама во тој спорт имаше една црнкиња со јаки нозе која што ја заслужува сета почит заради одважноста на авторитетите да им плесне шамар.
Одлично анимирано и просто објаснето сè што ви треба за да се разберат правилата на американскиот фудбал. Зошто е тоа најамерикански спорт? Затоа што се работи за одземање земја. Со употреба на сила.
Човекот што го направил видеово (IP14) веројатно исто како и остатокот од фановите утрово со неверување ја дозна информацијата дека Перо (по амерички Пероу) го имаше својот прв дабл-дабл во НБА. И ова само еден натпревар откако го постигна својот рекорд во НБА од 17 коша и тоа против актуелниот шампион, Мајами Хит. Еве го Антиќ во НБА.
Почнува со "Добродојдовте фанови на Робот рагби лигата," и го продолжува коментарот во ист стил како што Рик Соломон од Третиот камен од сонцето се чудеше на животот на Земјата.
Најлошо е да немаш со кого да свртиш баскет во маало или во двор. Ама тогаш можеш сам да пуцаш на кош и да се вежбаш. Што е најлошо кога сам пуцаш на кош? Што после секој кош одиш по баскетот. Не цвикајте, еве решение.
Трети ноември е резервиран за најмасовниот градски маратон во светот. Првата трка пред 43 години ја завршиле само 55-мина. Сега се очекува целта да ја минат 47.000 луѓе. Најстариот од нив има 93 години. Почнал со маратон на 46 години, кога ги оставил цигарите. Ќар за градот - многу.
Значи, за сите жени во нашиве животи со кои се изнамачивме да им објасниме што е офсајд додека они тврдат дека е НЕМОЖНО женско да сфати што е финтата. Е, како она може???
Едно скопско дете растено на баскет терените низ Тафталиџе (Коменски, Братство, Карев...). Од кошарка најмногу научил да дава кошеви, не регуларно, туку во сите можни Глобтротерс манири. Сериозно, не претеруваме.
Она што го видовте на финалето со Ѓоковиќ и Надал не е ништо во однос на страста, посветеноста и надчовечката енергија која ја вложува оваа неуморна тенисерка. И плус не се дере како Шарапова.
Ако не знаeш како син ти да се чувстува како Бог, еве ти еден предлог. Браво за копиљот, браво за татко му, браво за цела трибина навивачи на ПСВ Ајндховен. Браво.
Повторената снимка е најдрагоцената алатка на спортските преноси. Тоа е она кога сите ние дури по петиот риплеј сфаќаме дали топката влегла или не во гол, по што му се мајке наебуваме на покварениот судија што не видел од прва. Алатката станува Матрикс.
Двајца бели дечки (кои според авторот на клипот се мормони мисионери) некако завршуваат во гето и некако успеваат да натераат двајца локални црнци да играат баскет со нив 2 на 2. Може и има Господ.
1) Вака изгледа лудо паркур движење преку најненормални пречки видено низ очите/кацигата на оној што се движи. 2) Исто вака изгледа движење по најнормална патека (улица, тротоар, скали) на човек ко се враќа дома со доволно пиво во себе.
1973-та година. Тенисерот Боб Ригс ја прекинува својата пензија за да одигра еден меч со тенисерката Били Џин Кинг за да докаже дека мажите секогаш остануваат подобри тенисери од женските. Губи.
Една од главните техники за дигање тегови се состои од две фази: 1) подигнување на тегот од земја до рамениците. 2) подигнување на тегот од рамениците на раце. Меѓу двете фази стои една анатомска препрека позната под поимот вилица.
Како што низ светот има кружни трки со мотори, така Ирците организираат трки со мотори по отворени, тесни и мокри патишта. Сосема легално, сосема лудо.
Ван Перси и уште двајца (не знаеме до толку) им кршат кичма на деца со маалски дриблања. Техникалија: овој "спортски" клип е лоциран овде само за да им покажеме на дечките од Офсајд дека можеме да бидеме побрзи од нив (додуша, по десетици неуспешни обиди). До Јумбо: стандардно, 100 пива и 200 кебапи, фала лепо. Редакцијата.
Средношколски натпревар во скок во височина (без стап) во Кенија. Да речеме дека повисокиот од двајцата што стојат од страна е висок 170 сантиметри. И сега гледајте.
Прастаро е ова видео ама го репостираме заради правилен развој на новите генерации кои треба да видат дека фудбалот не мора да биде само тажен како кога игра македонската репрезентација туку и ултрасмешен, кога го играат Јапонци со монтирани двогледи на глава. Монтирани обратно, кога работите изгледаат пинцурски.
Една од најголемите мистерии на светот (да повториме, покрај фамозната: за што е талентиран Мирко Попов?) е онаа, зошто ритмичката гимнастика е олимписки спорт кога се работи за спортска акробација. Но, дека девојката е нинџа за топка - е. Не ни сакате да помислите да ѝ кажете нешто сељачко на тема: земи ги и поиграј се.
И покрај неговите најдобри намери (веројатно не е дека му се руга на секој можен човек на планетава), ова е едно видео кое никако нема да ви помогне да го постигнете она што тој го прави.